Скопје 2014
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Фактографската точност на оваа статија или поднаслов може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
Скопје 2014 е проект со кој се предвидува изградба на споменици на историски личности од мермер и бронза, фонтани, скулптури и нови згради на институции за централното градско подрачје. Проектот е претставен во јавноста преку видео во организација на општина Центар.[1]
Спомениците на Методија Андонов Ченто, Цар Самоил и Јустинијан Први ќе бидат изработени од мермер, а сите останати меѓу кои и на Гоце Делчев, Даме Груев, на Гемиџиите, Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум, лавовите на мостот „Гоце Делчев“,... ќе бидат изработени во бронза.
Според деталниот урбанистички план, планирана изградба на хотели и православен црковен храм „Св. Константин и Елена“.
На плоштадот „Македонија“ ќе има фонтана со споменик на Александар Македонски на Букефал, која ќе почне да се гради откако ќе се дислоцира подземната инсталација, каблите и цевките. Предвидено е фонтаната да биде пуштена во употреба без споменикот на Александар Македонски. Таа ќе има шест програми на движење на водата, а навечер и светлосни ефекти во ритамот на различни музички нумери.
Фонтана ќе има и на плоштадот „Карпошово востание“, од спротивната страна на Камениот мост. Фонтаните, пак, кои треба да се поставуваат во Вардар ќе почнат да се градат кога ќе има низок водостој на реката. Водениот столб на фонтаните се очекува да достигне до 30 метри.
Од левата страна на реката Вардар ќе бидат објектот на стариот театар во Скопје и Музејот на македонската борба, како и зградата во која ќе бидат сместени Уставнот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј. Во нивна близина е предвидена изградба и на објекти за МНР, Агенцијата за електронски комуникации, за Јавното обвинителство и Финансиската полиција. Објектот на новата концертна сала на Македонската филхармонија треба да биде целосно завршен до крајот на 2012.
Пешачкиот мост „Око“ кој ќе води кон зградата на Уставниот суд, Државниот архив и Археолошкиот музеј се предвидува да има 28 скулптури високи по два метра, изработени од бронза.
Мостот на уметноста или пешачки мост кој ќе оди кон зградата на Јавното обвинителство и Финансиската полиција е во фаза на конкурс. И на овој мост се предвидени 28 скулптури од бронза, високи два метра симетрично поставени на двете огради. Тука се очекува да се најдат скулптури на Тоше Проески, Браќата Миладиновци, Кочо Рацин, Григор Прличев, Ацо Шопов и други.
Ќе бидат заменети и оградите на мостовите Гоце Делчев, Нов мост и Мостот на револуцијата. Предвидена е надградба на зградата на Парламентот со уште еден кат и поставување куполи. На плоштадот „Пела“ ќе има порта „Македонија“ или „Македонска борба“ или „Порта на македонска независност“, проект на Министерството за култура. На местото на поранешната Народна банка на Македонија се предвидува деловен објект. Ќе се обновуваат и фасадите на зградите во строгиот центар на Скопје за да одговараат на новиот лик на централното градско подрачје. Предвидена е и дислокација на постоечки споемници со што треба да се вклопат во проектот.[2]
Во македонската јавност постојат екстремно различни и спротивставени ставови околу корисноста и реалната потреба од реализирање на еден ваков скап проект.
Галерија
уреди-
Споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“
-
Споменикот „Воин“
-
Споменик на Методија Андонов - Ченто на плоштадот „Македонија“
-
Скулптура на лав на мостот „Гоце Делчев“
-
Споменик на Гемиџиите близу камениот мост
-
Споменик на Св. Климент и Св. Наум Охридски близу камениот мост
-
Споменик на Св. Кирил и Методиј близу камениот мост
-
Споменик на Димитрија Чуповски
-
Споменик на Јустинијану I
-
Споменик на Самуил
-
Споменик на бранителите на Македонија
Наводи
уреди- ↑ www.idividi.com.mk, Презентиран проектот „Скопје 2014“, пребарано на 10 мај 2010 г.
- ↑ spic.com.mk, Пајонската свештеничка се сели на мостот „Око“, пребарано на 10 мај 2010 г.
Надворешни врски
уреди„Скопје 2014“ на Ризницата ? |
- www.skopje2014.com Архивирано на 7 октомври 2012 г., официјален портал Скопје2014
- www.kultura.gov.mk, официјално мрежно место на министерството за култура
- www.skopje.gov.mk, официјално мрежно место на градот Скопје
- skopje2014.prizma.mk, База на податоци за Скопје 2014 изготвена од БИРН Македонија