КК Работнички
КК „Работнички“ — македонски кошаркарски клуб од Скопје. Клубот е освојувач на 15 Првенствени-титули, десет Куп-титули, како и две Суперкуп-титули. Домашен терен на клубот е салата Градски парк.
КК Работнички | |||
---|---|---|---|
Лига | Прва лига мажи | ||
Основан | 1946 | ||
Сала | Градски Парк | ||
Капацитет | 1,400 | ||
Место | Скопје | ||
Бои на клубот | црвена и бела | ||
Претседател | Ристо Гапиќ | ||
Тренер | Димитар Мираковски | ||
Сопственик | Општина Центар | ||
Позиција 2018/19 | Вицепрвак | ||
Прваци | 15 Прва кошаркарска лига 10 Куп на Македонија 2 Суперкуп на Македонија | ||
Повлечени броеви | 13 | ||
Дресови | |||
|
Фудбал | Кошарка | Ракомет |
---|
Од постоењето на КК Работнички до денес низ овој Клуб продефилирале голем број кошаркари кои, секој на свој начин, дале придонес во развивањето на кошаркарскиот спорт во Македонија и влијаеле на успехот на КК Работнички.
Историја
уредиПочетоци
уредиКошаркарскиот клуб Работнички бил основан во 1946 како дел од "ЖСД Работнички" и е најстар кошаркарски клуб во Македонија. Работнички е основан благодарение на Славко Матовски кој "собрал" група млади ентузијасти и ги подучувал за тајните на овој спорт.
На 2 и 3 август 1946 година, било одржано Првото кошаркарско првенство во Македонија, на изменет терен на Градскиот стадион Скопје, кое всушност служело за квалификафии за Југословенска кошаркарска лига за сезоната 1946. Тоа првенство било во рамките на Вториот фискултурен слет и тогаш учествувале кошаркарските клубови Македонија (за нецела година, по соединувањето на неколкуте спортски друштва, клубот бил преобликуван во Вардар), Работнички, Ванчо Прке од Штип. Тогаш Работнички го победил Ванчо Прке со 30:8. На последниот натпревар Работнички загубил од Македонија со 30:18 и со тоа Македонија се стекнала со право да биде учесник во втората сезона (прва сезона со клубови) на елитната лига. За Работнички тогаш настапувале Славко Матовски, Драган Лукоски - Аџија, Трајан Ивановски, Борис Анастасов, Атанас Радевски, Војче Димитровски, Илија Ќовкаров и др.[1]
Од основањето на клубот повеќе години машката екипа на Работнички биле и Никола Матовски, Лазаревиќ, Христовски, Стојановски, Димовски, Стефан и Тошо Тодоровски, Димовски, Атанасовски. По станувањето на вицепрвак во 1946, Работнички потоа освоил седум Првенства на Македонија (1947, 1948, 1949, 1950, 1951, 1952 и 1953 година). Во 1953 година му успеало да се пласира во елитната Југословенска кошаркарска лига. Работнички се натпреварувал во Првата сојузна лига – Исток, но само една сезона. Од тоа време вреди да се напомни и третото место на Државното младинско првенство во 1957 година.
1960-ти и 1970-ти
уредиСе раѓала нова генерација (Књазев, Фишиќ, Н.Матовски, Дрнков, Мастен, Мировски, Лечиќ…) која го освоила Првенството на Македонија по 8-ми пат во 1961 година и дури во 1964 година се изборила за правото да членува повторно во елитната Прва сојузна лига. Во Првата сојузна југословенска кошаркарска лига, екипата на Работнички играла постојано од 1965 година до распаѓањето на Југославија. Од 1963 година до 1970 година за репрезентацијата на поранешна Југославија настапувале Ј. Луковски и С. Андоновски, а во периодот од 1970 до 1977 година: Боцевски, Радосављевиќ, Георгиевски, Ковачевиќ и Радуловиќ, а воедно Благоја Георгиевски е еден од најистакнатите спортисти на Македонија и еден од ретките македонски спортисти кој ја носи највисоката спортска титула – заслужен спортист на поранешна Југославија. Во сезоната 1975-1976 година стигнал до полуфиналето на Европскиот Куп на Победниците на Куповите.
Под спонзорство на Годел
уредиПо отцепувањето од Југославија, дошло и до распаѓање на Првата и Втората југословенска кошаркарска лига, а кошаркарските клубови од Републиката своите натпревари ги продолжиле во рамките на самата Република. За државното Првенство во 1992/93 од двете кошаркарски лиги – Исток и Запад, првите четири екипи од двете групи го обезбедиле учеството во Првата мак-партнер кошаркарска лига. Од оформувањето на Првата лига (1992) па сè до 2000 година, клубот настапувал како Годел Работнички, под покровителство на кожарското претпријатие "Годел", клубот освоил седум Првенствени титули во 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, како и три Куп титули во 1993, 1994, 1998 година. Во сезоната 1999/00, за првпат откога постоела македонската Прва лига, тимот не освоил титула, бидејќи во финалето загубил од гостиварски Никол Ферт, урнувајќи го митот за непобедливиот "џин".
Ерата на Фершпед
уредиВо сезоната 2000/01, Работнички бил без генерален спонзор, но тоа не го спречило да го освои Првенството. За следната сезона, како нов спонзор на клубот дошол „Фершпед“. Истата сезона, Фершпед Работнички повторно го освоил Првенството, во финалето против Куманово. Во сезоната 2002/03, Фершпед Работнички во лигашкото финале го победил Поло Трејд, додека во Купот 2003 го победил МЗТ Аеродром. Во сезоната 2003/04, Фершпед повторно ја освоил двојната круна, против МЗТ во Првенството, и против Неметали Огражден во Купот. Во истата сезона, во Јужната конференција на ФИБА Европа Купот, Работнички станал вицепрвак. Сезоните 2004/05 и 2005/06, минале во знак на соперништвото со Вардар. За овие две сезони, двете екипи ги играле сите финалиња од Лигата и Купот, сите во полза на Фершпед Работнички. Следната сезона во Лигата, Работнички станал вицепрвак, губејќи во финалето од Струмица 2005, додека во Купот 2007 стигнал до финалето. Клубот добил вајлд карта за учество во Јадранската лига за сезоната 2007/08, но подоцна го откажал учеството.[2] Во сезоната 2007/08, Работнички стигнал до полуфиналето во Првенството и Купот. Во сезоната 2008/09, Фершпед Работнички го освоил домашното Првенство, во Балканската лига станал вицепрвак, додека во Купот стигнал до полуфиналето.
Доскорешни сезони
уредиОд сезоната 2009/10, Работнички останал без генерален спонзор. Во домашното Првенство завршил на шестото место во Супер лигата, а во Купот 2010 до четвртфиналето. Во Балканската лига опстоил само до првата фаза на натпреварувањето. Во сезоната 2010/2011, нов генерален спонзор на клубот бил "КУБУС", при што бил освоен Купот 2011, додека во Првенството било освоено второто место, но по две сезони, спонзорот си заминал. Од сезоната 2011/2012, главен спонзор на клубот е Општина Центар и за сезоната 2012/2013, кошаркарскиот клуб Работнички се трансформирал во Акционерско друштво.[3] Во сезоната 2013/14, Работнички го освоил второто место во Првенството. За следната сезона, Работнички го освоил Купот на Македонија 2015. Во Првенството 2014/2015, Работнички бил елиминиран во полуфиналето од Куманово 2009.[4][5] Во 2015 година, Работнички се натпреварувал во обновениот Суперкуп, станувајќи вицепрвак во тоа издание. Истата сезона стигнал до четврфиналето во Првенството и Купот. Работнички сезоната 2016/17, стигнал до полуфиналето во Купот 2017 и Првенството. Во сезоната 2017/18, Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството, по пауза од девет години, Работнички повторно бил првак. Клубот станал првиот клуб кој стигнал до десеттата титула во Купот, откако го освоил изданието 2019. Подоцна во јуни, Работнички бил поразен во финалето на Првенството.
Повлечени броеви
уредиПоради смртта на Благоја Георгиевски, играч на Работнички од 1968 до 1984 година и синоним на македонската кошарка во времето на СФР Југославија, Работнички го повлекол број 13 од употреба во клупските дресови.[6]
Постигнувања
уреди- Прва македонска кошаркарска лига (15): 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2009, 2018
- Куп на Македонија (10): 1993, 1994, 1998, 2003, 2004, 2005, 2006, 2011, 2015, 2019
- Суперкуп на Македонија (2): 2001, 2011
- Прва Б југословенска кошаркарска лига (2): 1985, 1991
- БИБЛ лига: вицепрвак 2009
- Куп на победниците на куповите: полуфинале 1976
- ФИБА Еврокуп Челенџ - Јужна Конференција: вицепрвак 2004
Сезона 2020/2021
уредиСоставот на Работнички за сезоната 2020/2021
број | име | висина (см) |
позиција | години | националност | пристигнал во (година) |
претходен клуб |
---|---|---|---|---|---|---|---|
11 | Кирил Николовски (к.) | 210 | Крилен центар / Центар |
32 | Македонија | 2017 | Карпош Соколи |
15 | Љубомир Младеновски | 207 | Центар | 25 | Македонија | 2019 | МЗТ Аеродром |
Димитар Караџовски | 190 | Бек | 36 | Македонија | 2021 | Кожув | |
10 | Марјан Младеновиќ | 180 | Разигрувач | 33 | Македонија | 2020 | Куманово 2009 |
4 | Петар Бошалески | 16 | Македонија | 2020 | |||
Филип Георгиевски | 17 | Македонија | 2021 | ||||
Карло Блажевски | 17 | Македонија | 2021 | ||||
Паоло Блажевски | 17 | Македонија | 2021 | ||||
Горазд Величковски | 17 | Македонија | 2021 | ||||
25 | Виктор Ефремовски (зам. к.) | 191 | Крило | 22 | Македонија | 2015 | Вардар |
14 | Василиј Србиноски | 16 | Македонија | 2020 | |||
35 | Андреј Шошкиќ | 16 | Македонија | 2021 | |||
23 | Лука Јанкоски | 20 | Македонија | 2021 | |||
32 | Дамиер Питс | 177 | Разигрувач | 31 | САД | 2020 | Шопрон |
24 | Филип Бундовиќ | 206 | Центар / Крилен центар |
27 | Хрватска | 2021 | Цибона |
9 | Мирко Мулалиќ | 194 | Бек | 33 | Словенија | 2021 | Цедевита Олимпија |
0 | Рајнер Торнтон | 201 | Бек / Крилен центар |
23 | САД | 2021 | Мемфис Хасл |
7 | Иван Аска | 201 | Крилен центар | 30 | Американски Девствени Острови | 2021 | Хапоел Хевел |
Извор: Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 4 ноември 2020 г. eurobasket.com
Меѓународни натпреварувања
уреди
|
1 Работнички првично бил избран во групата, но потоа се повлекол од натпреварувањето. 2 Реванш натпреварот завршил со резултат од 70:70. Немало потреба да се потреба да се игра продолжение бидејќи вкупниот резултат од двата натпревари одел во полза на противникот на Работнички.
|
Поважни кошаркарски имиња
уреди
|
|
|
Извор:eurobasket.com
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Миодраг Мицковиќ (25 март 2020). „Спортски времеплов: Кошарка на фудбалски терен“. ekipa.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2020-03-25. Посетено на 25 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Фершпед Работнички ќе игра во Јадранска лига[мртва врска] vest.com.mk 24 март 2007
- ↑ Регистар на професионални спортски клубови трансформирани во акционерски друштва Архивирано на 29 јули 2014 г. ams.gov.mk 17 септември 2012
- ↑ Работнички на колена, Куманово е во финалето! Архивирано на 25 мај 2015 г. ekipa.mk 24 мај 2015
- ↑ Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015
- ↑ „Во чест на Буштур, Работнички го повлекува дресот со број 13“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 31 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-31. Посетено на 1 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)