Дарко Велковски

Македонски фудбалер

Дарко Велковски (роден на 21 јуни 1995 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од одбраната на Ал Итифак и на македонската репрезентација.[1]

Дарко Велковски
Велковски во дресот на Вардар во 2017 година
Лични податоци
Полно име Дарко Велковски
Роден на 21 јуни 1995(1995-06-21)(28 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал-Итифак
Број 20
Младинска кариера
Работнички Работнички
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2015 Работнички Работнички 109 (11)
2015-2018 Вардар Вардар 52 (1)
2018-2022 Риека Риека 62 (1)
2022- Ал-Итифак 5 (0)
Репрезентација
2013–2017 Македонија Македонија 21 22 (2)
2014– Македонија Македонија 11 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 10 ноември 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 16 ноември 2014

Биографија уреди

Тој е брат на Мартин Велковски кој е ракометар во екипата на Еурофарм Пелистер.

Клупска кариера уреди

Велковски е производ на младинската школа на Работнички. За првиот тим дебитирал во турнирот Лига Европа на 21 јули 2011, во победата со 3-0 на домашен терен над претставникот од Сан Марино, Јувенес/Догана; со само 16 години и еден месец, Велковски бил стартер и го одиграл целиот натпревар. Точно 10 дена подоцна, Дарко дебитирал во Првата македонска фудбалска лига во победата на домашен терен над Брегалница со 2-1.

На 18 јуни 2015, Велковски потпишал тригодишен договор со Вардар за сума од преку 100.000 евра, што претставува рекорд во македонскиот фудбал.[2] За време на својот престој во Вардар одиграл 52 натпревари со 1 постигнал погодок. Во сезоната 2017/18 со екипата на Вардар учествувал во групната фаза на Лига Европа. Вардар бил во група со Зенит, Реал Сосиедад и Копенхаген.

Во 2018 година се преселил во Хрватска, каде играл за тимот на Риека. Таму настапувал во периодот од 2018 до 2022 година, забележувајќи 62 настапи, со 1 постигнат погодок. Во 2022 година се преселил во Саудиска Арабија, во тимот на Ал Итифак.

Репрезентативна кариера уреди

На 18 јуни 2014 го имал своето деби во сениорската репрезентација на Македонија во поразот со 2-0 во пријателски натпревар против Кина.

Со младинската репрезентација на Македонија до 21 година, во 2017 година учествувал на младинското европско првенство до 21 година во Полска, настапувајќи на 2 натпревари против Шпанија и Србија.

Во 2021 година бил дел од составот на Македонија на Европското првенство во 2021 година, настапувајќи на сите 3 натпревари кои ги одиграла македонската репрезентација.

Титули уреди

  Работнички уреди

2013-2014
2013-2014, 2014-2015

  Вардар уреди

2015-2016, 2016-2017

  Риека уреди

2018-2019, 2019-2020

Наводи уреди

  1. „Darko Velkovski Profile“. soccerway.com.
  2. „Мега трансфер: Велковски три години во Фк Вардар!“. http://vardarfans.mk. Надворешна врска во |publisher= (help)

Надворешни врски уреди