01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

5 јуни — 156-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (157-ми во престапна година). Остануваат 209 дена до крајот на годината.

Настани:

1827  Во турско-грчката војна, турската војска го освоила Акропол и влегла во Атина.
1944  Втора светска војна: Над 1.000 британски бомбардери исфрлиле преку 5.000 тони бомби над Нормандија, во подготовка на десантот следниот ден - Денот Д.
1947  Во говорот пред Харвардскиот универзитет, државниот секретар на САД Џорџ Маршал предлага економска помош за обнова на западна Европа - зачеток на тн. Маршалов план.
1968  Претседателскиот кандидат во САД Роберт Кенеди е застрелан во Лос Анџелес од палестинецот Сирхан Сирхан и умрел следниот ден.
1972  Во Стокхолм е одржана Првата конференција на ОН за животна средина. Оттогаш 5 јуни е прогласен за Светски ден за заштита на животната средина.
1992  Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија.

Родени:

469 п.н.е.  Сократ — атински филозоф.
1341  Едмунд — Прв војвода од Јорк.
1723  Адам Смит — шкотски економист и филозоф, основоположник на современата економија.
1819  Џон Куч Адамс — англиски астроном и математичар.
1878  Панчо Вилја — мексикански револуционер.
1898  Фредерико Гарсија Лорка — шпански поет и драматург.
1901  Анастасија Николаевна Романова — најмладата ќерка на Николај II.
1931  Антун Врдољак — хрватски глумец, режисер и политичар.
1931  Жак Деми — француски режисер.
1933  Велимир Бата Живоиновиќ — југословенски и српски глумец.
1946  Стефанија Сандрели — италијанска глумица.
1947  Лори Андерсон — американска авангардна музичарка.
1955  Питер Ерскин — американски џез-музичар, член на групата Ведер рипорт (Weather Report).
1955  Аки Рахимовски — хрватски пејач, член на групата Парни валјак.
1967  Јан Питлик — дански ракометен тренер.
1971  Марк Волберг — американски глумец.
1979  Антонија Шола — хрватска пејачка.
1981  Карлос Баредо — шпански велосипедист.
1991  Мартин Бејтвејт — дански фудбалер.
1997  Киран Тирни — шкотски фудбалер.
1998  Јулија Липницкаја — руска уметничка лизгачка.

Починале:

1296  Едмунд — Прв Ерл од Ланкастер.
1316  Луј Xкрал на Франција.
1826  Карл Марија фон Вебер — германски композитор (р. 1786.).
1970  Џузепе Унгарети — италијански поет.
2004  Роналд Реганпретседател на САД (р. 1911.).
2015  Ник Марш — рок-пејач, член на групата „Флеш фор Лулу“ (Flesh for Lulu.

Празници:

Светски ден за заштита на животната средина.