3 декември
датум
<< | декември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
2024 |
3 декември — 337-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (338-и во престапна година). Остануваат 28 денови до крајот на годината.
Настани:
1942 | Во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација „Востаник“. Излегуваше до февруари 1943 година. |
1944 | Грчка граѓанска војна: Во Атина избиле судири помеѓу ЕЛАС и владините сили поддржани од британската војска. |
1967 | Лекарите во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, објавија дека во болницата „Гроте Шур“, за првпат во историјата, е извршено успешно пресадување на човечко срце. Екипата на чело со д-р Кристијан Барнар изврши операција врз заболениот Луис Вашкански, меѓутоа тој умре по десетина дена. |
1984 | Во Бопал, Индија, во фабриката за пестициди во мнозинска сопственост на американската компанија „Јунион Карбид“ се случила катастрофа во која загинале повеќе од 3.800 луѓе, а помеѓу 150.000 и 600.000 луѓе претрпеле здравствени последици. Бопалската катастрофа претставува најголема индустриска катастрофа во светот. |
1993 | САД отворија Канцеларија за врски во Скопје, а на чело на ова дипломатско претставништво е поставен Роберт Норман. |
1997 | Германското Министерство за одбрана поведе дисциплинска постапка против шестмина војници, кои просториите во нивните касарни ги украсувале со слики на Адолф Хитлер и со нацистички знамиња. |
2012 | Најмалку 475 луѓе загинале кога тајфунот „Бофа“ ги погодил Филипините. |
Родени:
Починале:
1154 | Анастасиј IV — римски папа. |
1533 | Василиј III Московски — кнез на Московското Кнежевство. |
1888 | Карл Цајс — германски оптичар. |
1894 | Роберт Луис Стивенсон — шкотски писател. |
1919 | Пјер Огист Реноар — француски сликар. |
1937 | Јожеф Атила — унгарски поет. |
1941 | Павел Филонов — руски и советски сликар и поет. |
1949 | Елин Пелин — бугарски писател. |
1956 | Александар Родченко — руски и советски сликар и вајар. |
1965 | Благоја Стефановски - Гојчо — македонски револуционер. |
1980 | Драги Костовски — македонски артист. |
1991 | Стојан Гогов — доајен на народниот театар „Антон Панов“ од Струмица. |
1993 | Саво Костовски — македонски првоборец. |
1994 | Франтишек Вацлав Мареш — професор по славистика. |
2012 | Злата Петковиќ — српска глумица. |
2015 | Скот Вејланд — американски рок-пејач, член на групата Stone Temple Pilots. |
2015 | Благоја Стефановски — македонски политичар. |
2020 | Алисон Лури — американска писателка. |