Господ постои, името ѝ е Петрунија
Господ постои, името ѝ е Петрунија — македонски филм од 2019 година, работен по вистинит настан што се случил на Водици во Штип во 2014 година.[1]
„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ | |
---|---|
Плакатот на филмот | |
Режисер | Теона Стругар Митевска |
Сценарист | Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ |
Главни улоги | Зорица Нушева Лабина Митевска Стефан Вујисиќ Суад Беговски Симеон Мони Дамевски Петар Мирчевски Виолета Шапковска Бајруш Мјаку Владимир Тулиев Страшо Милошевски |
Жанр | драма |
Премиера | 2019 |
Времетраење | 100 мин. |
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Режисер на филмот е искусната и легендарна Теона Стругар Митевска, која се јавува како косценарист заедно со Елма Татарагиќ.
Овој филм е првиот македонски филм кој влегол во официјална конкуренција на Берлински филмски фестивал и во борба за Златна мечка, а освен тоа има учество на неколку други и значајни меѓународни филмски фестивали. Најголемата награда која ја има добиено е ЛУКС наградата на Европски парламент.
Филмот трае 100 минути и е во македонско, хрватско, француско, белгиска копродукција.
Содржина
уредиПетрунија е 32-годишна девојка која сè уште живее со своите родители и не е вработена.
Одејќи на интервју за работа за време на Водици ќе се вмеша во група мажи кои ќе скокаат по крстот и ќе го фати по што ќе настане голема збрка.
Улоги
уредиГлумец | Улога |
---|---|
Зорица Нушева | Петрунија |
Лабина Митевска | Славица |
Стефан Вујисиќ | Дарко |
Суад Беговски | Попот |
Симеон Мони Дамевски | Милан |
Петар Мирчевски | Стојан |
Рујиш Беговска | |
Страшо Милошевски | Офицер |
Владимир Тулиев | Шанкер Стефан |
Виолета Шапковска | Васка |
Бајруш Мјаку | Обвинителот |
Илија Волчески | Лут човек 1 |
Стојан Арев | Свештеник 2 |
Никола Кумев | Васко |
Џевдет Јашари | Камерман |
Кире Ацевски | Професорот |
Пеце Ристевски | Полицаец |
Елица Арева | Жена |