Јован Булески
Јован Булески ( 1940, Тетово - 12 февруари 2019, Тетово) — македонски новинар, кој целиот работен век го поминал како дописник од Тетово.
Јован Булески | |
---|---|
Роден(а) | 1940 Тетово, Кралство Југославија |
Починал(а) | 12 февруари 2019 Тетово, Македонија |
Националност | Македонец |
Занимање | новинар |
Животопис
уредиБулески е роден во Тетово во 1942 година. По завршување на основното образование се запишал во средното економско училиште во Гостивар, каде се истакнал со својот талент за пишување на часовите по македонски јазик, и своите први информации ги пренел токму во тие години, преку младинска емисија на радио Скопје. Пишувал за весниците Млад борец и Нова Македонија. Образованието го надградил на Југословенскиот институт за новинарство во Белград.
Професионалната новинарска кариера ја започнал во Радио Скопје. Бил дописник и за неколку југословенски весници, а по своето пензионирање, преку ТВ Кисс известувал за случувањата и настаните во Тетово и околината, но и на Шар Планина.
Булески добил голем број признанија и награди за исклучителниот придонес во унапредувањето на информирањето во Македонија и за придонес во развојот и напредокот на МРТВ. Во 2013 година по повод Денот на Општина Тетово, Булески добил награда за особен придонес во областа на новинарството.[1] Починал во Тетово на 12 февруари 2019 година.