Фросина Ременски

политичарка

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски редовен професор на Факултетот за безбедност - Скопје, поранешен Потпретседател на Собранитето и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На функцијата Потпретседател на Собранието била избрана на 20 февруари 2018 година. На функцијата министер за труд и социјална политика стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино[1] со втор мандат на функцијата која завршила со конечните резултати од предвремените Парламентарни избори во 2016 година [1] Во Деветтиот пратенички состав на Собранитето [2] била пратеник од редовите на политичката партија СДСМ. Била Претседател на Буџетскиот совет на Собранието, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, заменик-претседател на Законодавно-правната комисија, член на надзорните комисии за контрола над работата на безбедносните служби, претседател и член на Делегацијата при ПС на Советот на Европа, парламентарни групи за пријателство со Бугарија и Словенија. Била дел од работната група за реформа на Управата за безбедност и контраразузнавање заедно со уште тројца пратеници [3]

Фросина Ташевска Ременски
Министер за труд и социјална политика
На должноста
12 ноември 2015 – 29 декември 2016
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Емил Димитриев
Претходник Диме Спасов
Наследник Ибрахим Ибрахими
Потпретседател на СДСМ
На должноста
Стапил
2 јуни 2013
Потпретседател на Собранието (2018-2020)
Пратеник (2016-2020)
Лични податоци
Роден(а) 22 февруари 1977(1977-02-22)(47 г.)
Крива Паланка, СР Македонија, СФРЈ
Партија СДСМ
Деца Две деца
Образование Доктор на социолошки науки
Професија Универзитетски професор
Вероисповед православна
Македонка

Била член на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ до мај 2020 година, а за Потпретседател на ЦО на СДСМ била избрана во јуни 2013 година и на таа функција останала до мај 2019 година [4] Архивирано на 16 јуни 2022 г.,

Животопис

уреди

Ременски е родена е на 22 февруари 1977 година во Крива Паланка. Дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста. Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на полициската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за вонреден професор на Факултетот за безбедност.

Од септември 2010 до 2016 година во три мандати била Раководител на Катедрата за полицикси науки на Факултетот за безедност - Скопје, а од октомври 2012 до март 2013 година ја извршувала функцијата Продекан за наставни и научни прашања на Факултетопт за безбедност – Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

Во 2021 година била избрана за редовен професор на Факултетот за безбедност - Скопје [5]

На Факултетот за безбедност - Скопје изведува настава во предметите: Полиција и јавност, Справување со конфликти и превенција на конфликти, Превентивна дипломатија, хуманитарни интервенции и мировни операции, Методологија на истражување на криминалитетот и безбедносните појави, Социологија на безбедноста, Социологија на политиката, Социолошки теории од I циклус студии; Мировни операции, постконфликтна реконструкција и градење на државата, Методологија на истражување на криминалитетот и безбедносните појави и Државен контролен систем на II циклус магистерски студии; Методологија на истражување на безбедносните појави, Мултиетнички, мултикофесионални општества и тероризам на III циклус докторски студии;

Добитник е и на државната награда „Гоце Делчев“ во 2008 година за посебен придонес во науката од интерес за Македонија,[2] а автор е и на повеќе од 100 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес објавени во домашни и странски научни списанија, автор на две монографии, соавтор на една монографија и еден универзитетски учебник за три циклуси на студии во областа на безбедноста.

Наводи

уреди
  1. Фросина Ташевска Ременски ја презеде функцијата министер за труд и социјална политика
  2. За монографијата „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби“
Политички функции
Претходник
Диме Спасов
Министер за труд и социјална политика
12 ноември 2015 - 18 мај 2016
Наследник
Ибрахим Ибрахими