Катица Јанева
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Катица Јанева (родена Делиџакова,[1] на 9 февруари 1965 година)[2] — поранешен специјален јавен обвинител[3] за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во Македонија.
Животопис
уредиКатица Јанева е родена на 9 февруари 1965 година. Татко ѝ бил преседател на Основниот суд во Гевгелија.[1][4]
Студирала на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од 1983 до 1989 година, а правосудниот испит го положила во 1996 година.[2]
Во 1998 година, таа се вработила како стручен соработник во Судот во Гевгелија.[4]
Јанева, својата кариера во Обвинителството во Гевгелија ја започнала во 2003 година како помошник обвинител. Во 2009 е именувана за обвинител.[2][4] Во 2010 година е избрана од Советот на јавни обвинители за шеф на Основното јавно обвинителство Гевгелија.[4]
Јанева завршила обуки за организиран криминал и корупција во Италија. Била на студиски патувања во САД и била едукатор на неколку програми на Академијата за судии и обвинители.[4][5]
Во 2019 таа е упасена поради тоа што учествувала во случајот "Рекет" како трета осмничена.
Кариера во Специјалното јавно обвинителство
уредиНа 15 септември 2015 година на острана на Собранието на Република Македонија едногласно е избрана за специјален јавен обвинител кој ќе раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.[5]
Нејзиниот избор за специјален обвинител, според некои извори, бил изненадување, зашто по Пржинските преговори во игра биле многу попознати правници.[6]
Според законот за основање на ова Обвиниистелство таа, како специјален јавен обвинител, располага со неограничен буџет, со право да ги избира своите соработници и со право да воспоставува надлежност врз веќе започнати предмети за кои СЈО има дополнителни докази.[5] Дел од ингеренциите на специјалниот јавен обвинител дефинирани во Закоонот за СЈО се пренесени во продолжение:
- Член 22: „Јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземање на предметите и материјалите во негова надлежност.“[7]
- Член 9 став 2: „Јавните обвинители немаат право да донесуваат наредби и обвиненија, а имаат право да го застапуваат Јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство пред надлежен суд“.[7]
Според Член 9 став 2 Катица Јанева, како специјален јавен обвинител е единствената која има право да донесува наредби, одлики од обвиненија.[7]
Решенијата од Законот СЈО предвидуваат целосна независност на овој специјален јавен обвинител од Јавениот обвинител на Република Македонија, со тоа што предметите целосно ќе се реферираат само пред СЈО без знаење на било кој обвинител од редовното обвинителство кои не се дел од тимот на СЈО.[7]
Мандатот на Катица Јанева како специјален обвинител истекува на 15 септември 2019 година. Со оглед на несогласувањата помеѓу опозицијата (ВМРО-ДПМНЕ) и Владата (предводена од СДСМ и ДУИ) на 15 јули 2019 година таа поднесува оставка.[8][9][10][11] Во оставката наведува:
- „Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена“[11]
Контроверзи
уредиВо 2018 година сестрата на обвинителката Јанева, Лилјана Делиакова е предложена од страна на Владата, а од Собранието е избрана за заменик-претседател на Комисијата за хартии од вредност.[12] На позиција претседател на Комисјата е избрана Нора Алити (поранешната пратеничка на ДУИ и ќерка на водачот на ПДП Абдурахман Алити)[12][13]
Според изјавата на обвинителката Лиле Стефанова, но и според законот за СЈО сите[7] Катица Јанева е единствената која има право да донесува одлики во име на СЈО. Во ова спаѓаат и одлуките за излегување од притвор и негова замена со домашен притвор, како и за враќање на пасошите на Сашо Мијалков и Јордан Камчев.[14][15]
Оставката на функцијата специјален јавен обвинител ја поднесува на 15 јули 2019 година, неколку часа пред започнување на прес конференцијата од страна на (реовното) Основно јавно обвинителство во која двајца се осомничени за изнудување на големи суми на пари за влијание врз некој јавен обвинител. На конференцијата за печатобвинителката Вилма Русковска вели дека:
- „Истражната постапка се води затоа што во периодот од месец ноември 2018-та, до април 2019-та, првоосомничениот искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител влијаел во истрага да се олесни постапката на едно осомничено лице, а второто лице континуирано договарало средби. На средбите, тие ги увериле сведоците дека првоосомничениот има влијание врз обвинителот и барале 1.500.000 евра за да го искористи тоа влијание. Тие пари, во два наврати им се исплатени. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците и на првоосомничениот. Биле побарани вкупно 8.000.000 евра за да се запре предистражната постапка, а доколку таа не биде запрена, за делото да има олеснителни околности, тогаш тој требало да им исплати 5.000.000 евра, во кои влегувале и претходно дадените пари. Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат суксесивно на четири рати.“
Истиот ден (15 јуни 2019) на граничен премин со Грција уапсен е Бојан Јовановски познат како Боки 13, а во Скопје уапсен е Зоран Милевски (Кичеец). Двајцата се ставени во притвор, а на Катица Јанева истата вечер одземен ѝ е едниот телефон.[16]
Утредента (на 16 јули 2019) дел од вработените (обвинители и друг персонал) од СЈО одржуваат конференција за печат која ја предводи обвинителката Ленче Ристоска. Таа конференцијата за печат ја започнува со зборовите:
- „...Денес не стојам само во мое лично име тука, туку стојам во име на сите обвинители кои се зад мене, како и на дел од обвинителите кои ни се на годишен одмор. Тоа се: обвинителот Рустени, обвинителот Донев и обвинителката Фетаи меѓутоа стојам и во име на целиот истражителски тим и во име на цеокупната стручна служба од ова јавно обвинителство.“[17]
Катица Јанева не е присутна на таа прес конференција.[17]
На 21 август 2019 година била приведена и однесена во Кривичниот суд.[18], каде се задржала до 19 ноември 2019 година кога била пуштена во куќен притвор.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Катица Јанева „жесток костен", аферата „Пуч"“. a1on.mk. 15 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Биографија на Катица Јанева
- ↑ Катица Јанева ќе биде специјален обвинител
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Која е Катица Јанева, специјалниот обвинител за „Пуч" и „Прислушување"“. Правдико. 15 септември 2015. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Ивана Костовска (15 септември 2015). „Јанева со неограничен буџет и право да ги избира соработниците“. Prizma.mk (БРИН Македонија). Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 6,0 6,1 Владо Апостолов (15 јули 2019). „Со изненадување дојде, со изненадување заминува“. Prizma.mk (БРИН Македонија). Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Саше Димовски (15 септември 2015). „Тесно скроен закон за специјален обвинител“. Prizma.mk (БРИН Македонија). Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 8,0 8,1 Редакција Фокус (16 јули 2019). „Јанева поднесе оставка: Нема да бидам алиби со кое во заложништво се држи СЈО!“. Неделник Фокус (online издание). Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 9,0 9,1 „Катица Јанева поднесе неотповиклива оставка во СЈО“. курир.мк. 15 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 10,0 10,1 Makfaks (15 јули 2019). „Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка“. Makfaks. Посетено на 15 јули 2019.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 Плусинфо (15 јули 2019). „Катица Јанева поднесе оставка!“. Плусинфо. Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 „Алити од ДУИ и сестрата на Јанева предложени за претседателка и заменичка на КХВ“. Плусинфо. 7 мај 2018. Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 13,0 13,1 Република Online (7 мај 2018). „За искуството 1500 евра: Биографијата на сестрата на Катица срочена во десет збора“. Република.мк. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 14,0 14,1 А1он.мк (16 јули 2019). „Стефанова: Катица потпишуваше сѐ - не се мои предлозите за пуштање од притвор и за пасошите“. А1он.мк. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 15,0 15,1 Republika.mk (16 јули 2019). „Мислењата за пуштање од куќен притвор и враќањето на пасошите се потпишани од Јанева“. Republika.mk. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 16,0 16,1 Republika.mk. „Одземен мобилниот телефон на Катица Јанева“. Republika.mk. Архивирано од изворникот на 2019-07-16. Посетено на 16 јули 2019.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 Ристоска и обвинителите: Загрижени сме за случувањата со истрагата на YouTube
- ↑ Вест за приведувањето