Димитар Чемков - Циме (2 февруари 1942, Скопје - 8 февруари 2019, Скопје) — македонски рок-музичар, композитор и доајен на македонското музичко новинарство. Бил член на двете најпопуларни рок групи во 60те, „Бисери“ и „Бис Без“.

Димитар Чемков - Циме
Роден(а)2 февруари 1942
Скопје
Починал(а)8 февруари 2019
Скопје
НационалностМакедонец
Занимањемузичар и новинар

Животопис

уреди

Чемков е роден во Скопје на 2 февруари 1942 година. Цели 37 години како музички новинар и уредник бил дел од музичката редакција на Македонско Радио – Радио Скопје. Бил водител на популарни емисии меѓу кои: „Поп албум“, „Поп контакт“, „Поп телекс“, „Најдоброто од …“. Циме бил и музички критичар, рецензент и коментатор на многу музички настани и фестивали како што се: Скопски забавен фестивал, Избор за песна на Евровизија, Макфест, Евро фест, Скопски џез фестивал, Цветници, Валандово, Охрид фест… Автор е на седумдесетина забавни и новосоздадени фолклорни композиции и е еден од основоположниците на македонската рок-музика. Бил член групата „Спектар“ и на двете најпопуларни рок групи во 1960те – „Бисери“ и „Бис Без“.Бис Без често биле споредувани со Битлси, но и со светски познатите Јардбрдси и Лед Цепелин. Овие називи ги добиле и по тоа што гитаристите Длака, Коце и Циме се претставувале како Ерик Клептон, Џеф Бек и Џими Пејџ. Починал во Скопје на 8 февруари 2019 година.[1]

Наводи

уреди