Зоран Верушевски

политичар

Зоран Верушевски — директор на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија во 1998 година.

Зоран Верушевски
Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање
На должноста
1998 – 1998
Претседател Киро Глигоров
Претходник Добри Величковски
Наследник Бојан Бојановски
Лични податоци
Националност Македонец

Животопис

уреди

Зоран Верушевски докторирал во 1992 година на Факултетот за безбедност во Скопје. Во текот на својата кариера надвор од МВР, работел како декан на ФОН Универзитет на Факултетот за детективи и безбедност.

Во 1998 година станал за првпат директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, но по промена на власта, тој бил разрешен. Во 2002 година, по победата на СДСМ на Парламентарните избори, Верушевски бил по вторпат назначен за директор на УБК. Претходно, во 2001 година избувнала т.н. „Афера Прислушкување“, а како главен и одговорен кој успеал да ги земе материјалите со прислушкуваните разговори бил токму Верушевски, кој подоцна му ги предал материјалите на Бранко Црвенковски.

Зоран Верушевски во 2006 година официјално бил именуван за советник во македонската амбасада во Рим. Истата година ги обвинил службите дека му подготвуваат атентат, откако неговиот син бил обвинет за недозволено држење оружје.

На 23 јануари 2015 година бил уапсен во т.н. полициска акција „Пуч“ под сомнение дека нелегално поседувал оружје и детска порнографија. Подоцна, на Верушевски му бил продолжен притворот под сомнение за шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи[1]. Освен Верушевски, во акцијата била приведена и неговата сопруга која му помагала при извршувањето на делата, како и локален функционер од Општина Струмица, додека водачот на опозицијата Зоран Заев бил обвинет за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Во ноември 2019 година според судските органи, му била дадена отштета од 42.000 евра, за временскиот период од 344 дена кој го поминал во притвор за случајот Пуч по ослободителната пресуда.

Поврзано

уреди
Политички функции
Претходник
Добри Величковски
Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање
1998
Наследник
Бојан Бојановски

Наводи

уреди