Илија Димовски
Илија Димовски (10 август 1980, Титов Велес) — македонски политичар.
Илија Димовски | |
---|---|
Илија Димовски во 2022 година | |
Пратеник | |
На должноста 2006–2020 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 10 август 1980 Титов Велес, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Установа | Правен факултет „Јустинијан I“ - Скопје |
Професија | правник |
Младост, образование и рана кариера
уредиТој е роден на 10 август 1980 година во Титов Велес. Неговите родители имаат потекло од село Врбјани, охридско и село Ораов Дол, Азот. Како средношколец бил активен во различни дебатни натпревари. Бил меѓународен тренер за дебати. Како хоби се занимава со историја и планинарење. Дипломирал како правник на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје. Постдипломец на Правен факултет „Јустинијан Први“- Скопје.
Политичка кариера
уредиИлија Димовски од 2006 година до 2020 бил пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2007 до 2015 година Димовски бил Директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Од 2015 година бил координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
Како пратеник во Собранието бил член на Национален совет за евроинтеграции, на Совет на Собранискиот канал, како и на неколку комисии. Шеф бил и на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот, како и член на неколку пратенички групи за соработка со други парламенти.[1]
Активности во Сообранието
уреди- Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, член
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател
- Комисија за локална самоуправа, заменик-член
- Комисија за надворешна политика, заменик член
- Анкетна комисија за настаните во Собранието на Република Македонија случени на 1 јули 2010 година, член
- Совет на Собранискиот канал, член
- Постојано анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Медитеранот, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Унгарија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, претседател [2]