3 март
датум
<< | март | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | ||||||
2024 |
3 март — 62-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (63-и во престапна година). Остануваат 303 денови до крајот на годината.
Настани:
1822 | Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ. |
1878 | По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ова е Ден на независноста на Бугарија. |
1918 | Потпишан е Брест-литовскиот договор меѓу Русија и Централните сили, со кој Русија излегла од Првата светска војна. |
1944 | Во близина на Ново Село, Кумановско, III Македонска НОУ бригада заробила околу 30 четници кои по разбивањето на четничкиот Вардарски корпус се криеле во овој регион. |
1974 | Во близината на Париз се урнал турски авион што летал на релацијата Анкара-Лондон при што загинале 345 лица. |
1996 | Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хосе Марија Азнар победи на парламентарните избори. |
2002 | Во Швајцарија се одржал референдум во кој граѓаните се изјасниле за влез во Обединетите Нации. |
Родени:
Починале:
1605 | Климент VIII — римски папа. |
1703 | Роберт Хук — англиски научник. |
1878 | Јанка Каневчева — македонска револуционерка. |
1959 | Лу Костело — американски глумец. |
1996 | Маргарит Дирас — француска писателка. |
2005 | Ринус Михелс — холандски фудбалер и тренер. |
2008 | Џузепе Ди Стефано — италијански оперски пејач, тенор. |
2009 | Јан Владислав — чешки писател. |
2010 | Момо Капор — српски и југословенски писател, новинар и сликар. |
2017 | Рејмон Копа — француски фудбалер. |
Празници:
* | Национален празник на Република Бугарија |
* | Ден на Општина Тетово |