Емануел Макрон
Емануел Макрон (француски: Emmanuel Macron), (Амјен, 21 декември 1977) – француски политичар, јавен службеник и поранешен инвестициски банкар, избран за претседател на Француската Република на 7 мај 2017 година.
Емануел Макрон Emmanuel Macron | |
---|---|
25ти претседател на Франција | |
Стапува 14 мај 2017 | |
Претходник | Франсоа Оланд |
Копринц на Андора | |
Стапува 14 мај 2017 | |
Премиер | Антони Марти |
Representative | Жан-Пјер Иг |
Претходник | Франсоа Оланд |
Министер за економија, индустрија и дигитални работи | |
На должноста 26 август 2014 – 30 август2016 | |
Премиер | Мануел Валс |
Претходник | Арно Монтебур |
Наследник | Мишел Сапен |
Лични податоци | |
Роден(а) | Емануел Жан-Мишел Фредерик Макрон 21 декември 1977 Амјен, Франција |
Партија | Напред! (En Marche!)(2016–до денес) |
Други припадности | Независен политичар (2009–2016) Социјалистичка партија (2006–2009) |
Сопружник | Брижит Троње (2007–досега) |
Родители | Жан-Мишел Макрон Франсоаз Ногес-Макрон |
Установа | Париз X Нантер Политички науки |
Вероисповед | католичка |
Потпис |
Кратка биографија
уредиСтудирал филозофија на универзитетот Париз Нантер, а во 2004 година дипломирал на Националната школа за администрација. Станал финансиски инспектор во Инспекторатот за финансии на Франција, а подоцна станал инвестициски банкар.
Политичка кариера
уредиБил член на Социјалистичката партија од 2006 до 2009 година и за време на првата влада на Франсоа Оланд, во 2012 година, бил назначен за заменик секретар пред да стане Министер за економија, индустрија и дигитални работи за време на втората влада на Мануел Валс,[1] кога тој протуркал реформи наклонети за бизнисот. Макрон дал оставка во август 2016 година[2] за да поднесе социјал-либерална[3][4][5] кандидатура на претседателските избори 2017.[6] Во ноември 2016 година, Макрон објави дека на изборите ќе биде под знамето на „Напред!“ (En Marche!), движење кое тој го основа во април 2016 година.
Претседател на Франција
уредиМакрон се квалификувал за вториот круг на избори во првиот круг на 23 април 2017 година. Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика. [7][8] Со своите 39 години, тој е најмладиот претседател во француската историја и најмлад француски водач на држава после Наполеон. [9][10]
Наводи
уреди- ↑ Sylvie Corbet and Elaine Ganley « French gov't reshuffle expels dissident ministers » , Associated Press, 26 August 2014
- ↑ Julien Licourt; Yohan Blavignat (30 August 2016). „EN DIRECT - Macron évite soigneusement d'évoquer sa candidature“ (француски). Le Figaro.
- ↑ „Emmanuel Macron: portrait d'un social-libéral - L'Hebdo“. Архивирано од изворникот на 2015-12-28. Посетено на 23 February 2017.
- ↑ Devecchio, Alexandre (31 August 2016). „"Le social-libéralisme d'Emmanuel Macron représente... 6% du corps électoral"“. Посетено на 23 February 2017 – преку Le Figaro.
- ↑ „La démonstration de force du social-libéral Emmanuel Macron“. 10 December 2016. Архивирано од изворникот на 2017-01-13. Посетено на 23 February 2017.
- ↑ „Macron quits to clear way for French presidential bid“. BBC. 30 August 2016.
- ↑ Plowright, Adam (7 May 2017). „Emmanuel Macron: a 39-year-old political prodigy“. MSN.
- ↑ „En direct, Emmanuel Macron élu président : " Je défendrai la France, ses intérêts vitaux, son image "“. Le Monde. 7 May 2017. Посетено на 7 May 2017.
- ↑ Schnur, Dan. „Anger underlying French elections is roiling California too“. San Francisco Chronicle. Посетено на 7 May 2017.
- ↑ http://www.reuters.com/article/us-france-election-macron-profile-idUSKBN1830XP
Надворешни врски
уреди- Емануел Макрон на Ризницата ?