Елиф Елмас

македонски фудбалер

Елиф Елмас (р. на 27 септември 1999 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Лајпциг и на македонската репрезентација.

Елиф Елмас
Лични податоци
Полно име Елиф Елмас
Роден на 27 септември 1999(1999-09-27)(25 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб РБ Лајпциг РБ Лајпциг
Број 6
Младинска кариера
Работнички Работнички
Херенфен Херенфен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2017 Работнички Работнички 46 (8)
2017-2019 Фенербахче Фенербахче 34 (4)
2019- 2023 Наполи Наполи 143 (14)
2023- РБ Лајпциг РБ Лајпциг 0 (0)
Репрезентација
2015 Македонија Македонија 17 2 (0)
2016 Македонија Македонија 18 1 (0)
2016 Македонија Македонија 19 3 (0)
2016– Македонија Македонија 21 9 (1)
2017– Македонија Македонија 56 (12)
* Ажурирано на: 10 ноември 2014
** Ажурирано на: 16 ноември 2014

Животопис

уреди

Елмас е роден во Скопје, од родители со торбешко потекло од горанското село Јеловјане. Израснал во скопската населба Бутел. Својата фудбалска кариера ја започнал во фудбалската школа Форца од каде потоа се преселил во Работнички каде станал професионален фудбалер.[1]

Во јули 2017, селекторот на турската репрезентација Фатих Терим се обидел да го наговори Елмас да игра за Турција, но тој одлучил да ја претставува Македонија.[2]

Клупска кариера

уреди

Работнички

уреди

Дебитирал за првиот тим на Работнички на 30 септември 2015 на возраст од 16 години и 3 дена, во победата со 4-0 на гостувањето против Гостивар во Купот на Македонија.[3] Неколку дена подоцна, на 4 октомври 2015 дебитирал во Првата лига на Македонија во победата со 2-0 на домашен терен над Металург Скопје. На 10 април 2016, го постигнал својот прв погодок во кариерата за романтичарите во победата со 2-0 над Хоризонт Турново на домашен терен. Својата прва сезона во дресот на Работнички ја завршил со 11 настапи и 1 гол.

Следната сезона, Елмас бил редовен стартер и клучен играч за Работнички. На 28 јуни 2016, дебитирал во европските купови, во натпреварот од првото квалификациско коло за УЕФА Лигата на Европа против Будуќност Подгорица во Скопје; натпреварот завршил 1-1, а токму Елмас 18 минути по влегувањето во игра од клупата го постигнал израмнувачкиот гол за својот тим. На отворањето на новата сезона во македонското првенство, Елмас постигнал два гола и забележал една асистенција во убедливата победа со 4-0 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Одличната форма ја одржувал во текот на целата сезона 2016-2017, која ја завршил со 33 натпревари во македонското првенство на кои постигнал 6 гола и имал 7 асистенции. Одличните игри во текот на сезоната му ја донеле наградата за Млад играч на годината,[4] пред Јани Атанасов од Академија Пандев и Енес Фазлагиќ од Шкендија.[5] Елмас го напуштил Работнички во летото 2017, после 51 настап и 9 гола за клубот.

Фенербахче

уреди

На 28 јули 2017, Елмас потпишал петгодишен договор со турскиот гигант Фенербахче.[6] Веднаш потоа, турскиот клуб објавил дека за трансферот на играчот на Работнички му биле исплатени 180.000 евра и дека Елмас ќе го носи дресот со број 21.[7] Своето деби за Фенербахче го направил на 28 јануари 2018, во ремито 1-1 на гостувањето кај Трабзонспор влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Хасан Али Калдирим во 64-тата минута.[8] Својата прва сезона во клубот ја завршил со 5 настапи во лигата и 2 во купот, без постигнат гол.

На почетокот на сезоната 2018-2019, Елмас го имал своето деби во Лигата на шампионите, играјќи ги комплетните 90 минути во поразот со 1-0 од Бенфика на 7 август 2018 во третото квалификациско коло од елитното европско натпреварување. Својот прв гол за Фенер го постигнал на 16 септември 2018, во победата со 1-0 на гостувањето кај Конијаспор, откако само 6 минути претходно влегол во игра од клупата за резерви.[9] На 14 април 2019, Елмас постигнал гол во интерконтиненталното дерби против најголемиот соперник на Фенербахче, Галатасарај, во натпревар што завршил 1-1.

Наполи

уреди
 
Елмас играјќи за Наполи против Спартак Москва во Лига Европа.

На 24 јули 2019 година, Елмас се преселил во италијанскиот Наполи за обесштетување од 16 милиони евра плус бонуси, потпишувајќи петогодишен договор со партенопеите.[10] Своето деби за клубот го направил на 24 август во победата со 4-3 на гостувањето кај Фјорентина, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Алан во 72-рата минута од натпреварот.[11] На 17 септември тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата на домашен терен со 2-0 против Ливерпул во групната фаза (претходно тој играл само во квалификациите за елитното европско натпреварување).[12] На 3 февруари 2020 година, тој го постигнал својот прв гол со дресот на Наполи на гостувањето против Сампдорија во натпреварот кој завршил 2-4 за „светлосините“.[13] Набргу по враќањето на клупскиот фудбал на терените по паузата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, Елмас го освоил својот прв трофеј со Наполи, победувајќи во Купот на Италија откако во финалето тие го совладале Јувентус по изведување на пенали со 4-2. Својата прва сезона во Италија ја завршил со 36 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол.

На почетокот на следната сезона, Елмас го постигнал својот втор гол во дресот на Наполи во победата со 6-0 на домашен терен над Џенова.[14] Сепак, по одигрувањето на тој натпревар било востановено дека поголемиот дел од играчите на Џенова биле зарзени со КОВИД-19, по што и самиот Елмас се заразил и поради тоа ги пропуштил натпреварите на македонската репрезентација во баражот за Европското првенство и во Лигата на нации. На 28 јануари 2021, го постигнал својот прв гол во кариерата во Купот на Италија во победата со 4-2 на Стадион „Диего Армандо Марадона“ над Специја. Три дена подоцна, на истиот стадион тој го отворил резултатот во победата со 2-0 над Парма во Серија А.

Репрезентативна кариера

уреди

Елмас ја претставувал македонската репрезентација во категориите под 16, под, 17, под 18, под 19 и под 21 година. Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 11 јуни 2017 во поразот со 1-2 од Шпанија во Скопје во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018, влегувајќи во игра на местото на Остоја Степановиќ во 46-тата минута. Неколку дена подоцна, тој бил повикан во составот на македонската репрезентација под 21 година за Европското првенство под 21 година во Полска и бил најмладиот играч во составот.[15] Тој играл во сите три натпревари од групната фаза, по која Македонија го завршила учеството на турнирот со едно реми и два порази.[16]

На 2 септември 2017, го направил својот втор настап за сениорската репрезентација во победата со 1-0 на гостувањето кај Израел во Хаифа, исто така во квалификациите за Светското првенство 2018. Својте први голови (два) за македонската сениорска репрезентација ги постигнал во победата со 3-1 над Латвија во Скопје во квалификациите за Европското првенство 2020.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-6-2017 Скопје Македонија   1 – 2   Шпанија Квал. за СП 2018 -   46'   78'
2-9-2017 Хаифа Израел   0 – 1   Македонија Квал. за СП 2018 -   63'   84'
9-10-2017 Скопје Македонија   4 – 0   Лихтенштајн Квал. за СП 2018 -   46'
6-9-2018 Гибралтар Гибралтар   0 – 2   Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   46'
9-9-2018 Скопје Македонија   2 – 0   Ерменија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
13-10-2018 Скопје Македонија   4 – 1   Лихтенштајн УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
16-10-2018 Ереван Ерменија   4 – 0   Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   57'   2'
19-11-2018 Скопје Македонија   4 – 0   Гибралтар УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   73'
21-03-2019 Скопје Македонија   3 – 1   Латвија Квал. за Евро 2020 2   23'
24-3-2019 Љубљана Словенија   1 – 1   Македонија Квал. за Евро 2020 -
7-6-2019 Скопје Македонија   0 – 1   Полска Квал. за Евро 2020 -
10-6-2019 Скопје Македонија   1 – 4   Австрија Квал. за Евро 2020 -   26'   56'
5-9-2019 Бершева Израел   1 – 1   Македонија Квал. за Евро 2020 -
9-9-2019 Рига Латвија   0 – 2   Македонија Квал. за Евро 2020 -   88'
10-10-2019 Скопје Македонија   2 – 1   Словенија Квал. за Евро 2020 2
13-10-2019 Варшава Полска   2 – 0   Македонија Квал. за Евро 2020 -
16-11-2019 Виена Австрија   2 – 1   Македонија Квал. за Евро 2020 -
19-11-2019 Скопје Македонија   1 – 0   Израел Квал. за Евро 2020 -
5-9-2020 Скопје Македонија   2 – 1   Ерменија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
8-9-2020 Тбилиси Грузија   1 – 1   Македонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
12-11-2020 Тбилиси Грузија   0 – 1   Македонија Квал. за Евро 2020 -
15-11-2020 Скопје Македонија   2 – 1   Естонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   77'   85'
25-3-2021 Букурешт Романија   3 – 2   Македонија Квал. за СП 2022 -
28-3-2021 Скопје Македонија   5 – 0   Лихтенштајн Квал. за СП 2022 1
31-3-2021 Дисбург Германија   1 – 2   Македонија Квал. за СП 2022 1
1-6-2021 Скопје Македонија   1 – 1   Словенија Пријателска 1   81'
4-6-2021 Скопје Македонија   4 – 0   Казахстан Пријателска -   73'
13-6-2021 Букурешт Австрија   3 – 1   Македонија Евро 2020 - Прва фаза - дет.
Вкупно Настапи 28 Голови 7

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 19 јуни 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015-2016   Работнички ПМЛ 11 1 КM 3 1 - - - - - - 14 2
2016-2017 ПМЛ 33 6 КМ 2 0 ЛЕ 2[17] 1[17] - - - 37 7
Вкупно Работнички 44 7 - 5 1 - 2 1 - - - 51 9
2017-2018   Фенербахче ТСЛ 5 0 КТ 2 0 ЛЕ 0 0 - - - 7 0
2018-2019 ТСЛ 29 4 КТ 2 0 ЛШ+ЛЕ 2[18]+7 0[18]+0 - - - 40 4
Вкупно Фенербахче 34 4 - 4 0 - 9 0 - - - 47 4
2019-2020   Наполи А 26 1 КИ 5 0 ЛШ 5 0 - - - 36 1
2020-2021 А 33 2 КИ 4 1 ЛЕ 6 0 СИ 1 0 44 3
2021-2022 А 13 1 КИ 0 0 ЛЕ 5 2 - - - 18 3
Вкупно Наполи 72 4 - 9 1 - 16 2 - 1 0 98 7
Вкупно во кариерата 150 15 - 16 2 - 27 3 - 1 0 194 20

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Наполи

уреди
2019-2020

Индивидуални

уреди
2016, 2017[4]
2019[19]

Наводи

уреди
  1. На малите терени во школата Форца Вардар Јовче Џипунов создава големи фудбалери Архивирано на 22 март 2019 г. mkd.mk
  2. Sporx (17 јули 2017). „Eljif Elmas kimdir? Eljif Elmas, Türkiye Milli Takımı'nda oynayabiliyor mu?“.
  3. Елиф Елмас: од Фенербахче Тефејус, преку Форца, Работнички, Бутоп, па сè до Херенвен![мртва врска] butop.eu.pn
  4. 4,0 4,1 „ФОТО: НАЈДОБРИ во македонскиот фудбал“. ffm.mk. 4 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2020-02-19. Посетено на 17 ноември 2020.
  5. „ФФМ ги објави номинациите за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/2017“. mkd.mk. 16 ноември 2017. Архивирано од изворникот на 2021-09-23. Посетено на 17 ноември 2020.
  6. Елиф Елмас го одбра Фенербахче! sportmedia.mk
  7. Фенербахче ги откри бројките за Елиф Елмас sportmedia.mk
  8. Талентираниот Елмас дебитираше за Фенербахче (Видео) Архивирано на 31 октомври 2018 г. derbi.mk
  9. ПРВЕНЕЦ ЗА ЕЛМАЗ ВО ДРЕСОТ НА ФЕНЕРБАХЧЕ ,ТРАЈКОВСКИ ПОГОДИ ЗА ПАЛЕРМО Телма
  10. „Елиф Елмас потпиша петгодишен договор со Наполи!“.
  11. „Ancelotti fa esordire Elmas“. 24 август 2019.
  12. „Napoli Liverpool 2-0, Llorrente vendetta compiuta“. Text "18 settembre 2019 Elmas gioiello; Diego Armando Maradona Demme" ignored (help)
  13. „Sampdoria-Napoli 2-4, Elmas e Demme al primo gol in Serie A“. Посетено на 4 февруари 2020.
  14. „Highlights: Napoli 6-0 Genoa“. football-italia. 27 септември 2020. Посетено на 28 ноемвври 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  15. „Благоја Милевски ги избра седуммината од генерацијата 1996/97 за ЕП во Полска - ФФМ - Фудбалска федерација на Македонија“.
  16. Еден бод и четири постигнати гола за Македонија на првото, историско Европско првенство (ВИДЕО) Архивирано на 22 март 2019 г. mkd.mk
  17. 17,0 17,1 Во квалификациите
  18. 18,0 18,1 Во третото квалификациско коло
  19. „Доделени наградите и признанијата за најдобрите во македонскиот фудбал“. ffm.mk.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди