Мето Петровскимакедонски снимател, филмски и телевизиски режисер, роден во 1935 година во с.Иванчишта, Кичевско. Завршил Филмска школа во Белград, на отсекот за филмски снимател, а специјализирал во Загреб.

Мето Петровски
Роден 1935
Иванчишта, Кичевско, Кралство Југославија (денешна Македонија Македонија)
Починал 22 август 2019
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање режисер
снимател

Режирал повеќе од 60 документарни и кусометражни филмови и многу телевизиски емисии. Се вработил во Вардар Филм и како режисер дебитирал со докуменатарниот филм „Селидби“.[1] Со документарниот филм „Вирово“ учествувал на Филмскиот фестивал во Кан, Франција.

Добитник е на наградата Златен медал на фестивалот за краток филм во Белград, Србија и други награди и признанија.[2]

Починал на 22 август 2019 во Скопје.

Наводи

уреди
  1. Македонска ретроспектива
  2. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 7, стр. 170