01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

22 јуни — 173-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (174-ти во престапна година). Остануваат 192 дена до крајот на годината. Настани:

217 п.н.е.  Птоломеј IV го поразил Антиохиј III од Селевкидското кралство во Битката кај Рафија (денешна Рафа на границата помеѓу Палестина и Египет).
168 п.н.е.  Четврта македонско-римска војна: Во Битката кај Пидна, Римската Република ја поразила војската на македонскиот крал Персеј од антигонидската династија.
1633  Светата канцеларија во Рим го принудила Галилео Галилеј да се откаже од неговите научни тези дека Сонцето, а не Земјата, е центар на вселената.
1815  Наполеон абдицирал по вторпат по поразот во Битката кај Ватерло.
1889  Германија под водство на канцеларот Ото фон Бизмарк прва во светот вовела пензиски систем за работниците, земјоделците, занаетчиите и слугите постари од 70 години.
1941  Втора светска војна: Почеток на операцијата „Барбароса“ — Германија го нападна СССР.
1976  Во Долниот дом на канадскиот Парламент е изгласано укинувањето на смртната казна.
1978  Откриен е Харон, сателитот на џуџестата планета Плутон.

Родени:

1767  Вилхелм фон Хумболт — германски хуманист, основач на Универзитетот Хумболт во Берлин.
1837  Пол Морфиамерикански шаховски велемајстор.
1898  Ерих Марија Ремарк — германски писател.
1907  Алберто Моравија — италијански писател.
1936  Крис Кристоферсон — американски кантри-пејач и глумец.
1943  Клаус Марија Брандауер — австриски глумец и режисер.
1947  Пит Маравич — американски кошаркар.
1948  Тод Рундгрен — американски рок-музичар и музички продуцент.
1949  Мерил Стрип — американска глумица.
1949  Џуна — руски исцелител.
1953  Синди Лопер — американска поп-пејачка.
1960  Драган Спасески — македонски поет и сликар.
1962  Клајд Дрекслер — американски кошаркар.
1964  Ден Браунамерикански писател.
1975  Андреас Кледен — германски велосипедист.
1979  Тома Веклер — француски велосипедист.
1980  Атанас Николовски — македонски кајакар.
1984  Јанко Типсаревиќ — српски тенисер.
1987  Дени Грин — американски кошаркар.
1989  Зоран Драгиќ — словенечки кошаркар.
1996  Родри — шпански фудбалер.
1996  Микел Мерино — шпански фудбалер.

Починале:

1276  Инокентиј V — римски папа.
1535  Џон Фишер — англиски римокатолички епископ.
1969  Џуди Гарланд — американска филмска глумица и пејачка.
1972  Владимир Дурковиќ — српски и југословенски фудбалер.
1987  Фред Астер — американски глумец и танчер.
1995  Леонид Дербењов — советски и руски поет.
2004  Драган Геров — македонски новинар.
2015  Џејмс Хорнер — американски композитор на филмска музика.
2018  Вини Пол — американски рок-тапанар, член на групата „Пантера“.