Предлошка:Февруари 2024 13 февруари — 44-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 321 денови до крајот на годината (322 во престапна).

Настани:

1633  Во Рим, Инквизицијата го уапсила италијанскиот астроном Галилео Галилеј, кој подоцна, под закана од смртна казна, бил принуден да се откаже од своето учење за хелиоцентричниот систем.
1895  Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф.
1947  Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи биле: Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.
1961  Советот за безбедност на Обединетите нации реши во Конго да се упатат мировните сили на Светската организација за да се спречи избувнување на граѓанската војна во таа африканска земја.
2019  Автобуска несреќа кај селото Ласкарци во која загинале 14 луѓе, а многумина биле повредени.

Родени:

1599  Александар VII — римски папа.
1743  Џозеф Бенкс — англиски ботаничар.
1766  Томас Малтус — англиски економист.
1768  Иван Крилов — руски писател.
1805  Густав Лежен Дирихле — германски математичар.
1852  Јохан Лудвиг Емил Дрејер — данско-ирски астроном.
1870  Леополд Годовски — полско-американски композитор и пијанист.
1873  Фјодор Шаљапин — руски оперски пејач.
1933  Ким Новак — американска глумица.
1950  Питер Габриел — англиски рок-музичар, член на групата „Џенезис“ (Genesis).
1953  Љупчо Јордановски — претседател на Собранието на Република Македонија.
1960  Пјерлујџи Колина — италијански фудбалски судија.
1960  Артур Јусупов — руски и советски шахист.
1961  Драги Сетинов — македонски фудбалер.
1961  Хенри Ролинс — американски рок-музичар, член на групата „Блек флег“ (Black Flag).
1973  Наташа Бунтеска — македонска поетеса.
1974  Роби Вилијамс — англиски поп-пејач.
1979  Рафаел Маркез — мексикански фудбалер.
1993  Урош Спајиќ — српски фудбалер.
1994  Мемфис Депај — холандски фудбалер.
1995  Деклан Галагер — шкотски фудбалер.

Починале:

1130  Хонориј II — римски папа.
1571  Бенвенуто Челини — италијански вајар, златар и сликар.
1787  Руѓер Бошковиќфизичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.
1883  Рихард Вагнер — германски композитор.
1893  Ѓорѓија Пулевски — македонски писател и преродбеник.
1952  Јован Поповиќ — српски и југословенски писател.
1974  Петар Лубарда — црногорски и југословенски сликар.
1991  Арно Брекер — најистакнатиот вајар во Третиот Рајх.
1996  Зија Бериша — македонски глумец.
2003  Кид Гавилан — кубански боксер.
2016  Слободан Сантрач — српски и југословенски фудбалер и тренер.