Гоце Ангеличин Жура

Гоце Ангеличин Жура (Охрид, 1951 - Охрид, 1 април 2019) — македонски историчар на уметност, истражувач и археолог.

Гоце Ангеличин Жура
Роден(а)1951
Охрид, СФРЈ СФР Југославија денес Македонија Македонија
Починал(а)1 април 2019
Охрид, Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањеисторичар на уметност, истражувач и археолог

Животопис

уреди

Жура е роден во Охрид во 1951 година. Основно и средно образование завршил во родниот град, а Философски факултет - група Историја на уметност и археологија, прва генерација, во Скопје. Прво вработување му било во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид во 1980 год., каде што непрекинато бил во работен однос до смртта како историчар на уметноста во сегашно звање музејски советник. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот "Св. Климент Охридски" за 2007 година.

Починал во Охрид на 1 април 2019 година.[1]

Примарна дејност

уреди

Во рамките на своите заводски задолженија како раководител на ресорот за “Фрескоживопис и иконопис од X до XIX век во Охрид и охридскиот регион“, вршел перманентен увид во состојбата на спомениците на културата.Тој е основоположник и втемелувач на теренските истражувања на пештерските цркви и монашки живеалишта во охридско-преспанскиот регион. Прв истражувач е на црквите од турскиот период во поширокиот регион на Преспа и Москополе – Р.Албанија, што резултира со откривање нови ликови на Светите Климент и Наум кои пополнуваат една голема празнина за овој период. Истражувањата исто така разултираат и со огромна фото документација, драгоцена за идните генерации и науката во целост.

Гоце Ангеличин Жура ја применил својата стручна информираност во многу јавни настапи низ аудио-визуелните медиуми и печатот, како и со соработка на дигитални проекти, со што придонел за значително поголем интерес на пошироката јавност за вредностите на средновековната уметност. Свои стручно-научни трудови има презентирано на бројни научни собири во Македонија и во странство. Има објавено шеесетина труда во периодиката меѓу кои се и книгите :

  • Страници од историјата на уметноста во Охрид и охридско (XV –XIX век),Охрид 1997;
  • Пештерните цркви на брегот на Охридското Езеро,Охрид 2000;
  • Пештерните цркви во охридско-преспанскиот регион (Р Македонија,Р.Албанија, Р.Грција),Охрид 2005;
  • Охридски митрополитски кодекс /соавтор/,Охрид 2005;
  • Христијански храмови и свети места во охридско,Охрид 2007;
  • Поглавари на Охридската црква, Охрид 2008;
  • Црквата Света Богородица,с.Велестово,Охрид 2008.

Поважни стручни прилози

уреди
  • Прилог кон проучување на охрискиот иконопис од XVII и XVIII век, Ликовна уметност, Друштво на Историчари на уметност на Македонија, 10-11(1983- 84), Скопје 1985;
  • Некои согледувања за црковните споменици од XIX до XX век во охридскиот крај,исто..12-13,Скопје 1987;
  • Црквата “Св.Ѓорѓи” во с.Врбјани-охридско, Лихнид, бр.6, Охрид 1988;
  • Приказ на охридски икони од поствизантискиот период, Културно наследство, XII – XIII, Скопје 1988;
  • Документи за црковните енории во Охрид од крајот на XVII век, Гласник на ИНИ,год.XXXVI, бр.1-2, Скопје 1992;
  • Богородичината црква во с. Турје, охридско, Зборник Н.С., бр.1, Музеј на Македонија, Скопје 1993;
  • Уште едно необјавено иконописно дело на зографот Димитар, Светиклиментово слово, Црковен Алманах, Охрид, 1994;
  • Новооткриена пештерна црква на брегот од Охридското Езеро, Списание за изобразително искуство / ИЗКУСТВО АРТ/, Софија, бр. 18, 1994;
  • Новооткриени средновековни портрети на св. Наум Охридски и охридскиот архиепископ Прохор, Културен живот, бр.1-2,Скопје 1995;
  • Ѕвоно со ликот на ‘ Св. Наум’ македонија, Илустрирано списание на Матица на иселениците од Македонија, бр.5О4,IV, Скопје 1995;
  • Краток опис на иконата’ Пресвета богородица со Христос’, Пелагонитиса, / Списание за православна вера,култура, образование и уметност/година прва, бр.1, Битола 1996;
  • Црквата “ Св. Богородица пречиста – Ќелија” с. Велмеј – охридско, Културно наследство, 19-2о-21/1992-93-94/, Скопје 1996;
  • Иконата на “ Свети Јован Претеча” од црк. Св. Ѓорѓи во Охрид, Пелагонитиса….бр.3-4,Битола, 1997;
  • Ликот на “ Свети Климент Охридски” во пештерската црква “ Рождество Богородичино” во манастирскиот комплекс Калишта, ICOM, Меѓународен совет на музеите, MUSEOLOGICA,56,Скопје 2001;
  • Топографија на христијанските сакрални објекти во Охридскиот регион, Пелагонитиса...год.VIII, бр.13-15, Битола 2003;
  • Претстави на локални светители во Москополските цркви Св. Никола и Св,Атанасиј, Симпозиум 1ОО години од прокламирањето на имеријалниот акт ИРАДЕ, Битола, 2005;
  • Пештерските цркви во Охридско-преспанскиот регион, Зборник Радова,4,Ниш,2006;
  • Непознати ликови на Свети Климент во средновековните цркви, Прва научна средба, Св. Климент Охридски, живот-дејност,НУБ, Скопје 2007;
  • Нов археолошки налаз у Охриду, дали је откривен катедрални храм Самуилове Патријаршије? Зборник Матице Српске за ликовне уметности, Нови Сад 2008
  • Црквата Светите 40 маченици во Охрид, Диана, оделење за превентивну заштиту – Народни музеј у Београду, број 12, 2008
  • Два прилога за познавање на поствизантиската уметност во охридско-преспанскиот регион, Културно наследство, 34, Скопје 2008
  • Мистиката на пештерните храмови во охридско-преспанскиот регион, Македонски фолклор, година XXXIV, број 65, Скопје 2008
  • Ликови на светители во москополски цркви (Р.Албанија), ПАТРИМОНИУМ.МК. Списание за културно наследство, година 2, број 3-4, 5-6, Скопје 2009

Наводи

уреди
  1. „Почина историчарот на уметност Гоце Ангеличин Жура“. Архивирано од изворникот на 2019-04-02. Посетено на 2019-04-02.

Надворешни врски

уреди