01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

21 јуни — 172-риот ден во годината според грегоријанскиот календар (173-ти во престапна година). Остануваат 193 дена до крајот на годината. Исто така е најдолг ден во годината на северната полутопка, односно најкраток на јужната. И започнува летото, односно зимата.

Во астрономијата - вообичаената дата на која настапува сончева пресвртница, односно денот на кој сонцето изгледа како да седи во место.

Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак рак.

Настани:

1818  Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот.
1935  Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата.
1963  Франција ги повлече поморските сили од НАТО.
1990  Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна.
1994  Република Македонија и Република Киргистан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.
1994  Почна пописот на населението, домаќинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија.
1996  Република Македонија и Туркменистан воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

Родени:

1002  Лав IXримски папа.
1781  Симеон Дени Поасон — француски математичар и физичар.
1839  Мачадо де Асис — бразилски писател.
1905  Жан Пол Сартр — француски филозоф и писател.
1921  Џејн Расел — американска глумица.
1935  Франсоаз Саган — француска писателка.
1948  Јован Аќимовиќ — српски и југословенски фудбалер.
1954  Бранко Цветкоски — македонски поет.
1955  Мишел Платини — француски фудбалер.
1961  Ману Чао — француско-шпански музичар.
1973  Џулиет Луис — американска глумица и пејачка.
1973  Иван Аџиќ— српски фудбалер.
1982  Вилијам — британски престолонаследник.
1983  Едвард Сноуден — американски разоткривач.
1985  Лана Дел Реј — американска пејачка и продуцентка.
1990  Сандра Перковиќ — хрватска атлетичарка.
1990  Павел Заторски — полски одбојкар.
1995  Дарко Велковски — македонски фудбалер.

Починале:

1377  Едвард IIIкрал на Англија.
1874  Јонас Ангстрем — шведски физичар и астроном.
1945  Јозеф Хора — чешки поет.
1949  Јохан Фридрих Хегер — германски архитект.
2001  Џон Ли Хукер — американски блуз-музичар.
2003  Данка Сирфова — македонска оперска пејачка.
2012  Ана Шварц — американска економистка.

1906 Петар (Пешо) Самарџиев 1877-1906 Тиквешки војвода