Кристофер Роберт Хил (англ. Christopher Robert Hill) р. 1952, е дипломат на САД кој во моментов работи како Помошник државен секретар за источно-Азиски и Тихоокеански работи во владата на САД.

Кристофер Хил, 2006.

Хил завршил економски факултет во 1974, потоа бил доброволец на мировните трупи во Камерун од 1974 до 1976. Се здобил и со магирстерска титула од Поморскиот воен колеџ во 1994. Хил зборува полски, српско-хрватски, македонски и албански.[1]

Неговата дипломатска кариера започнала во 1995 кога соработувал со Ричард Холбрук како негов заменик во Дејтонските мировни преговори. Холбрук го опишал како „брилијантен, неустрашлив и разложен“ и рекол дека е истовремено „многу смирен и многу страстен што му обезбедува одлични преговарачки способности“.[2]

Хил бил назначен за амбасадор на САД во Република Македонија од претседателот Бил Клинтон од 1996-1999. Од 1998-1999 бил и Специјален пратеник на САД за Косово. Од 2000-2004 бил амбасадор на САД во Полска, а од 2004-2005 амбасадор на САД во Република Кореја. Во 2006 претседателот Џорџ В. Буш го номинирал Хил за службеник од кариера, втор највисок ранг на признание за елитните дипломати на САД.

Во 2005 Кристофер Хил бил именуван за Водач на делегацијата на САД на шест-партитните преговори (помеѓу САД, Русија, Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Северна Кореја) за разрешување на Северно-корејската јадрена криза.

Приватен живот

уреди

Хил е оженет и има три деца.[3]

Наводи

уреди
  1. „US Department of State. "Biography of Christopher R. Hill, Assistant Secretary, Bureau of East Asian and Pacific Affairs“. Архивирано од изворникот 2005-04-14. Посетено на 2005-04-14.
  2. Washington Post. "Longtime Statesman Puts Best Face Forward for U.S." by Glenn Kessler. 21 септември, 2005.
  3. „Embassy of the United States, Seoul, Korea "Ambassador Christopher R. Hill To Be Sworn in as Assistant Secretary of State for East Asian and Pacific Affairs.". Архивирано од изворникот на 2006-09-22. Посетено на 2008-03-22.