<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

14 мај — 134-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (135-и во престапна година). Остануваат 231 денови до крајот на годината.

Настани:

1643  Четиригодишниот Луј XIV станува крал на Франција по смртта на татко му, Луј XIII. Мајка му Ана Австриска станува регент до неговото полнолетство.
1948  Прогласена е независната држава Израел. Арапските соседи веднаш ја напаѓаат, со што започнува Војната за независност.
1955  Седум комунистички земји и СССР потпишуваат договор за меѓусебна одбрана познат како Варшавски договор.
1999  Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица.
2017  Емануел Макрон станува претседател на Франција, победувајќи ја Марин Ле Пен на изборите една недела пред тоа.

Родени:

1727  Томас Гејнсборо — англиски сликар.
1771  Роберт Овен — англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам.
1919  Аврам Садикарио — македонски поет.
1924  Јосип Ваништа — хрватски сликар.
1935  Руди Шелиго — словенечки писател и политичар.
1943  Џек Брус — шкотски рок-музичар, член на групата Крим (The Cream).
1946  Клодија Голдин — американска економистка, добитничка на Нобеловата награда во 2023 година.
1952  Дејвид Брн — американски рок-музичар, член на групата Токинг хедс (Talking Heads).
1964  Росен Плевнелиев — бугарски стопанственик и политичар.
1969  Кејт Бланчет — австралиска филмска глумица.
1974  Матео Тосато — италијански велосипедист.
1980  Здењек Григера — чешки фудбалер.
1981  Димитар Мираковски — македонски кошаркар.
1984  Марк Закерберг — основач на Facebook.
1984  Ларс Петер Нордхауг — норвешки велосипедист.
1985  Михаил Николаевич Кузнецов — руски слалом-кајакар.
1994  Маркињос— бразилски фудбалер.
1994  Денис Прат — белгиски фудбалер.
1997  Рубен Дијаш — португалски фудбалер.
1997  Штефан Пош — австриски фудбалер.
1998  Арон Ремсдејл — англиски фудбалски голман.

Починале:

649  Теодор I — римски папа.
964  Јован XII — римски папа.
1493  Нанина де Медичи — ќерка на Пјеро ди Козимо де Медичи.
1610  Анри IVкрал на Франција.
1643  Луј XIIIкрал на Франција.
1912  Аугуст Стриндберг — шведски драмски писател (р. 1849)
1940  Ема Голдман — анархистка.
1991  Аладар Геревич — унгарски мечувалец.
1987  Рита Хејворт — американска глумица (р. 1918).
1998  Френк Синатра — американски пејач и глумец (р. 1915)
2015  Би Би Кинг — американски блуз-гитарист.
2018  Том Вулф — американски писател.
2001  Марио Болоњини — италијански режисер.