Рејкјавик (исландски: Reykjavík) — главен град на Исланд и воедно најголем по големина во оваа земја. Со својата местоположба на 64°08' СГШ e најсеверен главен град на една суверена држава во светот. Се наоѓа на југозападниот дел на Исланд, на јужниот залив Факсафлоуи и брои 102 000 жители односно 200 000 жители земајќи ја предвид пошироката област околу градот, и е средиште на економската, политичката и културна дејност.

Рејкјавик

Рејкјавик се смета за локација на првата постојана населба на Исланд, за која се вели дека Инголфур Арнарсон ја основал 870 година. Сè до 18 век на локацијата на денешниот град немаше урбан развој. Самиот град е основан 1786 како официјален трговски град и засилено растеше низ следните децении, прераснувајќи во регионален а подоцна и во државен центар на трговијата, населување и владини активности. Растежот на населението продолжува последните години, како и растежот во областа на трговијата и индустријата.

Денес Рејкјавик е центар на Пошироката Рејкјавик област, која со население од 202 000 жители е единствената метрополитска област во Исланд. Како современ главен град на една од најразвиените држави во светот, неговите жители уживаат во првокласен систем на социјална згриженост и градска инфраструктура. Поради неговата сместеност блиску до Арктичкиот појас добива 4 часа дневна светлина за време на најкраткиот ден од зимата; за време на летото, ноќите се светли речиси како деновите.

Рејкјавик во магазинот Грист е рангиран на прво место на листата „15 најеколошки градови„ во 2008 година.[1]

Меѓународни односи

уреди

Збратимени градови

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Градски портал на Рејкјавик (исландски)
  • Посетете го Рејкјавик — туристички портал (англиски)
  • Наводи

    уреди
    1. Grist Magazine. Посетено на 3 октомври 2008.