Горан Пандев

Македонски фудбалер

Горан Пандев (р. 27 јули 1983 во Струмица) — поранешен македонски фудбалер и поранешен член на македонската фудбалска репрезентација. Тој е и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија.

Горан Пандев
Лични податоци
Роден на 27 јули 1983(1983-07-27)(41 г.)
Роден во Струмица, СР Македонија, Југославија
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција напад
Младинска кариера
Беласица Беласица
Интер Интер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000-2001 Беласица Беласица 18 (6)
2001-2004 Интер Интер 0 (0)
2002-2003Специја Специја 22 (4)
2003-2006Анкона Анкона 20 (1)
2004-2010 Лацио Лацио 159 (48)
2010-2012 Интер Интер 47 (5)
2011-2014 Наполи Наполи 92 (19)
2014-2015 Галатасарај Галатасарај 4 (0)
2015-2022 Џенова Џенова 176 (28)
2022 Парма Парма 11 (1)
Репрезентација
2001-2021 Македонија Македонија 122 (38)
* Ажурирано на: 17 октомври 2021
** Ажурирано на: 17 октомври 2021

Роден на 27 јули 1983 во Струмица, тој е еден од најдобрите фудбалери во Република Македонија. Пандев трипати бил избран за најдобар спортист на Македонија: во 2007 година, во изборот на весникот „Дневник“, во 2010 година, во изборот на весниците „Дневник[1] и „Нова Македонија“.[2] и во 2020 година.

Животопис

уреди

Горан Пандев е роден во Струмица. Тој има 4 години помлад брат, Сашко, кој е исто така фудбалер. Во 2009 година се оженил со својата сопруга Надица со која имаат три деца: Филипо, Ана и Софија.

Во 2010 година, во својата родна Струмица го основал клубот Академија Пандев, првично само како младинска академија, а потоа и сениорски тим во 2014 година. Неговиот клуб од 2017 година се натпреварува во Првата лига на Македонија, највисоката фудбалска лига во македонскиот фудбал, а во 2019 година дебитира во Лига Европа.

На 25 февруари 2019, на Пандев му било издадено италијанско државјанство.[3]

Клупска кариера

уреди

Рана кариера

уреди

Пандев ја започнал својата кариера во ФК Беласица од Струмица.[4][5] За првиот тим на Беласица, Пандев настапувал само една сезона во рамките на Првата македонска фудбалска лига. Во летото 2001 година, на само 18 години, Пандев бил продаден на Интер од Милано за сума од 250.000 евра.[5]

По потпишувањето на договорот, за сезоната 2002-2003, Пандев бил позајмен на Специја, друг италијански клуб кој во тоа време се натпреварувал во Серија Ц1.[6]. За Специја, Пандев одиграл 22 првенствени натпревари и постигнал 4 гола.

Следната сезона, 2003–2004, Пандев бил повторно позајмен, овој пат на Анкона, клуб кој штотуку влегол во најсилната италијанска лига, Серија А. Своето деби во Серија А го направил во натпреварот Анкона - Сиена 0-0 одигран на 2 ноември 2003, заменувајќи го Салваторе Бруно во 83-тата минута од натпреварот, а својот прв гол го постигнал веќе во својот втор настап во поразот со 3-2 од Болоња на Ренато Дал'Ара. И покрај тоа што Анкона завршила последна на табелата и испаднала од лигата како клуб со убедливо најлоша сезона во историјата на Серија А, Пандев бил еден од ретките играчи во клубот кој оставил позитивен впечаток; тој одиграл 20 натпревари и постигнал еден гол.[7]

Лацио

уреди

Во јануари 2004 година, Пандев бил проследен во Лацио (односно на Лацио му биле дадени 50% од договорот на Пандев, додека другите 50% останале во сопственост на Интер), како дел од трансферот на српскиот фудбалер Дејан Станковиќ од Лацио во Интер, но според договорот останал во Анкона до крајот на сезоната. Својот прв гол за Лацио го постигнал на 16 септември 2004, во победата со 3-0 на гостувањето кај Металург Донецк во Украина. Својот прв гол во првенството го постигнал во поразот со 2-3 на домашен терен од Каљари на 28 ноември 2004. На 5 декември 2004, Пандев постигнал еден од неговите незаборавни голови во кариерата доведувајќи го Лацио во водство против Јувентус во Торино; тој се ослободил од Фабио Канаваро, Лилијан Тирам и Џанлука Ѕамброта пред да го совлада Џанлујџи Буфон, но сепак Лацио го загубил натпреварот со 2-1.[8] Тој имал импресивна прва сезона во Лацио, постигнувајќи 3 гола на 29 натпревари.

За тоа што го сторив во Лацио, сигурно треба да му се заблагодарам на Делио Роси. Јас пораснав со него, како човек и како играч

— Горан Пандев[9]

 
Пандев и Мауро Сарате пред почетокот на финалето на Купот на Италија 2009.

Во јули 2005, Интер ги продал својте 50 проценти од договорот на Пандев на Удинезе, како дел од трансферот на чилеанецот Давид Писаро кај нероаѕуурите. За сезоната 2005-2006, Делио Роси бил назначен за тренер на Лацио и под негово водство настапите во почетниот состав и головите на Пандев за Лацио драстично се зголемиле. Пандев ја започнал сезоната со гол во првиот натпревар од Серија А, со кој им донел минимална победа на Лацијалите од 1-0 против Месина. На 15 април 2006, Пандев за првпат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над Ливорно. Во текот на оваа сезона, тој формирал одлично партнерство во нападот со Томазо Роки, постигнувајќи 11 гола во првенството (имал еден и во Купот на Италија), додека Роки постигнал 16, меѓутоа поради вклученост во скандалот за наместени натпревари Калчополи на Лацио му биле одземени 30 бода, па така клубот завршил дури на 16-тото место.

Во јуни 2006, Лацио ги откупил останатите 50% од договорот на Пандев од Удинезе за 4 милиони евра, со што играчот станал во целосна сопственост на клубот од Рим.[10] Сезоната 2006-2007, ја започнал со гол во победата со 4-0 над нисколигашот Ренде во првото коло од Купот на Италија. Првиот првенствен гол за сезоната го постигнал на 5 ноември 2006 против Емполи (1-1). Во оваа сезона Пандев одиграл 33 натпревари на кој постигнал 11 гола, помагајќи му на својот тим да заврши на третото место и да се пласира во квалифиакациите за Лигата на шампионите.

Најголемиот успех со Лацио, Пандев го остварил во 2009 година, кога го освои Купот на Италија, при што со постигнатите седум голови, тој бил најдобар стрелец во ова натпреварување.[11] За Лацио, Пандев има одиграно вкупно 159 натпревари во кои постигна 48 голови. По Дарко Панчев, кој играл во Интер, Пандев е вториот Македонец кој заиграл во Серија А.

Спор со Лацио

уреди

Во летото 2009 година, помеѓу Пандев и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито избувна скандал, поради искажаната желба од страна на Пандев дека сака да го напушти клубот по крајот на сезоната.[12] По оваа изјава и одбивањето на Пандев да го продолжи договорот, тој бил исфрлен од првата екипа на клубот во следните четири месеци, при што не одигра ниту еден натпревар. Во тој период, за Пандев покажале интерес голем број на клубови, меѓу кои се и Зенит од Санкт Петербург со својата понуда од 13 милиони евра. Сепак, претседателот на Лацио ја одбил понудата, барајќи 2 милиона повеќе.[13] На 26 септември 2009 година, Пандев поднесол барање за официјално раскинување на неговиот договор со Лацио. Тој тврдел дека поради неговото изоставување од тимот, Лацио го прекршил договорот, кој претходно бил потпишан со него. На 23 декември 2009 година, официјалниот суд на италијанската фудбалска лига „Калчо“ пресуди во корист на Пандев. Со пресудата, Пандев го раскина договорот со Лацио, а клубот бил обврзан да му плати на Пандев 160 000 евра за покривање на судските трошоци.

Интер

уреди

На 4 јануари 2010 година, Пандев потпиша петгодишен договор со Интер,[14] каде што го носеше дресот со број 27. Своето деби за Интер, Пандев го имаше против Кјево, на 6 јануари истата година, кога Интер победил со 1:0. Својот прв гол за Интер, Пандев го постигна против екипата на Бари. Подоцна, Пандев го освои вниманието на италијанската фудбалска јавност во победата на Интер над градскиот противник Милан, кога му асистирал на Диего Милито при постигнувањето на првиот гол, додека пак вториот гол бил негово дело од слободен удар, како еден од најдобрите на колото.[15] Во 2010 година, Пандев ги оствари најголемите успеси во својата фудбалска кариера, кога со Интер освои дури четири шампионски титули: првак на Италија,[16] освојувач на купот на Италија,[17] победник во Лигата на шампионите,[18] и победник на Светското клупско првенство (постигнувајќи го првиот гол за Интер).[19]

Успесите на Пандев продолжија и во 2011 година, кога со Интер повторно го освои Купот на Италија, при што тој непосредно учествуваше во постигнувањето на третиот гол за Интер.[20] Во сезона и половина играње во дресот на Интер, Пандев одиграл 67 натпревар и постигнал 8 голови во сите конкуренции. Неговиот единствен гол во европските натпреварувања за Интер можеби е и неговиот најважен гол кој го постигнал за клубот, погодувајќи ја мрежата на Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2010-11, за победа и пласман понатаму на неговиот тим.

Наполи

уреди

Сепак, по заминувањето на тренерот Жозе Мурињо од Интер, Пандев сè поретко бил дел од првиот тим и, како последица на тоа, во сезоната 2011-2012 потпиша за италијанскиот прволигаш Наполи, со статус на позајмен играч. Во Наполи, Пандев го добил дресот со број 29.[21] Првиот настап за својот нов клуб, Пандев го имал на гостувањето против Чезена, кога Наполи победил со 3-1, при што при крајот на натпреварот пропуштил одлична можност да го постигне првиот гол за новиот клуб.[22] На 29 ноември во натпреварот на домашен терен против Јувентус добил шанса да се најде во почетниот состав поради повредата на Единсон Кавани, и тој постигнал два гола во ремито 3-3.[23] Пандев потоа го постигнал и својот трет погодок во Серија А за Наполи, во нивното демолирање на Џенова со 6-1 на 21 декември.[24] По зимската пауза Пандев ја продолжува својата добра голгетерска форма постигнувајќи три гола во месец јануари, од кој два во првенството и еден во Купот на Италија. Својот последен погодок за сезоната 2011-2012, Пандев го постигнал на 7 април, во поразот со 3-1 на гостувањето кај неговиот поранешен клуб. Лацио.[25]

На 20 мај 2012 година, после победата на Наполи над Јувентус со 2-0 во финалето на Купот на Италија, Пандев освоил уште еден трофеј во Купот на Италија успевајќи да се најде на победничката страна во ова натпреварување во изминатите четири години по ред.[26] Пандев е еден од малкуте фудбалери кој успеал да го освои Купот на Италија со 3 ралични клубови (Лацио, Интер и Наполи).

На 6 јуни 2012 година, Пандев направил постојан трансфер од Интер во Наполи.[27] Подоцна, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис истакнал на едно интервју на радио дека Пандев се одрекол од дел од платата која ја примал во Интер за да им се приклучи на Наполитанците, истакнувајќи го ова како знак на посветеноста кон клубот и навивачите.[28]

За разлика од претходната сезона, во оваа Пандев има статус на редовен стартер во 3-5-1-1 формацијата на Валтер Маѕари, заземајќи ја позицијата на втор напаѓач како поткрепа за Кавани на која претходно играл аргентинецот Езекиел Лавеци, кој во текот на летото бил продаден на Париз Сен Жермен. Пандев ја започнал новата сезона со погодок во Суперкупот на Италија против Јувентус, но подоцна во 85-тата минута бил исклучен поради приговор кон главниот судија Паоло Мацолени.[29] По две продолженија од по 15 мин., Наполи бил поразен со 4-2. На 16 септември 2012, Пандев го постигнал својот прв гол во новото првенството и асистирал за голот на Лоренцо Инсиње, во победата над Парма со 3-1.[30]

Репрезентативна кариера

уреди

Пандев го направил своето деби за националната репрезентација на Македонија на 21 август 2002 во натпреварот Македонија-Малта 5-0, во кој тој постигнал гол. Со оглед на тоа што е технички најнадарен играч во нашата репрезентација, тој станал капитен и неприкосновен водач, а со 26 постигнати голови е и најдобриот стрелец во историјата на Македонската селекција.

На 12 август 2009 тој постигнал два гола во првото полувреме на пријателскиот натпревар против тогашниот европски шампиони Шпанија во кој Македонија водела со 2-0, но во второто полувреме Шпанците успеале да постигнат три гола за да го свртат резултатот во своја полза и да победат со 3-2.[31] За време на периодот во кој претседателот Лотито го изостави надвор од тимот на Лацио, тој одиграл четири натпревари за репрезентацијата и постигнал седум гола (два гола против Шпанија, Канада и Катар и еден гол против Иран).

Репрезентативни голови

уреди
датум место противник резултат голови натпреварување
21 август 2002 Скопје, Република Македонија   Малта 5-0 5" Пријателски натпревар
20 август 2003 Прилеп, Република Македонија   Албанија [32] 3-1 36" Пријателски натпревар
18 февруари 2004 Скопје, Република Македонија   Босна и Херцеговина [33] 1-0 22" Пријателски натпревар
11 јуни 2004 Талин, Естонија   Естонија [34] 4-2 31" Пријателски натпревар
18 август 2004 Скопје, Република Македонија   Ерменија [35] 3-0 5" Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006
9 октомври 2004 Скопје, Република Македонија   Холандија [36] 2-2 45" Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006
4 јуни 2005 Ерменија   Ерменија [37] 2-1 29", 46" Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006
8 јуни 2005 Теплице, Чешка   Чешка [38] 1-6 14" (пен.) Квалификации за Светско првенство во фудбал 2006
11 октомври 2006 Андора Ла Велја, Андора   Андора 3-0 13" Квалификации за Европско првенство во фудбал 2008
17 октомври 2007 Скопје, Република Македонија   Андора 3-0 59" Квалификации за Европско првенство во фудбал 2008
20 август 2008 Луксембург   Луксембург 4-1 6", 45" Пријателски натпревар
10 септември 2008 Скопје, Република Македонија   Холандија 1-2 77" (пен.) Квалификации за Светско првенство во фудбал 2010
11 февруари 2009 Анталија, Турција   Молдавија 1-1 53" Пријателски натпревар
12 август 2009 Скопје, Република Македонија   Шпанија 2-3 8", 36" Пријателски натпревар
11 октомври 2009 Скопје, Република Македонија   Катар [39] 2–1 25", 40" Пријателски натпревар
14 ноември 2009 Струмица, Република Македонија   Канада 3–0 59", 90" Пријателски натпревар
18 ноември 2009 Техеран, Иран   Иран 1–1 48" Пријателски натпревар
3 март 2010 Скопје, Република Македонија   Црна Гора 2–1 31" Пријателски натпревар
12 ноември 2020 Тбилиси, Грузија   Грузија 1-0 56'' Квалификации за Европско првенство во фудбал
31 март 2021 Дисбург, Германија   Германија 1-2 45'' Квалификации за Светско првенство во фудбал 2018
13 јуни 2021 Букурешт, Романија   Австрија 3-1 28'' Групна фаза во Европско првенство за фудбал 2020

Титули

уреди

  Лацио

уреди

  Интер

уреди

  Наполи

уреди

Наводи

уреди
  1. „Интервју со Горан Пандев - Синот Филипо е мојот најголем трофеј“, Дневник, 31 декември 2010.[мртва врска]
  2. „Пандев - најдобар македонски спортист за 2010 година“, Нова Македонија, бр. 22173, понеделник, 3 јануари 2011[мртва врска].
  3. „Genoa, Pandev diventa un cittadino italiano: "Sono felicissimo". it.sports.yahoo.com. 25 февруари 2019. Посетено на 25 февруари 2019.
  4. „Belasica Official Site“. FK Belasica. Посетено на 2009-06-27.
  5. 5,0 5,1 Oliver Pickup (2009-05-19). „Goran Pandev profile: 10 things you need to know about the Tottenham target“. Daily Mirror. Посетено на 2009-06-27.
  6. „Hard to forget your first love, Pandev tied to Inter“. Macedonia Online. 2009-04-08. Архивирано од изворникот на 2010-09-12. Посетено на 2009-06-27.
  7. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=26837
  8. „Топ 5 голови на Пандев против Јувентус“. off.net.mk. 18 март 2019. Text "access-date24 мај 2019" ignored (help)
  9. Салваторе Бавари (14 јануари 2010). TuttoPalermo.net (уред.). „Inter, Pandev: "Se sono qui è merito di Delio Rossi". Посетено на 16 јануари 2010.
  10. „Comproprietà: Pandev alla Lazio, Bovo al Palermo2“. www.calcioblog.it. 2006. Архивирано од изворникот на 2017-12-28. Посетено на 2019-05-24.
  11. „Лацио го освои Купот на Италија, Пандев прв стрелец“, TIME.mk, 13 мај 2009.[мртва врска]
  12. http://www.time.mk/story_d1751f31bf_article_d438dc9b5f.html[мртва врска]
  13. http://www.goal.com/en/news/11/transfer-zone/2009/07/07/1368029/lazio-star-goran-pandev-nearing-zenit-switch-report
  14. „Goran Pandev signs a contract with Inter until 30 June 2014 - Report“.
  15. http://www.a1.com.mk/vesti/ispisi.asp?VestID=119060
  16. „Интер ја освои титулата првак на Италија“, Daily Macedonia, 16 мај 2010.
  17. „Интер победник во Купот на Италија“, Сител, 6 мај 2010.
  18. „Интер се новите шампиони на Европа“, Сител, 23 мај 2010.
  19. „Горан Пандев стана третиот Македонец кој ја освои светската клупска титула“, Канал 5, 18 декември 2010.
  20. „„Пандев трета година по ред победник во Купот", Австралиско-македонски неделник, бр. 1176, 31 мај 2011“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-06-12.
  21. „„Горан Пандев во новата сезона ќе го носи дресот на Наполи",Мак Фудбал, сабота, 27 август 2011“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-09-21.
  22. „Наполи победи, Пандев промаши празен гол“, Дневник, 10 септември 2011.[мртва врска]
  23. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-12-26. Посетено на 2013-06-02.
  24. http://www.goal.com/en-gb/match/63849/napoli-vs-genoa/report
  25. Лацио 3-1 Наполи
  26. Filip Zdraveski (2012-05-20). „Goran Pandev: My most beautiful Coppa Italia“. MacedonianFootball.com. Посетено на 2012-05-21.
  27. Http://football-italia.net/19652/napoli-sign-pandev-inter
  28. http://football-italia.net/19654/pandev-cut- плати-придружат-Наполи
  29. Јувентус - Наполи 4-2 a.e.t.
  30. Наполи ја победи Парма со 3-1
  31. „Фудбал, Пријателска: Македонија-Шпанија 2-3“. la Repubblica.it. 2009-08-12. Посетено на 2009-08-13.
  32. FYR Macedonia 3-1 Albania Архивирано на 24 јануари 2005 г. ESPNsoccernet, Wednesday, August 20, 2003
  33. FYR Macedonia 1-0 Bosnia Herzegovina Архивирано на 23 јануари 2005 г. ESPNsoccernet, Wednesday, February 18, 2004
  34. Estonia 2-4 FYR Macedonia[мртва врска] ESPNsoccernet, Friday, June 11, 2004
  35. FYR Macedonia 3-0 Armenia Архивирано на 30 јануари 2005 г. ESPNsoccernet, Wednesday, August 18, 2004
  36. FYR Macedonia 2-2 Netherlands Архивирано на 24 јануари 2005 г. ESPNsoccernet, Saturday, October 9, 2004
  37. Armenia 1-2 FYR Macedonia[мртва врска] ESPNsoccernet, Saturday, June 4, 2005
  38. Czech Republic 6-1 FYR Macedonia Архивирано на 27 јуни 2006 г. ESPNsoccernet, Wednesday, June 8, 2005
  39. Filip Zdraveski (2009-10-11). „MKD - QAT match report“. Macedonian Football. Архивирано од изворникот на 2010-01-02. Посетено на 2009-10-11.

Надворешни врски

уреди