25 јуни — 176-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (177-ми во престапна година). Остануваат 189 дена до крајот на годината.

01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

Настани

уреди
1876  Се одвива Битката кај Литл Биг Хорн во која умира Џорџ Армстронг Кастер.
1950  Започнува Корејската војна.
1991  Хрватска и Словенија ја објавуваат својата независност од Југославија.
1998  На пазарот лансиран е оперативниот систем Microsoft Windows 98.
2009  Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката, починал во Лос Анџелес поради предозираност со анестетици на 50-годишна возраст.

Родени

уреди
1242  Беатриса — војвотка од Бретања.
1852  Антони Гауди — каталонски архитект.
1864  Валтер Нернст — германски физичар и хемичар, добитник на Нобелова награда за хемија.
1883  Петар Здравев — професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
1900  Луис Маунтбатен — британски поткрал на Бурма.
1903  Џорџ Орвел — англиски писател.
1923  Сем Френсис — американски сликар.
1923  Ватрослав Мимицахрватски режисер.
1924  Сидни Ламет — американски глумец и режисер.
1926  Ингеборг Бахман — австриска писателка.
1934  Петре М. Андреевски — македонски писател.
1942  Ангел Гавровски — македонски сликар.
1956  Борис Трајковски — претседател на Република Македонија.
1959  Небојша Малбаша — српски фудбалер.
1960  Зорица Конџа — хрватска пејачка.
1960  Алдо Серена — италијански фудбалер.
1963  Џорџ Мајкл — британски пејач.
1964  Џони Херберт — британски возач на Формула 1.
1966  Дикембе Мутомбокошаркар на НБА со потекло од ДР Конго.
1968  Доринел Мунтеану — романски фудбалер.
1975  Владимир Крамник — руски шахист.
1982  Вилијам Боне — француски велосипедист.
1985  Скот Браун — шкотски фудбалер.
1986  Марсел Вис — швајцарски велосипедист.
1987  Рафаел Валс — шпански велосипедист.
1993  Кевин Пантер — американско-српски кошаркар.
1997  Родриго Бетанкур — уругвајски фудбалер.

Починале

уреди
1533  Марија Тјудор — кралица на Франција.
1767  Георг Филип Телеман — истакнат германски барокен композитор.
1822  Е. Т. А. Хофмангермански писател и композитор.
1861  Абдул Меџид Iсултан на Османлиското царство.
1990  Кузман Сотировски — македонски фудбалер.
1998  Жак Кустофранцуски истражувач, научник и иноватор.
2009  Мајкл Џексон — американски музичар, наречен „Крал на поп-музиката“.
2009  Фара Фосетамериканска глумица.

Празници

уреди
  Ден на независност на Мозамбик