<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

12 април — 102-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (103-и во престапна година). Остануваат 263 денови до крајот на годината.

Настани:

467  Антемиј станал римски цар.
1204  Крстоносците го освоиле и опустошиле Цариград.
1557  Бил основан градот Куенка во денешен Еквадор.
1606  Создадено официјално знамето на Обединетото Кралство.
1633  Започнува процесот на инквизиција против Галилео Галилеј.
1861  Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина.
1877  Обединетото Кралство ја припоило Јужна Африка.
1917  Прва светска војна: Канада победила во Битката кај Вими против Германија.
1945  Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција.
1961  СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток 1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин.
1966  Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина.
1981  Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА.
1992  Отворен е забавниот парк „Дизниленд Париз“ — прв во Европа.

Родени:

570  Мухамедпророк и верски водач, основач на исламот.
1484  Антонио да Сангало Помладиот — италијански архитект од времето на ренесансата.
1577  Кристијан IV — дански крал.
1748  Антоан Лоран де Жисје — француски ботаничар, класификатор на цветните растенија.
1823  Александар Островски — руски драматург.
1839  Николај Пржевалски — руски истражувач.
1851  Едвард Волтер Маундер — англиски астроном.
1852  Фердинанд фон Линдеман — германски математичар.
1866  Викторија Прускапруска принцеза.
1851  Едвард Волтер Маундер — англиски астроном.
1871  Јоанис Метаксас — грчки фашист и диктатор.
1885  Робер Делоне — француски сликар.
1903  Јан Тинберген — холандски економист, добитник на Нобеловата награда во 1969 година.
1921  Сократ Маркилов — македонски борец.
1931  Леонид Дербењов — советски и руски поет.
1940  Херби Хенкок — американски џез-музичар.
1941  Боби Мур — англиски фудбалер.
1944  Хектор Чумпитаз — перуански фудбалер.
1948  Марчело Липи — италијански фудбалер и тренер.
1956  Рајко Коиќ — српски рок-музичар, член на групата Рибља чорба.
1958  Гинка Загорчева — бугарска атлетичарка.
1961  Лиза Џерард — австралиска пејачка.
1971  Шенон Доерти — американска глумица.
1973  Кристијан Панучи — италијански фудбалер и тренер.
1974  Силвињо — бразилски фудбалер.
1979  Матеја Кежман — српски фудбалер.
1983  Јелена Докиќ — југословенска и австралиска тенисерка.
1986  Блерим Џемаили — швајцарски фудбалер со македонско потекло.
1987  Луиз Адријано — бразилски фудбалер.
1988  Рики Алварес — аргентински фудбалер.
1996  Матео Беретини — италијански тенисер.

Починале:

1555  Јована I Кастиљскакралица на Кастиља и Леон.
1817  Шарл Месје — француски астроном, автор на Месјеовиот каталог.
1938  Фјодор Шаљапин — руски оперски пејач.
1945  Франклин Делано Рузвелт — претседател на САД.
1963  Херби Николс — американски џез-музичар.
1977  Михо Чакеља — македонски архитект.
1981  Џо Луис — американски боксер, светски првак во тешка категорија од 1939 до 1949 година.
1989  Шугар Реј Робинсон — американски боксер.
1997  Рајко Коиќ — српски рок-музичар, член на групата Рибља чорба.