27 јуни — 178-миот ден во годината според грегоријанскиот календар (179-ти во престапна година). Остануваат 187 дена до крајот на годината.

01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

Настани уреди

1858  Со мирот во Тјенѓин завршил првиот дел на Втората опиумска војна.
1931  Руско-американскиот авиоконструктор Игор Сикорски го патентирал хеликоптерот.
1941  Унгарија и Финска му објавија војна на СССР.
1950  Во ФНРЈ е донесен Законот за работничко самоуправување.
1950  Студена војна: САД решиле да интервенираат во Корејската војна.
1954  Првата атомска централа во светот е отворена во Обнинск, СССР.
1967  Првиот банкомат во светот е пуштен во работа во Лондон.
1979  Мухамед Али го објавува своето повлекување од боксот.
1991  Започнала десетдневната војна за независност, во која Територијалната одбрана на Словенија ја принудила ЈНА на повлекување.


Родени уреди

1850  Јорген Грам — дански математичар.
1869  Ема Голдманамериканска анархистка и феминистка со потекло од Литванија.
1872  Хебер Кертисамерикански астроном.
1908  Жоао Гимараеш Роза - бразилски писател.
1936  Велко Силјаноски — македонски професор.
1941  Кшиштоф Кишловскиполски филмски режисер.
1942  Брус Џонстонамерикански рок-музичар, член на групата Бич бојс (Beach Boys).
1943  Димитар Башевски — македонски писател.
1953  Тања Бошковиќ — српска глумица.
1955  Изабел Аџани — француска глумица.
1955  Петер Ловшин — словенечки рок-музичар, член на групата Панкрти (Pankrti).
1971  Сержињо — бразилски фудбалер.
1977  Раул Гонсалес — шпански фудбалер.
1977  Даниел Шариќ — босански ракометар.
1980  Марат Сафин — руски тенисер.
1985  Нико Розберг — германско-фински возач во „Формула 1“.
1985  Светлана Кузнецоваруска тенисерка.
1986  Лешон Мерит — американски атлетичар.
1988  Денис Ванендерт — белгиски велосипедист.
1988  Лука Мезгец — словенечки велосипедист.
1990  Тејлор Фини — американски велосипедист.


Починале уреди

1574  Џорџо Вазарииталијански уметник и историчар на уметноста.
1831  Мари-Софи Жерменфранцуска математичарка.
1937  Донка Ушлинова — македонска револуционерка.
1944  Вера Менчик — британско-чешка шахистка.
1950  Завиш Каландра — чешки историчар и теоретичар на литературата.
1960  Лоти Доданглиска тенисерка (најмладата освојувачка на Вимблдон).
2001  Џек Лемонамерикански глумец.
2007  Драгутин Тадијановиќ — хрватски поет.
2015  Крис Скваеррок-музичар, член на групата „Јес“ (Yes).
2016  Бад Спенсер — италијански глумец.
2020  Илија Петковиќ — српски фудбалер и тренер.


Празници уреди

27 јуни (празници)