17 септември
датум
17 септември — 260-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (261-и во престапна година). Остануваат 105 денови до крајот на годината.
Настани:
1685 | Лондон го зафатила голема епидемија на чума од која умреле околу 70.000 луѓе. |
1939 | Советските единици врз основаа на договорот Рибентроп-Молотов ја нападнале Полска и ги зазеле источните делови. Во нападот се заробени 180.000 војници и околу 9.000 офицери, а потоа почнало ликвидирањето на заробените Полјаци. |
1943 | Во селото Подвис, кичевско почнало да работи првото училиште на македонски јазик. |
1978 | Во вилата Кемп Дејвид завршиле разговорите помеѓу египетскиот претседател Садат, израелскиот премиер Бегин и американскиот претседател Картер. Притоа, биле потпишани два документа: рамки за мир на Блискиот Исток и рамки за мировен договор помеѓу Египет и Израел. |
1996 | Во Пекинг, на Конференцијата на интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата на средоземни земји. |
Родени:
Починале:
1665 | Филип IV — крал на Шпанија. |
1836 | Антоан Лоран де Жисје — француски ботаничар, класификатор на цветните растенија. |
1924 | Чудомир Кантарџиев — бугарски револуционер. |
1961 | Даг Хамаршелд — генерален секретар на ООН. |
1970 | Франце Бевк — словенечки писател. |
1985 | Џулијан Бек — американски режисер. |
1994 | Карл Попер — австриско-британски филозоф. |
2021 | Миња Субота — српски композитор, музичар и забавувач. |