Македонија во 2019 година
Ова е список на настаните во Македонија кои се случиле во 2019 година.
| |||||
Децении: | |||||
---|---|---|---|---|---|
Поврзано: | Други настани во 2019 г. Времеслед на македонската историја |
Државно водство
уреди- Претседател
- Ѓорге Иванов (до 12 мај)
- Стево Пендаровски (од 12 мај)
- Премиер
- Претседател на Собранието
Настани
уредиЈануари
уреди- 2 јануари - Претседателските избори ќе се распишат на 3 февруари.
- 2 јануари - Прогласена епидемија на мали сипаници во Скопје.
- 3 јануари - Продолжен притворот за ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски.
- 7 јануари - Православните христијани го празнуваат Христовото раѓање – Божиќ.
- 8 јануари - Интензивни врнежи од снег во Македонија со температури до -18 степени.
- 9 јануари - Преговори на СДСМ со БЕСА и Алијансата на Албанците околу измените на Уставот.
- 11 јануари - Изгласани уставните амандмани со 81 глас „За“, според кои името на државата ќе се преименува во Република Северна Македонија. За уставните измени гласаа владејачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, поранешните 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на БЕСА и Алијансата на Албанците. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, по изгласувањето на амандманите повика на предвремени избори. Честитки за Македонија упатија Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, грчкиот премиер Алексис Ципрас.
- 11 јануари - Откриени нови вакцини со декларација со погрешен рок [1].
- 11 јануари - Судот го одобри обвинението за случајот „Талир“ за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ каде обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска.
- 14 јануари - Објавен Законот за јазици во службен весник според кој покрај македонскиот во институциите службен јазик станува и албанскиот јазик. Истиот го потпиша Претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тодор Петров изјави дека ќе собира 150.000 потписи за нов референдум.
- 15 јануари - Претседателот Ѓорге Иванов изјави дека законите за употреба на јазиците и за ратификација на спогодбата од Преспа се противуставно објавени. ВМРО-ДПМНЕ изтакна дека ќе поднесат кривична пријава против Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
- 15 јануари - Претседателот на Собранието, Талат Џафери објави дека Претседателските избори ќе бидат одржани на 21 април.
- 19 јануари - Распишана меѓународна потерница по Никола Војминовски, осуден за нападот врз пратеникот Зијадин Села.
- 19 јануари - Водици во Македонија.
- 20 јануари - Протести во Атина против договорот од Преспа.
- 23 јануари - Пратеникот Владимир Ѓорчев објави дека ќе се кандитира за претседател на Македонија.
- 25 јануари - Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот од Преспа.
- 26 јануари - Едно лице загина во експлозија на плинска боца во Гевгелија.
- 28 јануари - Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител по скандалот со непрефрлувањето на придонесите за пензиско осигурување на 12.000 идни пензионери.
- 30 јануари - Собранието ја отфрли иницијативата на Тодор Петров за референдум за името.
- 31 јануари - За првпат, пленарната собраниска седница беше отворена и водена на албански јазик.
Февруари
уреди- 1 февруари - Четворица поранешни министри и заменици за земјоделство: Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски, Кристијан Делев се приведени во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште.
- 1 февруари - Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот штипски градоначалник Илчо Захариев.
- 2 февруари - Прво интервју на Никола Груевски по неговото бегство во Унгарија за Сител телевизија.
- 5 февруари - Девет пријавени за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.
- 6 февруари - НАТО го потпиша Протокол за членство на Македонија.
- 7 февруари - Бојкот на наставата во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ поради назначувањето на новиот в.д директор Блерим Небиу.
- 8 февруари - Грција го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
- 11 февруари - Трет смртен случај во Македонија од морбили.
- 12 февруари - Словенија го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
- 13 февруари - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за првпат ја претставуваше земјава на министерскиот состанок на НАТО, каде им се придружи на своите 29 колеги од земјите-членки, но без право на глас.
- 13 февруари - Таблите со новото име се поставени на граничните премини, со што официјално започна започна употребата на Република Северна Македонија како официјално име на земјата.
- 13 февруари - Во автобуска несреќа кај Ласкарци, загинаа 13 луѓе а 30-тина беа повредени. Во следните денови починаа уште два патника. Во земјата беше прогласен дводневен ден на жалост.
- 15 февруари - МВР соопшти дека е спречен терористички напад и дека ИСИС стоел зад потенцијалниот напад.
- 16 февруари - Гордана Силјановска-Давкова избрана за кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните изборите закажани за 21 април.
- 16 февруари - Обединетите нации ја заменија референцата „ПЈРМ“, со името „Северна Македонија” во списокот на признати држави.
- 18 февруари - Амбасадорот Игор Џундев и постојан претставник на Македонија при ОБСЕ, ги предаде акредитивните писма генералниот секретар на Организацијата амбасадорот Томас Гремингер.
- 17 февруари - Основана е Партијата за демократски просперитет на Ромите.
- 20 февруари - Уапсени функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешнниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски за настаните од 27 април.
- 21 февруари - Кривичниот суд во Скопје побара од Собранието на Македонија да му го одземе пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.
- 21 февруари - Нападнати поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во затворот од страна на Лирим Красниќи и Есад Кафеџоли, и двајцата осудени на 40 години затвор за Диво Насеље. Истите биле пренесени во болницата „8 Септември“.
- 25 февруари - Собранието не му го одзеде имунитетот на Трајко Вељаноски.
- 27 февруари - МВР започна да издава потврди на граѓаните со нов печат и новото име до целосната промена на сите документи
- 28 февруари - Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и БЕСА за претседателски кандидат.
Март
уреди- 1 март - Стево Пендаровски избран за заеднички претседателски кандадат на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ.
- 1 март - Хрватскиот Сабор го ратификува Протоколот за НАТО.
- 1 март - Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави посета на Македонија.
- 4 март - Филип Рикер во Скопје на средби со Заев и Димитров.
- 4 март - Се укинува Секретаријатот за рамковен договор и се воведува ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
- 8 март - Три години затвор и притвор заработи екс – шефот на УБК Сашо Мијалков за предметот „Титаник 2“ на СЈО. Водачот на ДПА Мендух Тачи е осуден на 3 години и 2 месеци затвор, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими на 4 години и 6 месеци, Влатко Сајковски, Анета Стефановска и Сашо Срцев на по 3 години затвор
- 8 март - Стево Пендаровски пријавил во полиција дека е следен од тајни служби.
- 10 март - Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати. Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река официјални кандидати за претседател.
- 10 март - Заев и Мицкоски се обврзаа да работат на фер и демоктратски избори. Премиерот го одби предлогот на опозицијата да се именува јавен обвинител на предлог на опозицијата.
- 12 март - Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е пренесен во истражниот затвор во Шутка откако Основното јавно обвинителство побара притвор поради добиени сознанија дека подготвувал бегство.
- 13 март - Романија го ратификуваше Протоколот за пристапување во НАТО.
- 14 март - 4-ца вработени во УБК, меѓу кои и Тони Јакимовски (поранешен началник на ткнр.Прва управа на УБК) се уапсени од полицијата во истрага на обвинителството за организиран криминал и корупција и одделот на МВР за организиран криминал.
- 15 март - 211 години затвор за 16 осудени за „Крвавиот четврток“. Екс дирекоторт на БЈБ и носителот на златна команда Митко Чавков ја доби највисоката казна, 18 години затвор. По 15 години добија Душко Лазаров и Митко Пешов од командниот штаб, обезбедувањето на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски Леви, припадникот на УБК Мунир Пепиќ, Јане Ченто од патриотското здружение во Прилеп, Влатко Трајковски и Никола Митревски Кољо кои се луѓето кои влегоа во фантомки. Од фантомките е и Вилијам Михајловски кои доби 14 години затвор. 13 години затворска казна беше изречена за Оливер Поповски. Младен Додевски, Горанчо Анѓелов Ќосето, Игор Југ добија по 12 години затвор. За Оливер Радулов пак беше изречена 10 годишна затворска казна, а тој е обвинет за помагање во терористичко загрозување на уставниот поредок.
- 18 март - Најавен проект за враќање на ДДВ на граѓаните.
- 19 март - Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски и двајца вработени во општината се приведени во истрага на одделението за организиран криминал при МВР, поради сомнение за злоупотреба на службената положба.
- 21 март - Судот ја забрани продажбата на новата книга на Стојан Андов.
- 24 март - Протестен марш во Босилово против отворање на рудник.
- 27 март - Собранието на Македонија усвои закони за електронски комуникации, за ОТА и за данокот на додадена вредност.
- 28 март - Поранешната министерка Гордана Јанкуловска во жалбата од вторстепениот суд, наместо шест години доби правосилна одлука за четири години затвор.
- 31 март - Претседателските кандидати се обврзаа на фер избори.
Април
уреди- 1 април - Апелацискиот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп” во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев.
- 1 април - Започна изборната кампања за Претседателските избори. Предвремени локални избори закажани за во Охрид, Ново Село и Дебар.
- 2 април - Грчкиот премер Алексис Ципрас во официјална посета на Македонија, прва на некој грчки премиер.
- 2 април - Во авионска несреќа на Солунска Глава загина четиричлено семејство од Бугарија.
- 3 април - Турција побара институциите на Македонија да презат конкретни мерки против лица поврзани со организацијата Фето, која турските власти ја прогласија за терористичка.
- 4 април - Полска и Словачка го ратификуваа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
- 6 април - Вишото обвинителство барало Апелација да ја потврди ослободителната пресуда за Заев за случајот „Поткуп“ .
- 15 април - Ограбена НЛБ Банка во Чаир.
- 18 април - Македонија на 95-то место според индексот за слобода на медиумите.
- 18 април - Објавени нови „бомби“ на руската друштвена мрежа VK.com, од корисник под псевдоним „Илија Громовник“.
- 21 април - Прв круг од Претседателските и Локалните избори во три општини. Според резултатите, Блерим Река овоил 79.910 гласови, Гордана Силјановска освоила 319.082 и Стево Пендаровски освоил 323.628 гласови.
- 22 април - Кумановски лихвар ликвидиран во заседа, убиен и неговиот осумгодишен син.
- 27 април - За првпат МПЦ-ОА го донесе Благодетниот оган од Ерусалим во земјава за Велигден со помош на Бугарската православна црква.
- 29 април - Албанско знаме поставено на Самоиловата тврдина во Охрид.
- 30 април - Претседателот на САД Доналд Трамп го испрати за ратификација протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО до Сенатот.
Мај
уреди- 1 мај - Празник на државата.
- 5 мај - Втор круг од Претседателските и Локалните избори во две општини. Според резултатите, Стево Пендаровски стана Претседател на Македонија.
- 6 мај - Одбележан денот на македонскиот јазик.
- 7 мај - Папата Фраснциск во посета на Скопје.
- 10 мај - Претседателот на заминување Ѓорге Иванов доби канцеларија во Џевахир „Скај сити“ со годишен буџет од 105.000 евра.
- 11 мај - Управниот суд ја отфрли тужбата на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Ново Село за градоначалничките избори во таа општина.
- 11 мај - Пендаровски доби уверение од ДИК за претседател.
- 12 мај - Стево Пендаровски официјално ја презеде функцијата Претседател на Македонија.
- 14 мај - Најавено зголемување на платата на вработените во културата.
- 15 мај - Петмина загинати во сообраќајка на влезот на Драчево.
- 15 мај - Апелациониот суд ја укина забраната за продажба на книгата на Стојан Андов.
- 17 мај - Во МВР е отворена истрага за аудио снимката со гласот на Павле Богоевски за наводна вмешаност во недозволена испорака на наркотични средства.
- 20 мај - Протест против изградбата на минарето на Алипашината џамија во Охрид.
- 21 мај - Грчки борбени авиони прелетуваа на македонското небо во рамките на НАТО мисијата „Ер полисинг“.
- 21 мај - УНЕСКО препорача Охрид да се стави на Списокот на загрозено светско наследство.
- 21 мај - Заев и Ахмети на средба за владина реконструкција.
- 22 мај - Основана Агенцијата за национална безбедност на Македонија.
- 22 мај - Ерол Муслиу поставен за директор на Агенција за разузнавање.
- 23 мај - Павле Богоевски најави оставка од пратеничката функција.
- 24 мај - Сенатот на САД го потврди именувањето на Кејт Мари Барнс за нова амбасадорка во Македонија.
- 26 мај - Разрешено цело раководство на СДСМ, освен Заев и Шекеринска.
- 28 мај - Вселенската патријаршија го разгледува барањето на МПЦ-ОА за автокефалноста на македонската црква како Охридска архиепископија.
- 30 мај - „Одлучен удар“ - најголемата воена вежба изведена на полигонот Криволак“.
- 31 мај - Нови телефонски разговори објавени на интернет од корисник под псевдоним „Ел Чека“, кој бара меѓународна истрага за случајот „Диво Насеље“.
- 31 мај - Поднесено обвинение за организаторите на 27 април.
Јуни
уреди- 5 јуни - Пуштен во употреба новиот автопат Миладиновци Штип.
- 5 јуни - Заев: Ако не добиеме датум за преговори со ЕУ, можно е да падне владата.
- 8 јуни - Најавена изградба на нов клинички центар во Општина Ѓорче Петров.
- 10 јуни - Пожар во стан на петтиот кат во зградата на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода.
- 10 јуни - Павле Богоевски поднесе оставка на пратеничката функција.
- 10 јуни - Виктор Димовски именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност.
- 14 јуни - Започна пробниот попис кој треба да заврши до 30 јуни.
- 17 јуни - Жителите на Иловица и Штука заедно со активисти го блокираа пристапниот пат до рудникот Иловица, против археолошките истражувања на струмичкиот музеј.
- 17 јуни - Одржана воената вежба “Одлучен удар” на Криволак со учество на 2700 војници од Македонија и 5 други земји членки.
- 19 јуни - Мерката за поврат на ДДВ за физички лица најавено дека ќе започне од 1 јули.
- 21 јуни - Бугарија го наметна Гоце Делчев како услов за датум на Македонија кон започнување на преговори со ЕУ.
- 22 јуни - Полицијата уапси 52-годишен жител на с. Добрејци осомничен за убиството на жител на Струмица, кој беше пријавен за исчезнат пред околу еден месец. Телото на убиениот било ставено во метално буре и потопено во водите кај браната Турија.
- 23 јуни - Премиерот Заев ги најави новите имиња на министрите. Самиот Заев најави дека ќе ја презеде и должноста министер за финансии.
- 24 јуни - Поднесено обвинение за „Ел Чека“ за неовластено прислушкување и тонско снимање.
- 25 јуни - Полициска акција во селото Љуботен. Според истражните органи, четири фирми увезувале и продавале тутун на црно и затаиле акциза од 7,5 милиони евра. Полицијата запленила 12 тони тутун.
- 26 јуни - Собранието на Македонија и официјално ги разреши од функцијата на министрите: Драган Тевдовски (финансии), Сухејл Фазлиу (локална самоуправа) и Хазби Лика (без ресор). Заев на седницата на Собранието се оповлече од својата одлука да биде новиот министер за финансии.
- 27 јуни - Одбиена екстрадицијата на унгарскиот суд за поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.
- 28 јуни - Уапсен Миле Јанакиески заедно со уште десетина службеници од Министерството за транспорт, за продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка.
- 29 јуни - Прва геј парада одржана во Скопје.
Јули
уреди- 1 јули - Седуммина обвинети за несреќата кај Ласкарци, меѓу нив возачот и газдата на Дурмо турс.
- 4 јули - Претседателот на Македонија, Стево Пенндаровски, потпиша уредба според која новото име на армијата се преименува во Армија на Република Северна Македонија.
- 4 јули - Владата најави уривање на сите дивоградби на охридското крајбрежје, поради закана Охрид да биде исклучен од списокот на светско наследство на УНЕСКО.
- 4 јули - Објавен разговор со генералниот секретар на владата, Драги Рашковски. Антикорупциска комисија отвори предмет за набавката на радарската опрема во М-нав.
- 5 јули - Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесе одлука Охридскиот регион да не биде впишан во листатата на наследство во опасност.
- 6 јули - Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков преместен од затворот „Идризово“ во затворот „Штип“.
- 9 јули - Објавени разговори на руски пранкстери, кои се претставувале како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со премиерот на Македонија, Зоран Заев.
- 11 јули - Големо невреме во Преспа и Охрид.
- 12 јули - Кеј Мери Брнс официјално стапи на функцијата амбасадор на САД во Македонија.
- 15 јули - Катица Јанева поднесе оставка од функцијата претседател на СЈО.
- 15 јули - Бојан Јовановски задржан на граничен премин.
- 16 јули - Триесетдневен притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, како осомничени за изнудување пари, одземен мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, како и претреси во домот на родителите на Јовановски во Тафталиџе и на неговата канцеларија во 1ТВ, откако претходно Јавното обвинителство ги обелодени случаите за Јовановски и Милевски, а Јаневска си поднесе неотповиклива оставка. На двајцата осомничени по спроведениот распит во Кривичниот суд, им била потврдена мерката притвор. Со овој случај, наречен „Рекет“, Обвинителството отвори истрага во која двајцата осомничени ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага од страна на СЈО.
- 17 јули - Даден 14-дневен ултиматум до општините во земјата, за да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката историја, во кои спаѓа сонцето од Вергина, во согласност со Преспанскиот договор,
- 23 јули - Катица Јанева на прес-конференција изјави дека не е вмешана во случајот „Рекет“.
- 25 јули - Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан на средба во Скопје со претседателот Пендаровски, премиерот Заев и водачот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.
- 26 јули - Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер на средба во Скопје со премиерот Заев и водачот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски.
- 27 јули - Еден загинат и двајца полесно повредени во рудникот Тораница при поставување експлозивни средства за минирање.
- 30 јули - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Будимпешта оствари средба со унгарскиот премиер Виктор Обран.
Август
уреди- 2 август - Национален празник на Македонија.
- 6 август - Приведен поранешниот директор на централниот регистар, Андреа Поповски.
- 7 август - Графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени од денеска ќе биде пополнета со македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.
- 9 август - Миле Јанакиески пуштен во домашен притвор.
- 10 август - Нови аудио снимки објавени од италијанскиот „Ла Верита“, во врска со случајот „Рекет“.
- 11 август - Курбан бајрам, празник на жителите од муслиманска вероисповед.
- 11 август - Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека во земјата има случај на антракс кај стадо овци.
- 12 август - Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција повика на политичка одговорност, темелна и брза истрага за случајот „Рекет“.
- 13 август - Обвинителката Лиле Стефанова на распит како сведок во случајот „Рекет“ во ОЈО.
- 13 август - Скандалозна изјава на премиерот Заев, во која се спротивстави на обвинувањата дека владини функционери и тој лично се инволвирани во аферата „Рекет“, изјавувајќи дека нема да дозволи еден суетен новинар и педер да ја урнат владата.
- 15 август - Поставени табли пред спомениците на Александар Македонски, Филип Втори и Олимпија во Скопје, со натпис дека истите се дел од античката хеленска историја, според Договорот од Преспа.
- 16 август - Прв случај на западнонилска треска во Македонија оваа година.
- 16 август - Обвинителот Бурим Рустеми на исказ за „Рекет“ во ОЈО.
- 16 август - Демолирани таблите на спомениците од Скопје 2014.
- 21 август - Уапсена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во врска со случајот „Рекет“.
- 26 август - Голем пожар во околината на Велес, кај езерото Младост. Приведени четри лица осомничени за подметнување на пожарот.
- 30 август - Уништен зелениот покрив на ГТЦ.
- 30 август - Ацо Колевски избран за претседател на Советот на јавни обвинители.
- 31 август - Најавена владина мерка за раст на нето платите.
- 31 август - Нина Ангеловска избрана за нов Министер за финансии, а Хисен Џемаили за Министер без ресор задолжен за домашни инвестиции.
Септември
уреди- 1 септември - Предупредувачки штрајк од страна на наставниците со барање за зголемување на платите.
- 2 септември - Радмила Шекеринска и Никола Димитров на Бледскиот Стратешки Форум остварија средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот.
- 2 септември - Официјално отворено основното училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар, Скопје.
- 3 септември - Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски на распит во полициска станица за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.
- 4 септември - Пратеничката Фросина Ременски на распит за „Рекет“ во ОЈО.
- 5 септември - Комисиската седница за разрешување на обвинителката Јанева.
- 5 септември - Пратеникот Александар Кирацовски на распит за „Рекет“ во ОЈО.
- 8 септември - Неколку лица уапсени при инцидент на фудбалски натпревар во третата лига во село Волино, општина Дебрца.
- 9 септември - Никола Димитров во посета на Франција.
- 10 септември - Разрешен претседателот на Врховен суд Јово Ванѓеловски поради несовесно работење.
- 10 септември - водачка средба помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Партиите не се договорија за законот за ЈО.
- 16 септември - Отворен нов царински терминал на Ќафасан.
- 16 септември - Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски.
- 16 септември - Ацо Костов нов директор на Управата за заштита на културното наследство.
- 17 септември - Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска престојува во посета на Македонија.
- 23 септември - Зоран Верушевски со изјава дека т.н. бомби завршувале кај СДСМ, минимизирајќи ја својата улога на патот на бомбите од УБК до СДСМ. .
- 24 септември - Второосмничениот во „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец пуштен во домашен притвор.
- 24 септември - Во Њујорк се одржа првата средба на македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Киријакос Мицотакис.
- 26 септември - Бундестагот со големо мнозинство одобри добивање датум за почеток на преговори.
- 27 септември - говор на премиерот Заев во Генералното собрание на ООН.
- 30 септември - Бугарија подготвува црвени лини за членството на Македонија во ЕУ, по неуспехот на Комсијата за историски прашања.
Октомври
уреди- 1 октомври - Продолжен притворот на Катица Јанева.
- 2 октомври - Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ во официјална посета на Македонија.
- 4 октомври - Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“.
- 4 октомври - Американскиот државен секретар Мајк Помпео во посета на Македонија.
- 8 октомври - СОНК побара 25% зголемување на платите на образовните работници.
- 9 октомври - Фросина Ременски вклучена во проширената истрага за „Рекет“, заедно со уште четири лица. Потпретседателка на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, задржана во куќен притвор. Заев најави отстранување на Ременски од партијата.
- 10 октомври - Во Нови Сад трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама.
- 15 октомври - Заменик министерот за здравство Асим Муса си поднесе оставка по објавената снимка на Топ Ченел за примање мито.
- 18 октомври - Македонија не доби датум за започнуање на преговори со Европската Унија. Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го блокираше процесот.
- 19 октомври - Обраќање на Заев до јавноста по недобивањето на датум за преговори од ЕУ.
- 19 октомври - Од Скопскиот аквадукт насилно извадени тули и камења од 10 носечки столбови.
- 21 октомври - водачка средба помеѓу Претседателот на Македонија и претставниците на политичките партии. Договорено да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година.
- 30 октомври - Сали Мурати избран за нов претседател на Уставниот суд на Македонија.
- 30 октомври - Четворица градежници на КАРИЛ од десеттемина повредени во Куманово.
- 31 октомври - Ново обвинение за Стевчо Јакимовски за бесправно градење од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ноември
уреди- 1 ноември - Најавено повлечување на проектот на прогресивен данок од страна на премиерот Заев.
- 4 ноември - Потпретседателката на францускиот Сенат Елен Конве-Муре во посета на земјава.
- 4 ноември - Зоран Верушевски, ќе добие отштета од 42 000 евра, за временскиот период од 344 дена кој го помина во притвор за случајот Пуч.
- 5 ноември - ЕВН ја купи Градска куќа за 12,7 милиони евра од Скопје.
- 6 ноември - Претседателот Стево Пендаровски во официјална посета на Италија.
- 7 ноември - Илхан Ќучук е новиот известувач за Македонија во ЕП.
- 7 ноември - Зголемување на платите за 10% од 1 јануари 2020 за професорите.
- 10 ноември - Премиерот на Македонија, Зоран Заев, претседателот на Албанија, Еди Рама, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Охрид одржаа регионална средба на која дискутираа за подобрување на регионалната соработка за елиминирање на сите препреки за слободното движење на луѓе, добра, услуги и капитал, односно за идејата позната и под името „Мини Шенген“. .
- 10 ноември - Протест на текстилните работнички за поголеми права.
- 11 ноември - Прогласена епидемија на варичела во Крива Паланка и Ранковце.
- 13 ноември - Претседателот Стево Пендаровски во дводневна посета на Париз.
- 13 ноември - Чешко-македонски бизнис форум во Штип.
- 13 ноември - Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас во посета на Македонија.
- 13 ноември - Прогласена застареност за гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати.
- 13 ноември - Зеќир Рамчиловиќ нов потпретседател на Собранието.
- 14 ноември - Македонско-руски бизнис форум.
- 14 ноември - Во Солун одржана средба помеѓу премиерите на Грција и Македонија.
- 18 ноември - Протест на специјализантите со кофинансирање пред Министерството за здравство .
- 19 ноември - Катица Јанева пуштена во куќен притвор.
- 21 ноември - Франција го изгласа Протоколот за членството на Македонија во НАТО.
- 21 ноември - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски, на средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.
- 21 ноември - Средба на претседателот Стево Пендаровски со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.
- 25 ноември - Љупчо Коцарев избран за нов претседател на МАНУ, чиј мандат ќе започне на 1 јануари 2020 година.
- 25 ноември - Хулиганска прослава на државна сметка- за триесет години постоење, „Шверцери“ во МНТ.
- 26 ноември - Почувствуван земјотрес во Македонија. Епицентарот во Драч, Албанија.
Декември
уреди- 3 декември - Скопје меѓу петте најзагадени градови во светот.
- 3 декември - Премиерот Заев на прием во Даунинг Стрит 10.
- 4 декември - Три години затвор за Зоран Милевски Кичеец за случајот „Рекет“.
- 5 декември - Никола Димитров на 26-от Министерски совет на ОБСЕ во Братислава.
- 6 декември - Сведочењето на Камчев за „Рекет“.
- 6 декември - Венецијанската комисија со критика за законот за јазици.
- 7 декември - Во операцијата на МВР уапсени 12 лица, одземени возила, оружје, муниција и дрога.
- 10 декември - Дане Талески ќе биде именуван за амбасадор во НАТО.
- 12 декември - Поднесени 6,000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
- 13 декември - Седумгодишното девојче на пратеникот Сашко Костов од СДСМ - мета на киднапери.
- 15 декември - Трибина на СДСМ во Скопје.
- 16 декември - Кривична пријава за Ацо Спасеновски, поранешен министер за земјоделство, поради незаконска исплата на 7,3 милиони денари.
- 17 декември - Одржан протестен марш на сексуалните работници и активисти за човековите права.
- 17 декември - Владата донесе одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за рудникот Иловица.
- 17 декември - Еуромакс рисорсис најави тужба за државата поради едностраното раскинување на договорот.
- 18 декември - Претседателот Стево Пендаровски на годишно обраќање во Собранието.
- 19 декември - Приведена глумицата Силвија Стојановска под сомнение дека била дел од мрежа за шверц со кокаин.
- 19 декември - Протест на средношколците од Скопје поради загадувањето на воздухот.
- 21 декември - Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.
- 27 декември - СДСМ објави дека Оливер Спасовски ќе биде преоден технички премиер на Македонија. Од друга страна го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, армискиот полковник Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи.
Култура
уредиМузика
уреди- 8 март - Песната и видео спотот за Proud на Тамара Тодевска, македонски претставник на Евровизија во Израел премиерно емитувана на Македонската телевизија.
- 18 мај - Македонија на Евровизија 2019. Тамара Тодевска го освои седмото место.
- 31 мај - 34-то издание на Фолк Фест Валандово. Драган Мијалковски победи со песната „Илина“.
- 25 јуни - Танец со концерт го одбележа 70-годишниот јубилеј.
- 24 ноември - На Детски избор за песна на Евровизија 2019, Македонија со учество на Мила Москов, го освои 6-то место.
Филм и телевизија
уреди- Господ постои, името ѝ е Петрунија - филм на Теона Стругар Митевска.
- Втора шанса - филм на Марија Џиџева.
- Медена земја, документарен филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов.
- Театарот Скупи, документарен филм на Владимир Блажевски.
- Вера - филм на Верица Недеска.
- Писмото ми го донесе шампионот - филм на Тони Коцев.
- Врба - филм на Милчо Манчевски со премиера на Филмскиот фестивал во Рим.
- Приказна за една зграда, документарен филм на Билјана Гарванлиева.
- Незаборавна пролет во заборавено село, филм на Куштрим Бектеши.
- Театарот Скупи, документарен филм на Владимир Блажевски.
- Дедо и внук, филм на Илија Пиперковски.
- Втора шанса, филм на Марија Џиџева.
- Пијавици, филм на Драган Маринковиќ.
- Ефектот на среќа, филм на Борјан Зафировски.
- Документарецот „Медена земја“ македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“
- Одржан Скопје Филм Фестивал во периодот од 17 април до 25 април.
- Одржан јубилејниот 40-ти Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во периодот од 18 септември до 21 септември.
Згради и градби
уреди- Осветување на црквата „Св. Спас“ во с. Ангелци, Општина Василево.
Останато
уреди- За првпат се додели македонска годишна стрип награда Лифт.
Спорт
уреди- Најдобар македонски спортист - Стојанче Стоилов
- Најдобра македонска спортистка - Пуликсенија Јованоска
- Најдобар спортист за лица со попреченост - Оливера Наковска-Бикова
- Тим на годината во машка конкуренција - Машка одбојкарска репрезентација на Македонија
- Тим на годината во женска конкуренција - Женска ракометна репрезентација на Македонија
- Тренер на годината - Сашко Арсовски, тренер по карате
- Награда за посебни достигнувања - Никола Ѓорѓиев, одбојкар
- Најдобра федерација - Ракометна федерација на Македонија
- Најдобар фудбалски интернационалец - Елиф Елмас (според ФФМ)
- Специјално признание за придонес во македонскиот фудбал - Стефан Ристовски (според ФФМ)
- Најдобар фудбалер во Првата лига на Македонија - Висар Муслиу (според ФФМ)
- Најдобар тренер - Југослав Тренчовски (според ФФМ)
Фудбал
уредиРепрезентација
уреди21 март 2019 20:45 |
Македонија | 3–1 | Латвија | Арена „Филип II“, Скопје Гледачи: 7,043[1] Судија: Халис Озкаја (Турција) |
---|---|---|---|---|
Извештај |
|
24 март 2019 20:45 |
Словенија | 1–1 | Македонија | Стадион Стожице, Љубљана Гледачи: 9,872[1] Судија: Хавиер Естрада Фернандес (Шпанија) |
---|---|---|---|---|
|
Извештај |
|
7 јуни 2019 20:45 |
Македонија | 0–1 | Полска | Национална арена „Тоше Проески“, Скопје Судија: Џанлука Роки (Италија) |
---|---|---|---|---|
Извештај |
|
10 јуни 2019 20:45 |
Македонија | 1–4 | Австрија | Национална арена „Тоше Проески“, Скопје Судија: Алексеј Есков (Русија) |
---|---|---|---|---|
|
Извештај |
|
5 септември 2019 20:45 (21:45 UTC+3) |
Израел | 1–1 | Македонија | Стадион Тернер, Бершева Гледачи: 15,200[1] Судија: Андреас Екберг (Шведска) |
---|---|---|---|---|
|
Извештај |
|
9 септември 2019 20:45 (21:45 UTC+3) |
Латвија | 0–2 | Македонија | Стадион Дугава, Рига Судија: Еспен Ескаш (Норвешка) |
---|---|---|---|---|
Извештај |
10 октомври 2019 20:45 |
Македонија | 2–1 | Словенија | Национална арена „Тоше Проески“, Скопје Судија: Дани Макелие (Холандија) |
---|---|---|---|---|
|
Извештај |
|
13 октомври 2019 20:45 |
Полска | 2–0 | Македонија | Национален стадион, Варшава Судија: Антонио Матеу Лахос (Шпанија) |
---|---|---|---|---|
|
Извештај |
16 ноември 2019 20:45 |
Австрија | 2–1 | Македонија | Стадион Ернст Хапел, Виеа Судија: Мајкл Оливер (Англија) |
---|---|---|---|---|
Извештај |
|
19 ноември 2019 20:45 |
Македонија | 1–0 | Израел | Национална арена „Тоше Проески“, Скопје Судија: Паоло Валери (Италија) |
---|---|---|---|---|
|
Извештај |
Вести
уреди- 26 февруари - Фудбалската федерација на Македонија ја исплати рекордната премија во износ од 500.000 евра за освоеното прво место на А репрезентацијата на Македонија во групата од УЕФА Лига на нации[2].
- 28 февруари - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против Илчо Ѓоргиоски, претседател на Фудбалска федерација на Македонија, под сомневање дека во својство претседател на Фудбалската федерација на Македонија извршил кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. ФФМ следниот ден испратила допис до медиумите во кое дала образложение за кривичната пријава против федерацијата.
- 17 март - Муамед Сејдини избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
- 28 март - ФК Љуботен прослави 100 години постоење.
- 4 април - ФИФА ранг листа: Македонија на 68 место.
- 9 април - Националната арена со ново име Национална арена „Тоше Проески“.
- ФК Вардар не доби лиценца за Лига Европа.
- 19 ноември - За првпат, репрезентацијата на Македонија го освои 3-тото место во квалификационата група за Европско првенство во фудбал.
Лиги
уреди- Прва фудбалска лига. Победник ФК Шкендија.
- Втора фудбалска лига
- Трета фудбалска лига
- Куп на Македонија. Победник ФК Академија Пандев.
Кошарка
уредиВести
уреди- Перо Антиќ избран за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.
Лига
уреди- Прва кошаркарска лига со победа на КК МЗТ Скопје .
- Втора кошаркарска лига
- Куп на Македонија со победа на КК Работнички.
- Втора јадранска лига во кошарка, сезона 2018-2019, со учество на КК МЗТ Скопје
Репрезентација
уреди* Квалификации за Евробаскет 2021 - Македонија се пласира за квалификациите за Евробаскет 2021.
21 февруари 2019 18:00 |
Извештај | Романија | 65 – 53 | Македонија | Плоешт | ||
Четвртини: 15–16, 19–13, 12–10, 19–14 |
Ракомет
уреди- 4 февруари - Раул Гонсалес спогодбено со РФМ се повлече од селекторската позиција на Македонија.
- 3 март - Данило Брестовац назначен за селектор на Македонија.
Репрезентација (плажа)
уредиЕвропско првенство
уредиМакедонија на Европското првенство во ракомет на плажа во Полска, во машка и женска конкуренција.
Репрезентација
уредиСветско првенство
уреди- На Светското првенство во ракомет за мажи, Македонија го освои 15-тото место.
11 јануари 2019 15:30 |
Јапонија | 29–38 | Македонија | Олимпија хале, Минхен Гледачи: 7,500 Судии: Хорачек, Новотни (CZE) |
Ватанабе 5 | (13–18) | К. Лазаров 8 | ||
3× | Извештај | 4× 1× |
13 јануари 2019 14:00 |
Македонија | 28–23 | Бахреин | Олимпија хале, Минхен Гледачи: 8,500 Судии: Рамзи Хениси, Исмаил Буалуча (TUN) |
К. Лазаров 8 | (12–8) | ел-Сајад 6 | ||
3× 1× | Извештај | 3× 1× |
14 јануари 2019 18:00 |
Хрватска | 31–22 | Македонија | Олимпија хале, Минхен Гледачи: 9,800 Судии: Хорачек, Новотни (CZE) |
Дувњак 6 | (16–11) | Манасков 6 | ||
3× 2× | Извештај | 3× 1× |
16 јануари 2019 20:30 |
Македонија | 21–32 | Шпанија | Олимпија хале, Минхен Гледачи: 9,600 Судии: Бранер, Салах (SUI) |
Пешевски 6 | (12–13) | Гомеш 6 | ||
4× 1× | Извештај | 2× 1× |
17 јануари 2019 18:00 |
Македонија | 22–24 | Исланд | Олимпија хале, Минхен Гледачи: 10,100 Судии: Куртагич, Ветервик (SWE) |
К. Лазаров, Манасков 5 | (13–11) | Гунарсон 10 | ||
3× 3× | Извештај | 4× 2× |
19 јануари 2019 13:00 |
Русија | 30–28 | Македонија | Арена Ланксес, Келн Гледачи: 10,949 Судии: Гединг, Хансен (DEN) |
Житников 8 | (17–14) | К. Лазаров 9 | ||
2× | Report |
20 јануари 2019 13:00 |
Македонија | 32–30 | Чиле | Арена Ланксес, Келн Гледачи: 9,473 Судии: Бурнер, Ражнатовиќ |
К. Лазаров 9 | (16–16) | Фојхман 9 | ||
4× 1× | Report | 5× 3× |
Квалификации за европско првенство
уреди10 април 2019 21:45 |
Исланд | 33–34 | Македонија | Рејкјавик Гледачи: 1,973 Судии: Гасми (FRA) |
Палмарсон 12 | (17–17) | Ѓоргиевски, Манасков 8 | ||
3× 2× 1× | Извештај | 7× 2× |
14 април 2019 20:00 |
Македонија | 24–24 | Исланд | Скопје Гледачи: 6,963 Судии: Сондорс (LAT) |
Лазаров 8 | (10–11) | Магнусон 8 | ||
1× 2× | Извештај | 2× 2× |
12 јуни 2019 19:00 |
Турција | 25–26 | Македонија | Ескишехир Гледачи: 1,850 Судии: Зотин, Володков (RUS) |
Пехливан 10 | (13–11) | Лазаров 7 | ||
3× 3× | Извештај | 1× 2× |
16 јуни2019 18:00 |
Македонија | 27–23 | Грција | Спортска сала Парк, Струмица Гледачи: 2,300 Судии: Бркиќ, Јусуфхоџиќ (AUT) |
Лазаров 6 | (13–11) | Цирас 6 | ||
5× 1× | Извештај | 3× 3× |
Клубови
уреди- СЕХА лига (2018-2019), со учество на РК Вардар и РК Металург. РК Вардар победи на турнирот.
- Куп на Македонија во ракомет (мажи). РК Металург победи на турнирот.
- Македонска ракометна супер лига. РК Вардар победи на турнирот.
- Стопанственикот Сергеј Самсоненко најави повлекување од РК Вардар.
- Лига на шампиони во ракомет (2018-2019), со учество на РК Вардар и РК Металург. РК Вардар победи на турнирот.
6 февруари 2019 19:00 |
Рајн-Некар Левен | 27–30 | Вардар | САП Арена, Манхајм Гледачи: 4,149 Судии: Пикон, Реверет (FRA) |
Шмид 9 | (12–16) | Дибиров 7 | ||
3× 2× | Извештај | 3× 2× |
16 февруари 2019 17:30 |
Вардар | 27–29 | Веспрем | СЦ „Јане Сандански“, Скопје Гледачи: 5,500 Судии: Caçador, Nicolau (POR) |
Дисингер 5 | (16–11) | Лекаи 7 | ||
4× 2× | Извештај | 6× 2× |
23 февруари 2019 19:00 |
РК Кристијанштад | 30–32 | Вардар | Арена „Кристијанштад“, Кристијанштад Гледачи: 3,867 Судии: Бруновски, Чанда (SVK) |
Гудмундсон 10 | (17–16) | Кристопанс 8 | ||
4× 1× | Извештај | 2× 1× |
25 април 2019 20:00 |
РК Вардар | 31–23 | РК Пик Сегед | СЦ „Јане Сандански“, Скопје Гледачи: 5,500 |
Игор Карачиќ, Даинис Криштопанс 8 | (14–12) | Банхиди 5 | ||
3× 3× | Извештај | 5× 2× |
- Полуфинале
1 јуни 2019 18:00 |
Барселона | 27–29 | Вардар | Арена „Ланксес“, Келн Гледачи: 19,250 Судии: Сондорс (LAT) |
Гомеш 9 | (16–9) | Криштопанс 10 | ||
5× 4× 1× | Извештај | 3× 2× |
- Финале
2 јуни 2019 18:00 |
Вардар | 27–24 | Веспрем | Арена „Ланксес“, Келн Гледачи: 19,250 Судии: Гипел, Хелбиг (GER) |
Фереира 6 | (16–11) | Махе 6 | ||
2× 4× | Report | 5× 1× |
- Светско клупско првенство во ракомет. Вардар го освои третото место.
28 август 2019 20:00 |
РК Вардар | 34–27 | РК Мудхар | Спортска сала Дамам, Дамам Гледачи: 3,200 Судии: Хорачек, Новотни (CZE) |
Дибиров 7 | (17–12) | Jaziri 6 | ||
5× 1× | Report | 5× |
29 август 2019 17:20 |
РК Вардар | 30–34 | РК Кил | Спортска сала Дамам, Дамам Судии: Куртагич, Ветервик (SWE) |
три играчи по 5 | (17–19) | Билик 9 | ||
3× 2× | Report | 5× 3× |
- Лига на шампиони во ракомет (2019-2020), со учество на РК Вардар и РК Еурофарм Работник.
14 септември 2019 17:15 |
РК Монпелје | 31–33 | РК Вардар | Монпелје Гледачи: 2,700 Судии: Ѓединг, Хансен (DEN) |
Порт 7 | (17–16) | Шкубе 7 | ||
5× 1× | Извештај | 5× |
22 септември 2019 17:00 |
РК Вардар | 32–27 | РК Порто | СЦ „Јане Сандански“, Скопје Гледачи: 4,800 Судии: Бркиќ, Јусуфхоџиќ (AUT) |
Чупиќ, Криштопанс 7 | (14–16) | Бранквинхо 6 | ||
3× 2× | Report | 7× 3× |
29 септември 2019 17:00 |
РК Мотор Запорожје | 30–31 | РК Вардар | Спортска сала Јуност, Запорожје Гледачи: 2,600 Судии: Јуриновиќ, Мрвица (CRO) |
Сорока 8 | (18–16) | Дибиров 10 | ||
4× 3× 1× | Report | 3× 2× |
12 октомври 2019 17:30 |
РК Вардар | 20–31 | ТХВ Кил | СЦ „Јане Сандански“, Скопје Гледачи: 5,500 Судии: Брунер, Салах (SUI) |
Дибиров 5 | (4–16) | Дувњак, Пекелер 6 | ||
1× 2× | Report | 3× 2× |
19 октомври 2019 17:30 |
РК Веспрем | 39–30 | РК Вардар | Арена Веспрем, Веспрем Судии: Реверет (FRA) |
Шмит 8 | (21–17) | Дибиров 8 | ||
5× 2× 1× | Извештај | 2× 5× 1× |
3 ноември 2019 17:00 |
РК Вардар | 36–31 | РК Мешков Брест | СЦ „Јане Сандански“, Скопје Гледачи: 4,900 Судии: Еласон, Палсон (ISL) |
Криштопанс 9 | (19–17) | Микита Вајлупов 9 | ||
4× 3× | Report | 8× 3× |
9 ноември 2019 17:30 |
РК Вардар | 28–28 | РК Виве Келце | СЦ „Јане Сандански“, Скопје Гледачи: 4,900 Судии: Шулце, Tönnies (GER) |
Шкубе 7 | (17–16) | Јанц 7 | ||
4× 2× | Report | 6× |
16 ноември 2019 18:00 |
РК Виве Келце | 35–25 | Vardar | Спортска сала Легионов, Келце Гледачи: 4,200 Судии: Лопес, Рамирес (ESP) |
Карачиќ 6 | (17–14) | Дибиров 9 | ||
4× 2× | Report | 2× 1× |
23 ноември 2019 17:30 |
РК Мешков Брест | 31–22 | РК Вардар | Спортска сала Викторија, Брест Гледачи: 2,400 Судии: Павичевиќ, Ражнатовиќ (MNE) |
Вајлупов 12 | (12–13) | Стоилов 6 | ||
2× 1× | Извештај | 3× 2× |
15 септември 2019 17:00 |
РК Еурофарм Работник | 29–30 | РК Спортинг | Спортска сала Боро Чурлевски, Битола Гледачи: 2,100 Судии: ердоган, Оздениз (TUR) |
Јотиќ, Остроушко 5 | (16–15) | Гионеа 10 | ||
2× 1× | Извештај | 2× |
18 септември 2019 19:00 |
РК Савехоф | 25–24 | РК Еурофарм Работник | Сала Партиле, Партиле Гледачи: 850 Судии: Болич, Хуриќ (AUT) |
Карлсон, Сунајко 5 | (10–15) | Јотиќ 8 | ||
3× 1× 1× | Извештај | 5× 1× |
29 септември 2019 12:10 |
РК Бидасоа Ирун | 26–25 | РК Еурофарм Работник | Спортска сала Ирун, Ирун Гледачи: 1,698 Судии: Циндриќ,Гонзурек (CRO) |
Новела 8 | (11–14) | Остроушко 9 | ||
1× 2× | Извештај | 3× 2× 1× |
13 октомври 2019 17:00 |
РК Еурофарм Работник | 31–30 | РК Рихимаки Кокс | Спортска сала Боро Чурлевски, Битола Гледачи: 2,500 Судии: Андорка, Хукер (HUN) |
Остроушко 8 | (17–13) | Таминен 6 | ||
4× 2× | Извештај | 4× 2× |
20 октомври 2019 17:00 |
РК Еурофарм Работник | 23–24 | РК Татран Прешов | Спортска сала Боро Чурлевски, Битола Гледачи: 3,000 Судии: Leszczyński, Piechota (POL) |
Остроушко 8 | (14–13) | Рабек 7 | ||
4× 2× | Извештај | 4× 3× |
2 ноември 2019 18:00 |
Tatran Prešov | 31–29 | РК Еурофарм Работник | Градска сала Прешов, Прешов Гледачи: 1,124 Судии: Гасми, Гасми (FRA) |
Рабек 10 | (15–14) | Остроушко 8 | ||
3× | Извештај | 5× 2× |
9 ноември 2019 19:30 |
РК Спортинг | 36–26 | РК Еурофарм Работник | Спортска сала Лисабон, Лисабон Гледачи: 1,341 Судии: Бумгарт, Вилд (GER) |
Роха 7 | (17–11) | Јотиќ 8 | ||
2× 2× | Извештај | 4× 3× |
17 ноември 2019 17:00 |
РК Еурофарм Работник | 32–31 | РК Савехоф | Спортска сала Боро Чурлевски, Битола Гледачи: 2,000 Судии: Набокау, Кулиќ, (BLR) |
три играчи 6 | (18–12) | Богојевиќ 9 | ||
2× 2× | Извештај | 4× 2× |
20 ноември 2019 18:00 |
РК Рихимаки Кокс | 23–21 | РК Еурофарм Работник | Спортска сала Рихимаки , Рихимаки Гледачи: 575 Судии: Бацковиќ, Палачковиќ , (SVN) |
Таминен 6 | (13–13) | Јотиќ 5 | ||
5× 2× | Извештај | 3× 3× |
Одбојка
уредиРепрезентација
уреди- Квалификации за Европско првенство во одбојка за мажи 2019. Македонија за првпат обезбеди учество на првенството.
Дата | Време | Резултат | Сет 1 | Сет 2 | Сет 3 | Сет 4 | Сет 5 | Вкупно | Извештај | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
5 јануари | 20:00 | Украина | 3–1 | Македонија | 25–19 | 28–26 | 23–25 | 25–23 | 101–93 | Извештај | |
9 јануари | 20:15 | Македонија | 3–0 | Унгарија | 25–21 | 25–20 | 25–21 | 75–62 | Извештај |
- Европско првенство во одбојка за мажи 2019. Македонија го освои 17-тото место.
Дата | Време | Резултат | Сет 1 | Сет 2 | Сет 3 | Сет 4 | Сет 5 | Вкупно | Извештај | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
12 септември | 17:30 | Финска | 3–1 | Македонија | 25–23 | 25–22 | 23–25 | 25–21 | 98–91 | Извештај | |
13 септември | 17:30 | Македонија | 0–3 | Турција | 20–25 | 23–25 | 13–25 | 56–75 | Извештај | ||
14 септември | 17:30 | Македонија | 0–3 | Русија | 15–25 | 16–25 | 28–30 | 59–80 | Извештај | ||
16 септември | 20:30 | Белорусија | 1–3 | Македонија | 25–23 | 19–25 | 27–29 | 20–25 | 91–102 | Извештај | |
17 септември | 17:30 | Словенија | 1–3 | Македонија | 24–26 | 28–30 | 25–19 | 24–26 | 101–101 | Извештај |
Клубови
уреди- ОК Работнички - Скопје го освои Купот на Македонија во женска конкуренција, победувајќи ја екипата на ОК Наковски Волеј во спортската сала „Парк“ во Струмица со резултат од 3:1 во сетови.
- ОК Струмица го освои Купот на Македонија во машка конкуренција, победувајќи ја екипата на ОК Универзитет - Тетово во спортската сала „Парк“ во Струмица со резултат од 3:0 во сетови.
- ОК Струмица победи во Првата државна лига - мажи, победувајќи ја екипата на ОК Шутова со резултат од 3:0 во сетови во првиот плеј-оф натпревар и со резултат од 3:0 во сетови во вториот плеј-оф натпревар.
Карате
уредиМакедонските каратисти Петар Спасеновски и Доан Османи освоија златни медали, додека Бојан Костов - сребрен медал, на Европското првенство во Данска до 21 година.
Шах
уреди- Меѓународен турнир во шах „Гостивар Рапид Опен 2019“
Починати
уреди- 4 јануари - Ѓорги Појразовски, македонски новинар.
- 9 јануари - Милан Панчевски, македонски и југословенски политичар.
- 21 јануари - Исмаил Мачев, македонски и југословенски атлетичар .
- 24 јануари - Јахја Рефики, македонски скијач.
- 25 јануари - Славко Нинов, македонски глумец.
- 26 јануари - Ефто Спироски, македонски адвокат.
- 8 февруари - Димитар Чемков, македонски рок-музичар.
- 11 февруари - Методија Фотев, македонски романописец и поет.
- 12 февруари - Јован Булески, македонски новинар.
- 27 февруари - Ристо Јачев, македонски романописец и поет.
- 1 март - Ѓоко Николовски, македонски виолинист.
- 28 март - Ивко Панговски, македонски спортски новинар.
- 29 март - Мушереф Лозана, македонска глумица.
- 1 април - Гоце Ангеличин Жура, македонски историчар на уметност, истражувач и археолог.
- 6 април - Билјана Беличанец-Алексиќ, македонска глумица и политичар.
- 8 април - Златко Славенски, македонски режисер и драматург.
- 12 април - Алајдин Демири, македонски политичар, поранешен градоначалник на Тетово.
- 18 април - Крсте Крстевски-Крцул, македонски атлетичар.
- 2 мај - Јанко Калинчев, македонски активист во Австралија.
- 7 мај - Благородна Дулиќ, македонски политичар.
- 3 јуни - Момо Николовски, македонски пејач.
- 12 јуни - Стојан Велковски, македонски фудбалер.
- 12 јуни - Јован Стефановски-Жан, македонски архитект.
- 17 јуни - Драги Стефанија, македонски јазичар, македонист, фолклорист, новинар и публицист.
- 17 јуни - Кирил Ценевски, македонски филмски режисер и сценарист.
- 4 јули - Стефан Сидовски, македонски професор, режисер и глумец.
- 27 јули - Тамара Гордова Арсовска, македонска писателка.
- 28 јули - Гоце Влахов, македонски глумец.
- 22 август - Мето Петровски, македонски снимател, филмски и телевизиски режисер.
- 23 август - Јордан Костадинов, македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија.
- 8 септември - Васил Пујовски, македонски драмски писател и поет за деца и за возрасни.
- 12 септември - Ѓорѓи Стефановски, македонски тромбонист и професор.
- 16 септември - Томе Груевски, македонски професор.
- 5 ноември - Илија Панговски, македонски професор.
- 20 ноември - Таска Балабанова, македонска филмска и телевизиска глумица.
- 20 ноември - Јордан Цеков - Дане, македонски публицист, партизан и пратеник.
- 21 декември - Милиана Ленак , македонска глумица и режисерка.
Родени
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеAttendanceGroupG
. - ↑ ФФМ ја исплати рекордната премија за првото место во Лига на нации. Сејдини: Поставивме стандард како ќе работиме и во иднина