Плоешт
Плоешт (романски: Ploiești, унгарски: Brassó) — град во југоисточниот дел на Романија и административен центар на округот Плоешт, во историскиот регион на Влашка. Градот се наоѓа на 56 километри северно од Букурешт. Областа зафаќа површина од околу 60 км2.
Плоешт | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Регионален центар | |||||||
Прекар(и): Capitala Aurului Negru (македонски: Град на црното злато) | |||||||
Location of Ploiești within Romania | |||||||
Координати: 44°56′N 26°2′E / 44.933° СГШ; 26.033° ИГД | |||||||
Земја | Романија | ||||||
Окрузи во Романија | Плоешт | ||||||
Статус | County seat | ||||||
Површина | |||||||
• Регионален центар | 58,28 км2 (2,250 ми2) | ||||||
Надм. вис. | 160 м | ||||||
Население (2011)[1] | |||||||
• Регионален центар | 209,945 | ||||||
• Густина | 3,394/км2 (8,79/ми2) | ||||||
• Метро | 266,4571 | ||||||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||||||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||||
Поштенски код | 100xxx | ||||||
Повик. бр. | (+40) 44 | ||||||
Регистарски табли | PH | ||||||
Мреж. место | ploiesti.ro |
Плоешт е важен сообраќаен центар, кој го поврзува градот Букурешт со Трансилванија и Молдавија. Според романскиот попис во 2011 година, во градот живеат 201.226 луѓе, што го прави на 9-ти најнаселен град во Романија.
Историја
уредиСпоред легендата овчарот Мош Плоаје (Moş Ploaie) застанал да одмори заедно со седум овци на ливада меѓу борова шума која некогаш се наоѓала на овие места. Откако се засолнил на ова место, каде имало свежа вода и земјата била плодна, тој решил да остане на тоа место, основајќи го населеното место кое било наречено според него. Според легендата во местото имало седум куќи и еден женски манастир.
Археолошките ископувања сведочат за присуство на античка населба од мезолитот во западниот дел на Плоешт и друга населба од неолитот во северниот дел на градот. Исто така биле пронајдени и траги од бронзено време, од периодот 7-6 век п.н.е.
За основањето на Плоешт и неговите први доселеници има малку писмени сведоштва. Според познатиот романски историчар Николае Балческу, градот најверојатно постоел во времето на Мирчо Стариот (околу 1413 година). Документарни историски податоци за Плоешт се појавиле во 1503 година. Присуството на трговци по пазарите во Трансилванија сведочат за тоа дека градот бил познат и располагал со економска база, која му дозволувала да ги продолжи трговските врски со градовите надвор од планината.
Железничката станица во градот била отворена во 1882 година. Кон крајот на 19 век биле изградени и неколку училишта и болници.
Градот доживеал вистински индустриски и комерцијални бум со отворањето на нафтените наоѓалишта во регионот. Околу градот се појавил синџир од нафтени рафинерии. Во градот по овој период биле отворени многубројни продавници, работилници и образовни институции.
Во текот на Втората светска војна, градот најпрвин во 1940 година доживеал голем земјотрес, со сериозни оштетувања, но Германците продолжиле да го користат градот како извор на нафтени деривати[2]. На 1 август 1943 година и во текот на летото на 1944 година градот бил бомбардиран од американските воздухопловни сили и градот се соочил со сериозни оштетувања. Во август 1944 година градот бил ослободен од советската армија. По 1944 година, за време на комунистичкиот режим, нафтената индустрија била национализирана, по кој започнал период на обиди за модернизација на земјата и поправка на штетите од војната.
Географија
уредиПлоешт се наоѓа во центарот на Мунтенија, во централниот северен дел на Романската рамнина. Се наоѓа во близина на главниот град Букурешт. Градот зафаќа вкупна површина од околу 60 км2, од кои 35 км2 се приградски населби. Постојат две реки во близина на градот: реката Прахова, на југозапад, која кратко поминува низ градот преку населбата Брази и реката Телеџен. Градот се наоѓа на реката Дамбу, што извира од ридовите околу градот Бајкој.
Блиски градови
уредиГрад | Насока | Должина | ||
---|---|---|---|---|
праволиниско растојание | патно растојание | железничко растојание | ||
Букурешт | S | 56 км | 60 км | 59 км |
Браила | E | 155 км | 170 км | 176 км |
Питешти | W | 91 км | 111 км | 149 км |
Брашов | NW | 86 км | 114 км | 110 км |
Трговиште | V | 46 км | 51 км | 52 км |
Бузау | NE | 66 км | 71 км | 69 км |
Урзичени | SE | 55 км | 60 км | 55 км |
Клима
уредиКлимата е слична на онаа на главниот град на државата, Букурешт. Градот е во рамките на умерено влажна континентална клима. Просечната годишна температура изнесува 10,5°С, со минимален рекорд регистриран на 25 јануари 1952 година од -30 °C, и максимален рекорд регистриран на 19 јули 2007 година од 43 °C. Во просек, околу 17 денови се многу ладни во годината, 26 ладни, 99 топли и 30 многу топли, додека останатите имаат умерена температура.
Климатски податоци за Плоешт | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 1 (34) |
4 (39) |
10 (50) |
18 (64) |
23 (73) |
27 (81) |
28 (82) |
28 (82) |
24 (75) |
18 (64) |
10 (50) |
3 (37) |
16.2 (61.2) |
Прос. ниска °C (°F) | −6 (21) |
−3 (27) |
0 (32) |
6 (43) |
10 (50) |
14 (57) |
16 (61) |
15 (59) |
11 (52) |
6 (43) |
1 (34) |
−3 (27) |
5.6 (42.1) |
Прос. врнежи мм (ин) | 40.6 (1.598) |
35.6 (1.402) |
38.1 (1.5) |
45.7 (1.799) |
71.1 (2.799) |
76.2 (3) |
63.5 (2.5) |
58.4 (2.299) |
43.2 (1.701) |
33 (1.3) |
48.3 (1.902) |
43.2 (1.701) |
596.9 (23.5) |
Извор: Weather Channel |
Демографија
уредиБројот на населението во Плоешт се зголемило поради интензивниот економскиот развој на оваа област. Во 1810 година, во текот на годините на османлиското владеење, во градот имал само околу 2.024 жители. Во 1837 година оваа бројка се зголемила на 3.000 жители, во 1859 година, по единаесет години од основањето на унијата, бројот на населението се зголемил на 26.458, додека во 1884 година бројот изнесувал 32.000 жители. Во почетокот на XX век, населението на Плоешт се зголемило уште повеќе, поради проширувањето на нафтената индустрија. И покрај тоа што градот бил бомбардиран во текот на Втората светска војна, населението во 1948 година било 95,632 жители.
Попис | Етнички состав | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Население | Романци | Унгарци | Германци | Срби | Евреи | Роми | Руси | Грци | Украинци | |
1930 | 79,149 | 69,139 | 1,591 | 1,307 | |||||||
2011 | 201,226 | 199,221 | 109 | 69 | - | - | 1289 | 44 | - | 8 |
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1810 | 2.024 | — |
1859 | 26.468 | +1207.7% |
1899 | 45.107 | +70.4% |
1912 | 56.460 | +25.2% |
1930 | 79.149 | +40.2% |
1948 | 95.632 | +20.8% |
1956 | 114.544 | +19.8% |
1966 | 146.922 | +28.3% |
1977 | 199.699 | +35.9% |
1992 | 252.715 | +26.5% |
2002 | 232.527 | −8.0% |
2011 | 209.945 | −9.7% |
Извор: Census data |
Во 1912 година, бројот на жители на градот изнесувал 56.460 лица, додека во јануари 1992 година овој број изнесувал 252.715 лица. По падот на комунизмот, бројот на населението започнал да се намалува поради постојаната емиграција и опаѓање на наталитетот. Според пописот од 2002 година, населението се намалило на 232.527[3], додека во 2011 година населението се намалило на 197.542 жители. Целиот регион на Плоешт има вкупно население од 266.457 жители.[1].
Поголемиот дел од жителите се Романци (90,64%) и Роми (2,4%). За 6,65% од населението, етничката припадност не е позната[4]. Поголемиот дел од луѓето кои живеат во градот се православни христијани (90,7%).[5].
Стопанство
уредиПо Романската револуција од 1989 година, Плоешт доживеал брз економски раст благодарение на големите инвестиции од странски компании. Градот се наоѓа на само 60 километри северно од Букурешт, со добра инфраструктурна поврзаност. Плоешт е голем индустриски центар, кој е фокусиран на производството на нафта. Иако производството на нафта во регионот се намалува постојано, сè уште е просперитетна преработувачката индустрија која преку цевководи е поврзана со Букурешт, со црноморското пристаниште Констанца и пристаништето на Дунав, Џурџу. Градот исто така има долга историја како текстилен центар.
Во градот свое седиште имаат отворено компании како OMV-Petrom, Lukoil, Shell Gas, Timken, Yazaki, Coca Cola, Efes Pilsener, British American Tobacco, Federal-Mogal, и Interbrew и трговците на мало како Carrefour, Metro, Selgros, Kaufland, Billa, Bricostore, Praktiker, Lidl, Obi, Auchan, Profi и Mega Image. Во градот постојат и два ресторани на McDonald's и три на KFC.
Сообраќај
уредиПлоешт се наоѓа на автопатот А3 (делумно завршениод пролетта 2014), на главниот пат кој ги поврзува северните и западните провинции на Романија, како и Западна Европа. Меѓународниот Аеродром Анри Коанда се наоѓа на 45 километри од градот, ски-центрите на Прахова се наоѓаат на помалку од еден час возење од градот.
Плоешт е вториот најважен железнички центар во земјата по Букурешт, поврзувајќи го Букурешт со Трансилванија и Молдавија. Системот за јавен превоз во градот е воден од страна на компанијата Călători Express и вклучува широка мрежа на автобуси, тролејбуси и трамваи. Карактеристичниот жолт автобус е еден од најмодерните во Југоисточна Европа. Дневно се транспортираат околу 150.000 патници. Општинските патишта се состојат од над 800 улици со вкупна должина од 324 километри. Околу 5.300 возила транзитираат во градот секој ден. Општинскиот возен парк се состои од 216 автобуси, 32 трамваи и 25 тролејбуси со околу 70 милиони патници годишно. Има 33 автобуски линии, со вкупна должина од 415,46 километри и две трамвајски линии со вкупна должина од 23,8 километри.
Култура
уредиПлоешт е дом на Плоештската филхармонија, еден од најдобрите оркестри во Романија. Во градот постојат голем број на културни и архитектонски споменици, вклучувајќи ги Домот на културата, Музејот на часовникот во кој се наоѓаат колекција на часовници собрани од страна на Николае Симаче, Музејот на нафтата, Музеј на уметноста.
Образование
уредиПрвото училиште во Плоешт било отворен во 1777. Средното образование започнало со предавања во 1864 година.
Плоешт е дом на следниве универзитети и колеџи:
- Универзитет за нафта и гас, основан во 1948 година[6]
- Универзитет Георге Баритиу, основан во 2002 година[7]
Поважни средните училишта во градот се:
- Училиште И.Л.Караџале
- Училиште Михај Храбриот
- Училиште Жан Моне
- Училиште Спиру Харет
- Училиште Никита Станеску
Политика
уредиПартија | Места | Моментален состав | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
51.9% | СЛС | 14 | ||||||||||||||
37% | ДЛП | 10 | ||||||||||||||
11.1% | НП | 3 |
Спорт
уредиФудбалкиот клуб Петропул бил основан во 1924 година и е најстар фудбалски клуб во градот. Клубот своите домашни натпревари ги игра на стадионот Илие Оана, кој има капацитет од 15.500 седишта[8]. Клубот бил четири пати шампион на Романија во сезоните 1929–30, 1957–58, 1958–59, 1965–66, трипати победник во националниот куп во сезоните 1962–63, 1994–95, 2012–13 и двапати победник во романскиот суперкуп во 1995 и 2013 година.
Во градот се наоѓа и седиштето на женскиот ракометен клуб Плоешт, кој бил основан во 2004 година и кој настапува во Првата ракометна женска лига на Романија[9]. Клубот се натпреварува во спортската сала Олимпија, која има капацитет од 3,500 гледачи.
Во градот се наоѓа и седиштето на кошаркарскиот клуб КК Асесофт Плоешт, кој бил основан во 1998 година и кој настапува во Првата кошаркарска лига на Романија. Клубот се натпреварува во спортската сала Олимпија. Клубот се натпреварува во спортската сала Олимпија, која има капацитет од 3,500 гледачи. Клубот бил единаесет пати шампион на Романија во сезоните 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010, 2012, 2013, 2014, 2015, шест пати победник во националниот куп во сезоните 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009 и еднаш победник во ФИБА Еврокуп челенџ во 2005 година.
Збратимени градови
уреди
|
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „2011 Census press release“ (PDF) (романски). INSSE Prahova. February 2, 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-08-01. Посетено на March 10, 2012.
- ↑ Video: American Bombers Smash Axis Oil Fields In Romania Etc. (1943). Universal Newsreel. https://archive.org/details/gov.archives.arc.38971. Retrieved February 21, 2012.
- ↑ 2002 Census
- ↑ 2011 census results: „Tab8. Ethnicity data – counties, cities and villages“. National Institute of Statistics - România. July 2013. Архивирано од изворникот на 2016-01-18. Посетено на 2013-08-05.
- ↑ 2011 census results: „Tab13. Ethnicity data – counties, cities and villages“. National Institute of Statistics - România. July 2013. Архивирано од изворникот на 2020-08-07. Посетено на 2013-08-05.
- ↑ www.upg-ploiesti.ro/
- ↑ „www.universitateagbaritiu.ro/index.php?option=com_content&view=article&id=68&Itemid=385“. Архивирано од изворникот на 2014-04-09. Посетено на 2016-10-24.
- ↑ „Stadium“. FC Petrolul Ploiești (романски). Архивирано од изворникот на 2011-09-25.
- ↑ „CSM Ploiești“ (романски). 25 May 2014.
- ↑ „Radom - Partnership cities“. Miasto Radom [City of Radom] (полски). Архивирано од изворникот на 2013-04-03. Посетено на 2013-08-07.
- ↑ „Radom - miasta partnerskie“ (полски). radom.naszestrony.pl. Посетено на 2013-08-07.
Надворешни врски
уреди„Плоешт“ на Ризницата ? |
- Градска управа на Плоешт (англиски) (романски)
- „Република Плоешт“ — портал за архитектонската историја на градот (романски)
- Карта на плоешт со маршрутно планирање, точки од интерес и јавен превоз (романски)