Весна Јаневска
Весна Јаневска (р. 27 Јуни 1958 година во Скопје) — македонски патолог и поранешен пратеник во Собранието на Македонија. Таа е моментално Министер за образование и наука од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.[1]
Весна Јаневска | |
---|---|
Министерка за образование и наука на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 23 јуни 2024 | |
Претседател | Гордана Силјановска-Давкова |
Премиер | Христијан Мицкоски |
Претходник | Јетон Шаќири |
Лични податоци | |
Роден(а) | Весна Јаневска 27 јуни 1958 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Народност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Други припадности | ВМРО-НП |
Занимање | патолог |
Вероисповед | Православие |
Животопис
уредиСвој придонес во областа на медицината и патологијата остварила со следниве истражувачки проекти: „Скрининг, дијагноза и постсмртно испитување на вродени дисплазии на скелетот“; „Создавање на постоперативен дијагностички и терапевски протокол кај тумори на плунковните жлезди со користење на хистопатолошки и радиолошки критериуми“; „Евалуација на ефектите од хемотерапијата кај остеосаркомите“; „Имунофенотипски и генетски профил на тумори на простата, колоректум, скелет и хронични миелопролиферативни заболувања“.
Член е на Лекарската комора на Македонија, Конзилиум за Саркома при Медицинскиот факултет, Македонското патолошко друштво, Европското патолошко друштво, Македонското друштво за морфолошки науки и Македонското здружение на лекари.
На 23ти Јуни 2024 г. таа стана новата министерка за образование и наука во Кабинетот на Христијан Мицкоски.[2]
Наводи
уреди- ↑ „ЈАНЕВСКА ВЕСНА“. www.sobranie.mk (англиски). Посетено на 2020-10-06.
- ↑ „Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Јетон Шаќири“. Министерство за образование и наука (англиски). Посетено на 2024-07-03.[мртва врска]