Бојан Јовановски
Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 (Скопје, 19 август 1986) — поранешен македонски шоумен, водител, имитатор, менаџер и пејач,[1] познат по својата екстравагантност. Во 2019 година судските власти во Македонија покренале постапка со која се обвинува Јовановски, подоцна и притворува, за рекет, односно изнуда на парични средства од македонски стопанственици заради олеснување при судски процеси во кои се вмешани стопанствениците. Основач е на телевизијата 1ТВ и невладина организација, кои исто така се вмешани во скандалот „Рекет“.[2][3]
Боки 13 | ||
Роден | Бојан Јовановски 19 август 1986 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | шоумен, водител, пејач, менаџер и имитатор. |
Кариера
уредиБојан Јовановски завршил Факултет за туризам, но својата кариера ја гради во естрадните води. Своите почетоци ги забележува со организирање на церемонијата за доделување 13 награди на популарноста[4] по што го добива и прекарот „Боки 13“. Оваа манифестација Бојан ја прекинува со одржување и продолжува со водителските води каде досега имал неколку телевизиски емисии на неколку македонски телевизиски канали. Во меѓувреме, Бојан Јовановски започнува и со пејачката кариера и има свои композиции на македонски и српски јазик. Својата популарност ја достигнал со имитаторството на познати балкански пејачи и по својот женски стил на облекување. Во текот на својата досегашна кариера Бојан има одржано неколку концерти меѓу кои концертот во Охрид, концертот во Скопје, Штип, Битола и останати места во Македонија. Исто така конкурирал и на македонскиот избор за песна на Евровизија со пејачката Биг Мама.[5]
Како пејач досега ги има снимано следните композиции:
- „Преко стола“ - на српски јазик
- „Отвори се“ - на српски јазик
- „Холивуд“ - на македонски јазик
Спотови
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Холивуд | 2008 | - |
Bomba.com | 2008 | - |
Отвори се | 2009 | Томато продукција |
Деца ночи | 2010 | Дејан Миличевиќ |
Калигула | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Наводи
уреди- ↑ Боки станува пејач[мртва врска]
- ↑ „Затворска казна од 9 години за Бојан Јовановски и 7 години за Катица Јанева за случајот Рекет“. 18.6.2020. Посетено на 9 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен од затвор“. 28.11.2023. Посетено на 9 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Ограбена куќата на Б. Јовановски[мртва врска]
- ↑ Exclusive.com.mk[мртва врска]