<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

30 април — 120-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (121-и во престапна година). Остануваат 245 денови до крајот на годината.

Настани:

1900  Хаваи станале составен дел на САД.
1916  Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство.
1944  Во селото Стајовце, Кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание.
1975  Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам.
1992  Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата.
2013  Крунисан холандскиот крал Вилем-Александар, по абдикацијата на неговата мајка, кралицата Беатриса.

Родени:

1245  Филип III Храбриот — крал на Франција.
1504  Франческо Приматичо — италијански маниристички сликар, активен на дворот на Франсоа I.
1662  Марија II — кралица на Англија.
1723  Матирен Жак Брисон — француски природонаучник.
1777  Карл Фридрих Гаус — германски математичар, физичар и астроном.
1870  Франц Лехар — австриски композитор.
1883  Јарослав Хашек — чешки писател.
1893  Јоаким фон Рибентроп — германски политичар од НСДАП.
1902  Теодор Шулц — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1979 година.
1916  Клод Шенон — американски математичар и компјутерски инженер, „татко“ на информациската теорија.
2021  Бранка Станковска — македонска телевизиска и радио водителка.
1951  Марко Брецељ — словенечки глумец, продуцент и музичар.
1954  Џејн Кампион — новозеландска режисерка.
1956  Ларс фон Трир — дански режисер и сценарист.
1978  Бобан Јанчевски — македонски фудбалер.
1980  Луис Скола — аргентински кошаркар.
1983  Оливје Кесен — белгиски велосипедист.
1984  Иван Сантаромита — италијански велосипедист.
1985  Михаел Меркев — дански велосипедист.
1987  Стојанче Стоилов — македонски ракометар.
1992  Марк-Андре тер Штеген — германски фудбалски голман.

Починале:

1555  Марцел II — римски папа.
1883  Едуар Мане — француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.
1903  Јордан Поп Јорданов - Орцето — еден од организаторите на Солунските атентати.
1945  Адолф Хитлер — водач на Третиот Рајх.
1945  Ева Браун — сопруга на Адолф Хитлер.
1983  Мади Вотерс — американски блуз-музичар.
1989  Серџо Леоне — италијански режисер.
2011  Ернесто Сабато — аргентински писател.
2015  Бен Е. Кинг — американски соул-пејач.
2024  Пол Остер — американски писател.