5 февруари
датум
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | ||||
2023 |
5 февруари — 36-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 329 денови до крајот на годината (330 во престапна).
Настани:
1576 | Анри Наварски, подоцна познат како прв бурбонски крал Анри IV, се преобратил од протестант во католик за да си го осигура францускиот престол. |
1924 | Кралската опсерваторија во Гринич, Англија започнала да емитува радиосигнал за точно време на секој час. |
1958 | Гамал Абдел Насер, еден од основачите на Движењето на неврзаните, бил избран за претседател на Египет. |
1994 | За време на војната во Босна и Херцеговина, над 60 луѓе загинале и уште 200 биле ранети на пазарот во Сараево од топовска граната испалена од српските позиции. |
Родени:
1808 | Жорис-Карл Уисманс — француски писател. |
1848 | Карл Шпицвег — германски сликар и поет. |
1914 | Вилијам Бароуз — американски писател. |
1932 | Чезаре Малдини — италијански фудбалер и тренер. |
1943 | Мајкл Мен — американски филмски режисер. |
1946 | Шарлот Ремплинг — англиска глумица. |
1948 | Барбара Херши — американска глумица. |
1963 | Горан Јуриќ— хрватски фудбалер. |
1964 | Лора Лини — американска глумица. |
1964 | Стојна Вангеловска — македонска и југословенска кошаркарка. |
1965 | Георге Хаџи — романски фудбалер. |
1966 | Рок Петрович — словенечки и југословенски скијач. |
1976 | Тони Џа — тајландски глумец. |
1980 | Петар Караѓорѓевиќ — син на Александар II Караѓорѓевиќ. |
1978 | Самуел Санчес — шпански велосипедист. |
1980 | Маркел Иризар — шпански велосипедист. |
1984 | Карлос Тевез — аргентински фудбалер. |
1985 | Кристијано Роналдо — португалски фудбалер. |
1986 | Ведран Чорлука — хрватски фудбалер. |
1992 | Нејмар — бразилски фудбалер. |
1992 | Стефан де Фрај — холандски фудбалер. |
1995 | Аднан Јанузај — белгиски фудбалер. |
Починале:
1881 | Томас Карлајл — шкотски сатиричар, есеист и историчар. |
1947 | Ханс Фалада — германски писател. |
1974 | Мануел дос Реис Машадо — мајстор по афробразилската боречка вештина. |
1999 | Василиј Леонтјев — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1973 година. |
2008 | Махареши-Махеш Јоги — творец на трансценденталната медитација. |
2020 | Кирк Даглас — американски глумец. |
2021 | Кристофер Пламер — канадски глумец. |