01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30  

19 јуни — 170-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (171-ви во престапна година). Остануваат 195 дена до крајот на годината.

Настани:

1819  Американскиот пароброд „Савана“ пристигнал на пристаништето во Ливерпул. Ова е првиот брод на водена пареа кој преминал Атлантикот.
1862  Конгресот на САД донел решение за укинување на ропството на својата територија.
1913  Започнало Тиквешкото востание — организиран масовен народен вооружен отпор против српската окупација на Македонија и посрбувањето.
2014  Филип VI бил крунисан за крал на Шпанија.

Родени:

551 п.н.е.  Конфуциј — кинески филозоф.
1269  Елеонорагрофица од Бар.
1623  Блез Паскал — француски математичар, физичар, книжевник и филозоф.
1781  Џорџ Стивенсон — англиски инженер и пронаоѓач.
1834  Едгар Дега — француски сликар, графичар и вајар.
1896  Волис Симпсон — сопруга на кралот Едвард VIII.
1906  Ернст Борис Чејн — британски физиолог и биохемичар, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1945 година.
1918  Илија Милчин — македонски глумец, режисер, јазичар и преведувач.
1937  Вилијам Пул — американски економист.
1947  Салман Ружди — британски писател со индиско потекло.
1948  Ник Дрејк — англиски музичар.
1958  Сергеј Макаров — руски и советски хокеар.
1962  Пола Абдул — американска поп-пејачка,
1966  Марјан Додовски — македонски политичар.
1967  Бјорн Дели — норвешки скијач.
1970  Владимир Пешевски — македонски политичар.
1971  Андреа Сарторети — италијански одбојкар.
1972  Брајан Мекбрајд — американски фудбалер.
1975  Берт Грабш — германски велосипедист.
1978  Дирк Новицки — германски кошаркар.
1984  Пол Дејно — американски глумец, режисер и продуцент.
1987  Саша Модоло — италијански велосипедист.
1991  Андреј Крамариќ — хрватски фудбалер.
1996  Лоренцо Пелегрини — италијански фудбалер.
2002  Нуно Мендеш — португалски фудбалер.

Починале:

1500  Едмунд — војвода од Сомерсет.
1747  Алесандро Марчело — италијански благородник, поет, филозоф, математичар и композитор.
1820  Џозеф Бенкс — англиски ботаничар.
1867  Максимилијан I — австриски надвојвода и цар на Мексико.
1876  Михаил Бакунин — руски револуционер.
1946  Хенри Сајмонс — американски економист.
1949  Владимир Назор — хрватски писател.
1993  Вилијам Голдинг — англиски писател, добитник на Нобеловата награда за литература.
1997  Георги Арсовски — македонски поет.
2012  Тале Огненовски — мекодонски музичар и композитор.