Раул Кастро
Раул Модесто Кастро Руз (шпански: Raúl Modesto Castro Ruz; 3 јуни 1931), бил претседател на Државниот совет и Советот на министери на Република Куба односно шеф на државата и шеф на владата. Помладиот брат на Фидел Кастро бил првиот секретар на Централниот Комитет на Комунистичката партија на Куба. Раул има четири деца
На 31 јули 2006 година ја презел должноста на Претседател на Државниот Совет. Тоа бил дел од трансферот на власта помеѓу него и Фидел Кастро, кое следувало поради болеста на неговиот постар брат. Според 94 член на Уставот на Куба , првиот Заменик-Претседателот на Советот на Државата ги презема претседателските овластувања, во случај на смрт или болест на претседателот.
Фидел Кастро на 18 февруари 2008 година најавил дека веќе нема да ги врши претседателски должности.[1][2] На 23 февруари 2008 година Кубанскиот Парламент едногласно избрал Раул Кастро за нов претседател на Куба и командант на нејзините вооружени сили.
Неговата сопруга била Вилма Еспин.
Поврзано
уреди- ↑ „Fidel Castro announces retirement“. BBC News. 18 февруари 2008. Посетено на 18 февруари 2008.
- ↑ „Fidel Castro will step down after 50 years at Cuba's helm“. miamiherald.com. 19 февруари 2008. Посетено на 19 февруари 2008.