Хазби Лика (албански: Hazbi Lika; Тетово, 19 април 1972) — македонски политичар, поранешен член на терористичка ОВК и ОНА и поранешен градоначалник на Тетово. На 27 јуни 2003 бил назначен на местото заменик министер за внатрешни работи.[1]

Хазби Лика
Вицепремиер за Рамковниот договор
На должноста
1 јуни 2017 – 26 јуни 2019
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Зоран Заев
Градоначалник на општина Тетово
На должноста
2005 – 2009
Наследник Сади Беџети
Лични податоци
Роден(а) 19 април 1972(1972-04-19)(52 г.)
Тетово, СР Македонија
Националност Албанец
Партија ДУИ
Установа универзитет во Приштина
Професија доктор по филолошки науки
Вероисповед ислам
Воена служба
Род ОВК
ОНА
Битки/војни Косовска војна
Воен конфликт во Македонија, 2001
Масакр кај Вејце

Лика бил командант во Тетовско за време на конфликтот во 2001 година и е едно од имињата од ОНА што најмногу се споменуваа дека стојат зад масакрот на македонските безбедносни сили во Вејце.[2] Лика бил командант на 112. бригада на ОНА.[3] Бил градоначалник на Тетово од 2005 до 2009 година.[4]

Според „Нова Македонија“, Лика ја оштетил општина Тетово за три милиони евра додека раководел со неа.[5] Тој денес е член на ДУИ и претседател на партискиот огранок во Тетово. Во 2017 бил именуван за вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор во владата на Зоран Заев.

Наводи

уреди
  1. „Пратенички состав: Хазби Лика“. Sobranie.mk. 2003. Посетено на 2015-06-06.
  2. „За бранителите апс, за џелатите власт“. Дневник. 18 март 2006. Посетено на 2015-06-06.
  3. „Хазби Лика ја знае судбината на киднапираните Македонци“. Дневник. 18 март 2006. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-06-06.
  4. „Превирања во ДУИ пред конгресот“. Нова Македонија. 23 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 2009-11-27. Посетено на 2015-06-06.
  5. „Хазби Лика ја оштетил општината Тетово за три милиони евра“. Нова Македонија. 28 мај 2009. Посетено на 2015-06-06.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди