Мендух Тачи
Мендух Тачи (албански: Menduh Thaçi; Тетово, 3 март 1965) — македонски политичар и поранешен претседател на Демократската партија на Албанците во Македонија.
Животопис
уредиТачи е роден во Тетово на 3 март 1964 година.[1] По матурирањето тој се запишува на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Приштина, каде што студирал стоматологија. Тогаш млад и амбициозен Тачи се вратил во својот роден град и се вовлекол во политиката.
Со распадот на Југославија, во Македонија се интензивираат албанските политички движења. Прва е формирана Партијата за демократски просперитет (ПДП), во која влегува и Тачи. Но, веќе во 1993 година, партиското радикално крило, ја напушта партијата и формира нова политичка сила, кој подоцна беше именувана како Демократската партија на Албанците. Нивен водач бил Арбен Џафери, а заменик Мендух Тачи. Во 1998 година, по парламентарните избори, ДПА влегува во парламентот, и со тоа Тачи како заменик. Во 2006 година неговата партија се приклучува на владината коалиција. Во новоизбраниот парламент Тачи е член на комисијата за одбрана и безбедност. Поседува голем имот во Приштина и тој исто така е еден од главните финансиери на неговата партија.
Покрај политиката, тој продолжува да се интересира и понатаму за медицината. Во неговото слободно време тој чита посебна литература и класиката. Има одлично познавање на македонски и на францускиот јазик. Женет е, има два сина[2]. Во повеќе наврати е пратеник во Собранието на Македонија. За време на пратеничкиот состав 2008-2012 е претседател на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска. На 23 декември 2016 година поднел оставка од функцијата претседател на ДПА.[3] На 8 март 2019 година бил осуден на три години затвор за предметот „Титаник 2“ на СЈО.
Наводи
уреди- ↑ „Мандух Тачи“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-03.
- ↑ ЭХО планеты ИТАР-ТАСС
- ↑ [https://web.archive.org/web/20161223174610/http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=0C0F0ABD9816B14AA08DF309552ECFF4 Архивирано на 23 декември 2016 г. Мендух Тачи поднесе оставка од ДПА, 23 декември 2016, Дневник]