Александар Кирацовски

Александар Кирацовски (23 февруари 1983 во Битола) — македонски политичар, пратеник од редовите на СДСМ и генерален секретар на партијата.[1] Дипломирал на техничкиот факултет при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на машинскиот отсек во 2007. Кирацовски бил потпретседател на Социјалдемократска младина на Македонија во периодот 2010–2012, а пред тоа и претседател на битолскиот огранок на СДММ во периодот 2008–2010.[2] Повремено пишувал колумни во дневниот весник „Дневник“.

Александар Кирацовски
Пратеник во македонското Собрание
На должноста
30 декември 2016 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 23 февруари 1983(1983-02-23)(41 г.)
Битола, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија СДСМ
Установа „Св. Климент Охридски“
Професија машински инженер
Вероисповед православен христијанин

Кирацовски бил дополнителен заменик-министер во министерството за информатичко општество и администрација во техничката влада на Емил Димитриев во периодот 2015–2016, а потоа бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 како втор носител на список на СДСМ во петтата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.[3] На партискиот конгрес во јуни 2017 тој бил именуван за генерален секретар на СДСМ, откако во претходниот мандат 2013–2017 бил потпретседател на партијата.[4]

Наводи

уреди
  1. „Биографија на Александар Кирацовски“. Собрание на Република Македонија. 2016-12-30. Посетено на 2017-07-09.
  2. „Генерален секретар на СДСМ“. Социјалдемократски сојуз на Македонија. 2017-06-18. Архивирано од изворникот на 2017-02-28. Посетено на 2017-07-09.
  3. „ДИК ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори“. Вест. 2016-12-13. Архивирано од изворникот на 2017-01-29. Посетено на 2017-02-10.
  4. „Кирацовски - нов генерален секретар на СДСМ“. Телма. 2017-06-18. Посетено на 2017-07-09.

Надворешни врски

уреди