Митко Чавков

политичар

Митко Чавков (24 јануари 1963 во Ново Село, Струмичко) — македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија. На оваа функцијата стапил на 13 мај 2015 година, по оставката на Гордана Јанкулоска.

Митко Чавков
Министер за внатрешни работи
На должноста
13 мај 2015 – 11 ноември 2015
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Претходник Гордана Јанкулоска
Наследник Оливер Спасовски
Директор на БЈБ
На должноста
мај 2013 – 13 мај 2015
Лични податоци
Роден(а) Митко Чавков
24 јануари 1963(1963-01-24)(61 г.)
Ново Село, НР Македонија, ФНРЈ
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Занимање политичар
Вероисповед православна

Животопис

уреди

Митко Чавков е роден е на 24 јануари 1963 година во струмичкото Ново Село.[1] Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје, магистрирал и докторирал на Правниот факултет во Скопје.

Работното искуство го почнува во Министерството за внатрешни работи. По завршување на приправничкиот стаж работел како инспектор во УБК, началник на Секторот за криминалистичка полиција во Регионалниот центар на МВР во Струмица, заменик-началник на РЦ на МВР во Струмица, виш инспектор за дрога во МВР, началник на Секторот за криминалистичка полиција во РЦ на МВР во Струмица, самостоен инспектор за финансиски криминал во РЦ на МВР во Гевгелија.

Чавков потоа работел и како главен инспектор за финансиски криминал во одделот за организиран криминал во МВР, началник на одделот за организиран криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР и директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.

На 13 мај 2015 г. стапува на функцијата Министер за внатрешни работи на Македонија по оставката на Гордана Јанкулоска.[2]

Наводи

уреди
  1. „Митко Чавков“. Влада на Република Македонија. Архивирано од изворникот на 2015-08-01. Посетено на 26 јуни 2015.
  2. „Митко Чавков, нов министер за внатрешни работи“. Република. 13 мај 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 26 јуни 2015. Text "Република Online" ignored (help)

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
Гордана Јанкулоска
Министер за внатрешни работи на Македонија
2015
Наследник
Оливер Спасовски