Миле Јанакиески

(Пренасочено од Миле Јанакиевски)

Миле Јанакиевски (роден на 18 септември 1978 година во Прилеп) — македонски политичар. Во периодот од 28 август 2006 до 13 мај 2015 ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија.

Миле Јанакиески
Министер за транспорт и врски
На должноста
28 август 2006 – 13 мај 2015
Премиер Никола Груевски
Претходник Џемали Мехази
Наследник Владо Мисајловски
Лични податоци
Роден(а) 18 септември 1978(1978-09-18)(46 г.)
Прилеп, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Животопис

уреди

Миле Јанакиески основно и средно образование завршил во Прилеп. Дипломирал менаџмент и бизнис админстрација на Американскиот колеџ во Солун во 2001 година. Јанакиески до изборот за министер бил генерален директор на ЈП Водовод и канализација-Скопје од август 2005 година.

Од позиција на директор на ова ЈП во 2016 година го критикува тогашниот министер за здравство Владо Димов за злоупотреба на службената должност за набавка на скапи податоци со, како што вели, „народни пари“ по повод Нова Година на своите соработнички. За оваа тој бара оставка од министерот Димов.[1]

Од 2001 до 2004 година извршувал функции на сектори во министерството за финансии, каде што од ноември 2001 до ноември 2002 година бил советник, а потоа и шеф на кабинетот на министерот за финансии.

Бил претседател на асоцијацијата за водовод, канализација и пречистување на урбани отпадни води. Јанакиески бил шеф на кабинет на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од октомври 2004 до август 2005 година, а потоа бил и член на централниот комитет на партијата. Од странските јазици говори грчки и англиски јазик. Оженет со сопругата Сања.

На 13 мај 2015 година поднел неотповиклива оставка од функцијата министер за транспорт.[2]

На 20 февруари 2019 година бил уапсен под обвинение дека бил еден од организаторите за Упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година[3], по кое бил пуштен во куќен притвор. На 2 јуни 2019 година бил повторно уапсен под обвинение - продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот бил оштетен за над 2,5 милиони евра[4].

Наводи

уреди
  1. „Брошевите на Владо Димов и долговите за вода“. Novatv.mk. 14-01-2006. Посетено на 1 ноември 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help) [1][мртва врска]
  2. Официјално: Миле Јанакиевски поднесе неотповиклива оставка
  3. „Притвор за Јанакиески и Ристовски“. Телма. 20 февруари 2019. Посетено на 20 февруари 2019.
  4. „Уапсени поранешен министер, нотари и службеници во транспорт за проневера со хотелски парцели и со Шпанските скали“. Телма. 28 јуни 2019. Посетено на 28 јуни 2019.
Политички функции
Претходник
Џемали Мехази
Министер за транспорт и врски
28 август 2006 - 13 мај 2015
Наследник
Владо Мисајловски