РК Еурофарм Пелистер

(Пренасочено од РК Еурофарм Работник)
Не го поистоветувајте со клубот Пелистер кој моментално го носи името Еурофарм Пелистер 2.

РК Еурофарм Пелистер, познат и по старото име РК Еурофарм Работник - ракометен клуб од Битола, Република Македонија. Клубот е основан 2011 година и моментално се натпреварува во Супер Лигата.

РК Еурофарм Пелистер
Целосен називРакометен Клуб
Еурофарм Пелистер
Основан9 март 2011; пред 12 години (2011-03-09)
ИгралиштеСпортска сала Боро Чурлевски
Приемност3,500
Главен тренерДанска Ларс Валтер
ЛигаСупер Лига
2021–222.
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

Историја уреди

Клубот бил основан на 9 март 2011 година под името ХЈС Работник. Од сезоната 2016/17, клубот дебитирал во Супер лигата.[1] Клупски бои му биле сината и белата, сè до 29 ноември 2019 година, односно до потпишувањето на договорот помеѓу Еурофарм и Општина Битола за заедничко сопствеништво на битолските клубови Работник и Пелистер.

Платформа за ракометна Битола уреди

Компанијата Еурофарм, сопственикот на РК Еурофарм Работник, во јули 2019 година дала понуда, т.н. Платформа за ракометна Битола, до Општина Битола односно сопственикот на РК Пелистер. Платформата гласела Еурофарм да откупи 75 проценти од РК Пелистер, а Оштина Битола да откупи 25 проценти од РК Еурофарм Работник. Потоа клубот Еурофарм Работник да го добие името Еурофарм Пелистер, а првичниот Пелистер да го смени името во Еурофарм Пелистер 2. Еурофарм Работник се изјаснил дека правниот статус на РК Пелистер нема да биде згаснат и дека во иднина може да се одвои под ново сопствеништво.[2][3] На 29 ноември 2019 година, Еурофарм и Општина Битола официјално се договориле и се потпишале за остварување на платформата. РК Работник добил нови клупски бои: зелената и белата и ново лого.[4][5] На 18 декември 2019 година, Еурофарм Работник официјално го сменил своето името во Еурофарм Пелистер.[6][7]

Историја на клупското име уреди

  • 2011–2016: РК ХЈС Работник
  • 2016–2019: РК Еурофарм Работник
  • 2019–: РК Еурофарм Пелистер

Состав уреди

Состав за сезоната 2022–23

Голмани
Леви крила
Десни крила
Пивоти

Леви бекови
Средни бекови
Десни бекови

Стручен штаб уреди

Успеси уреди

Победник   : 2021, 2022

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „За клубот“. rkeurofarmrabotnik.com преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 1 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „ЕДЕН ГРАД, ЕДЕН КЛУБ: Битола го добива Еурофарм Пелистер!“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 29 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 1 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Општина Битола постигна договор за спојување на ракометните клубови Пелистер и Еурофарм Работник“. sdk.mk преку web.archive.org. 10 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 1 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. „ОФИЦИЈАЛНО: Битола го доби Еурофарм Пелистер!“. gol.mk преку web.archive.org. 29 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 1 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „ОФИЦИЈАЛНО: Битола го доби Еурофарм Пелистер“. ekipa.mk преку web.archive.org. 29 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 1 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  6. „Централен регистар потврди: Еурофарм Работник стана Еурофарм Пелистер“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 18 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-18. Посетено на 18 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  7. „ОФИЦИЈАЛНО: Работник замина во историја, стартува ерата на Пелистер!“. gol.mk преку web.archive.org. 18 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-18. Посетено на 18 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски уреди