Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“
Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ — меѓународен филмски фестивал што се одржува секоја година во Битола, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).
Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ | |
---|---|
Датум | 18-27 септември 2015 |
Локација | Битола, Македонија |
Години на постоење | 36 (до 2015) |
Првпат | 1979 |
Поддржувач | Претседател на Македонија, Министерство за култура, Општина Битола |
Мрежно место | |
manaki.mk |
Историја
уредиОсновано на 21 мај 1950 година, со седиште во Скопје, ДФРМ ги претставува интересите на филмските професионалци и автори во нашата земја. Покрај тоа што се грижи за правата на своите членови, ДФРМ се залага за професионален развој и раст на филмската креативност во Република Македонија. Друштвото, со своите активности, има за цел да ја зајакне македонската кинематографија и да обезбеди нејзин континуитет. Од година на година, ДФРМ дава значаен придонес за македонскиот филм, а исто така ја афирмира и светската филмска уметност во нашата земја. Една од главните активности на друштвото е Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Покровителство
уредиСекоја година, ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува под покровителство на претседателот на Македонија и е поддржан од Министерството за култура. Фестивалот, со својата впечатлива програма што од година на година станува сè побогата, е привлечен како за филмските професионалци, така и за вљубениците во филмот од целиот свет.
Програма
уредиСтожер на фестивалската програма е „Камера 300“ — конкуренцијата на долгометажни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува меѓународно жири составено од пет члена. Фестивалот доделува и награда за животно дело „Златна камера 300“ и специјална „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност. Од 36.издание на фестивалот беа воведени две нови натпреварувачки програми - Нов европски филм, во која се прикажуваат први или втори играни филмови на европски режисери, како и СЕЕ Камера, во која акцентот се става на регионалната кинематографија. Натпреварувачки карактер има и програмата на краток филм, каде се наградува најдобриот кинематографер. Студентската програма е посветена на младите таленти — студенти на филмски академии и школи во целиот свет. Во рамките на Фестивалот, како придружни настани се организираат работилници, семинари, дебатни сесии, изложби, конференции и слично.
36. издание
уредиПод мотото „Филмот е убав“ а славејќи го јубилејот 110 години од творештвото на браќата Манаки, на 18 септември 2015 година, во Битола започна 36. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, на кое беа воведени две нови натпреварувачки програми: „Нов европски филм“ (со 10 филма, избрани од Дејан Трајкоски) и „СЕЕ камера“ (со осум филма, избрани од Саша Станишиќ), наменети за младите европски автори и за великаните на филмот од Југоисточна Европа. Во рамките на сите програми беа прикажани 215 филма, од кои над 20 македонски. Инаку, во официјалната програма се натпреваруваа 13 филма, а Ришард Ленчевски беше претседател на петчлената жири-комисија. Покрај натпреварувачкиот дел, на фестивалот биле застапени и Документарната програма, чиј селектор била Гена Теодосиевска, и Вип - детската програма, која годинава се одржа под мотото „Големо платно - голема разлика“.[1]
Фестивалот беше свечено отворен со светската премиера на филмот „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски. Церемонијата на отворањето ја водеше глумецот од Народниот театар во Битола, Огнен Дранговски, а отворањето и затворањето на фестивалот ги режираше Благој Мицевски. Лауреати на 36. издание на фестивалот беа добитниците на Наградата за животно дело „Златна камера 300“: Божидар Бота Николиќ (прв добитник на наградата „СЕЕ камера“), Ришард Ленчевски и Јаромир Шофр; како и глумците Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков - добитници на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност.[1]
Добитници на Златна Камера 300
уредиФестивалот, исто така, ја доделува Наградата за животно дело „Златна Камера 300“, што е резервирана за водечки имиња во светот кинематографери. Досегашни лауреати во Клубот на Великаните се: Милтон Манаки, Љубе Петковски и Бранко Михајловски, Виторио Стораро, Вадим Јусов, Раул Кутар, Тонино Дели Коли, Мирослав Ондричек, Анри Алекан, Фреди Френсис, Јиржи Војчик, Свен Никвист, Лучано Тиволи, Бруно Делбонел, Вилмош Жигмонд, Хосе Луис Алкаин, Крис Менџис, Божидар-Бота Николиќ и Ришард Ленчевски.[1]
Гости
уредиФестивалот бил посетен од многу познати личности од културниот, општествениот и политичкиот живот вклучувајќи ги и светските филмски ѕвезди: Мајкл Јорк, Чарлс Денс, Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер како и многу претставници на политичкиот и општестевниот живот во Македониаја како: претседателите на Македонија (Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов) и многу други јавни личности како: Раде Шербеџија, Милчо Манчевски, Мики Манојловиќ, Мирјана Карановиќ, Столе Попов и многу други.
Добитници на Златна камера 300 за животно дело
уреди- 1996 - Милтон Манаки
- 1997 - Љубе Петковски и Бранко Михајловски
- 1998 - Свен Никвист
- 1999 - Јержи Војчик
- 2000 - Фреди Френсис
- 2001 - Мирослав Ондричек и Анри Алекан
- 2002 - Тонино Дели Коли
- 2003 - Раул Кутар
- 2004 - Вадим Јусов
- 2005 - Виторио Стораро
- 2006 - Михаел Балхаус
- 2007 - Анатолиј Петрицкиј
- 2008 - Валтер Карваљо
- 2009 - Били Вилијамс и Питер Сушицки
- 2010 - Вилмош Жигмонд
- 2011 - Данте Спиноти
- 2012 - Лучано Товоли
- 2013 - Хосе Луис Алкаине
- 2014 - Крис Менџис
- 2015 - Божидар-Бота Николиќ, Јаромир Шофр, Ришард Ленчевски
- 2016 - Роби Милер, Џон Сил [2]
- 2017 - Џузепе Ротуно, Пјер Лом [3]
- 2018 - Роџер Дикинс [4]
- 2019 - Едвард Лакман [5]
- 2020 - Јануж Камински
- 2021 - Кристијан Бергер[6]
- 2022 - Ентони Дод Ментл
- 2023 - Петер Бижу
Добитници на Специјална златна камера 300 за особен придонес во светската уметност
уреди- 2002 – Роби Милер
- 2003 – Кристофер Дојл
- 2006 – Чарлс Денс
- 2007 – Бранко Лустиг
- 2008 – Менехем Голан, Вељко Булаиќ и Карен Шахназаров
- 2009 – Викторија Абрил и Ентони Дод Ментл
- 2010 – Дерил Хана и Роџер Прат
- 2011 – Бруно Делбонел и Мики Манојловиќ
- 2012 – Кристијан Бергер и Катрин Денев
- 2013 – Ањес Годар и Изабел Ипер
- 2014 – Лука Бигаци и Жилиет Бинош
- 2015 – Алексеј Серебрјаков и Бруно Ганц
- 2016 – Федон Папамихаел [2]
- 2017 – Милчо Манчевски [7]
- 2018 – Клаудија Кардинале [8]
- 2021 - Џоселин Пук и Андреј Кончаловски
- 2022 - Џон Матисон
- 2023 - Шејмус Мекгарви
Добитници на Златна камера 300
уредиНа XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.
- 1993 – Вилко Филач за Аризона дрим
- 1994 – Жерар Симон за Луј, детето крал
- 1995 – Стефан Киленгер за Меѓу две лета
- 1996 – Масао Накабори за Мабороси (Свет на илузии)
- 1997 – Сергеј Астахов за Брат
- 1998 – Валтер Карваљо за Железничка станица
- 1999 – Јацек Петрицки за Патување кон Сонцето
- 2000 – Андреас Хефер за Легендите на Рита
- 2001 – Ришард Ленчевски за Последното прибежиште
- 2002 – Валтер Карваљо за Лево од таткото
- 2003 – Кристофер Дојл за Херој и Бери Акројд за Слатки шеснаесетти
- 2004 – Рајнер Клаусман за Со глава в ѕид
- 2005 – Шу Јанг Конг за Паун
- 2006 – Стефан Фонтен за Моево срце престана да бие
- 2007 – Драган Марковиќ за Живи и мртви и Јаромир Шофр за Му служев на англискиот крал
- 2008 – Родриго Прието за Похота, претпазливост
- 2009 – Наташа Брајер за Млекото на тагата
- 2010 – Мартин Гшлахт за Жени без мажи
- 2011 – Фред Келеман за Торинскиот коњ
- 2012 – Јоланта Дилевска за Во мрак
- 2013 – Кико де ла Рика за Снежана
- 2014 – Валентин Васјанович за Племето
- 2015 – Матјаш Ердиј за Синот на Саул
- 2016 – Јани Петери- Паси за Најсреќниот ден во животот на Оли Маки [9]
- 2017 - Марсел Рев за Месечината на Јупитер [10]
- 2018 - Хонг Кјонг-Пјо за Горење[11]
Добитници на Сребрена камера 300
уредиНа XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.
- 1993 – Сергеј Мачилски за Кикс
- 1994 – Стјуарт Драјбург за Пијано
- 1995 – Ксијао Фенг за Вечерна врска
- 1996 – Валтер Карваљо за Туѓа земја
- 1997 – Џефри Симпсон за Сјај
- 1998 – Роџиер Стоферс за Карактер
- 1999 – Џон Кристијан Розенлунд за Шпааа
- 2000 – Јенс Фишер за Под сонцето
- 2001 – Софи Ментиње и Макс Џонатан Силберстајн за Љубов, пари, љубов
- 2002 – Лука Бигаци за Оган на ветерот
- 2003 – Сезар Чарлон за Божји град
- 2004 – Ѓула Падош за Контрола
- 2005 – Ѓула Падош за Детето
- 2006 – Јуриj Клименко за Космос како претчувство
- 2007 – Виржини Сен Мартин за Јас сум од Титов Велес
- 2008 – Јоланта Дилевска за Тулпан
- 2009 – Том Стерн за Цар
- 2010 – Беноа Деби за Влез во празно
- 2011 – Михаил Кричман за Тивки души
- 2012 – Алишер Хамидхоџаев за Да се живее
- 2013 – Виржини Сен Мартен за Танго либре
- 2014 – Ришард Ленчевски и Лукаш Зал за Ида
- 2015 – Адам Аркапоу за Магбет
- 2016 – Рубен Импенс за Белџика [9]
Добитници на Бронзена камера 300
уредиНа XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.
- 1993 – Владимир Самоиловски за Македонска сага
- 1994 – Харалд Палгард за Сновидение
- 1995 – Фабијан Едер за Се колнам
- 1996 – Роби Милер за Спроти брановите
- 1997 – Кацуми Јанагашими за Децата се враќаат
- 1998 – Милан Спасиќ за Буре барут
- 1999 – Јутака Јамазаки за По животот
- 2000 – Радослав Владиќ за Небесна јадица
- 2001 – Валтер Ванден Енде за Ничија земја
- 2002 – Габор Медвиѓ за Искушенија
- 2003 – Богумил Годфрејов за Далечни светла
- 2004 – Мартин Гшлахт за Хотел
- 2005 – Ришард Ленчевски за Моето љубовно лето
- 2006 – Колја Брандт за Деликвент
- 2007 – Кристофер Дојл за Парк Параноја
- 2008 – Јури Клименко за Заробеник
- 2009 – Стефан Фонтен за Пророк
- 2010 – Гиора Бејач за Либан
- 2011 – Лех Мајевски и Адам Сикора за Млинот и крстот
- 2012 – Лука Бигаци за Ова мора да е тоа место
- 2013 – Кристф Птак и Војќех Старон за Папуза
- 2014 – Ентони Тат Ретклиф за ‘71
- 2015 – Матео Гусман за Земја и сенка
- 2016 – Матијас Тролструп за Бенг-генг, модерна љубовна приказна
Добитници на Мала златна камера 300 за најдобар краток филм
уреди- 2009 – Педро Пиес за Taнцот на смртта и Никола Болдук за Следниот кат
- 2010 – Тјери Годфро за Почетокот на зимата
- 2011 – Хорхе Креспо за Корал
- 2012 – Васко Вијана за Рафа
- 2013 – Хосе Мартин Росет за Глас во заднина
- 2014 – Константин-Миндија Есаџе за Динола
- 2015 – Горан Наумовски за Долу од рајот
- 2016 – Лука Коасин за Паркот
Добитници на Големата ѕвезда на македонскиот филм
уреди- 2013 – Кирил Ценевски
- 2014 – Милчо Манчевски
- 2015 – Дарко Марковиќ
- 2016 – Сајмон Пери
Пред 1993 година фестивалот немал директор, функцијата е воведена во 1993 година.
- 1993-1995 Борис Ноневски
- 1995-1995 Горјан Тозија
- 1996-1998 Делчо Михајлов
- 1998-2001 Владимир Атанасов
- 2001-2009 Томи Салковски
- 2009-2014 Лабина Митевска
- 2015- 2016 Димитар Николов
- 2016- досега Благоја Куновски
- 2015 – Божидар Николиќ, Ришард Ленчевски, Митко Панов, Хајет Бенкара, Ерџан Кесал
- 2014 – Гиора Бејач, Ребека, Толи, Срѓан Драгоевиќ, Симон Таншек, Лазар Секуловски
- 2013 – Хосе Луис Алкаине, Амнон Залаит, Божидар Манов, Елма Татарагиќ, Дејан Дуковски
- 2012 – Фред Келемен, Миладин Чолаковиќ, Дамјан Козоле, Илија Пенушлиски, Виржини Сен Мартен
- 2011 – Данте Спиноти, Ева Заоралова, Гоце Смилевски, Најџел Валтерс, Мартин Швајгхофер
- 2010 – Вилмош Жигмонд, Павел Павликовски, Доминик Фири, Наташа Брајер, Дарко Митревски, Кристине Долхофер
- 2009 – Питер Сашицки, Слободан Шијан, Јури Клименко, Минас Бакалчев
- 2008 - Кристијан Бергер, Менахем Голан, Столе Попов, Су Гибсон, Иван Фенјо
- 2007 - Кароли Мак, Филип Бергсон, Сергеј Станојковски, Матијас Мац, Марек Добеш
- 2006 - Фабио Чанчети, Мартин Блејни, Срѓан Карановиќ, Мартин Гшлахт, Владимир Блажевски
- 2005 - Виторио Стораро, Мануел Алберто Кларо, Иво Кумер, Ренат Рожина, Лабина Митевска
- 2004 – Сезар Чарлон, Росана Серењи, Андреас Фишер-Хансен, Жан Роа, Умберто Роси
- 2003 – Вили Курант, Олинка Вистика, Антонио Коста, Милан Влајчиќ
- 2002 – Роби Милер, Ален Маркоен, Роналд Берган, Јан Вејнге, Антонио Митриќески
- 2001 – Андреас Хефер, Доминик Бакс, Ерик Гишар, Александр Баширов, Дејан Дуковски
- 2000 – Јаромир Шофр, Јацек Петрицки, Џон Кристијан Розенлунд, Иво Трајков
- 1999 - Стефан Кулангер, Бранко Гапо, Ханс-Гунтер Дикс, Пол Хаусон, Милош Черњенко
- 1998 – Мортен Брус, Сергеј Астахов, Мартин Лангер
- 1997 – Живко Залар, Симон Пери, Дебора Јанг
- 1996 – Марсел Мартен, Томас Пленерт, Фабијан Едер
- 1995 – Дик Поуп, Рон Холовеј, Столе Попов
- 1994 - Жан Монсињи, Карпо Година, Мирослав Чепинчиќ
- 1993 - Доминик Вилен, Владислав Василевски, Љубе Петковски
Светски, регионални национални филмски премиери на фестивалот
уреди- 2004 – Големата вода, национална премиера
- 2005 – Контакт, светска премиера
- 2006 – Тајната книга, светска премиера
- 2010 – Мајки, национална премиера
- 2012 – Трето полувреме, светска премиера
- 2012 – Балканот не е мртов, светска премиера
- 2013 – Соба со пијано, светска премиера
- 2014 – До балчак, светска премиера
- 2014 – Деца на сонцето, светска премиера
- 2015 – Лазар, светска премиера
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Фестивал во знакот на 110 години од првата камера на Балканот“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 19.
- ↑ 2,0 2,1 http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=9257df5f-df7f-4f3e-8d84-30f3e8791dbe[мртва врска]
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2019-06-30. Посетено на 2019-06-30.
- ↑ https://www.manaki.com.mk/mk/2018/09/22/%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0-300-%D0%B7%D0%B0-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BD-2/#[мртва врска]
- ↑ https://www.manaki.com.mk/mk/2019/06/05/%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b0-300-%d0%b7%d0%b0-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%be%d1%82-2/[мртва врска]
- ↑ „КРИСТИЈАН БЕРГЕР, ДОБИТНИК НА ЗЛАТНА „КАМЕРА 300" ЗА ЖИВОТЕН ОПУС НА „БРАЌА МАНАКИ"“. 24. 9.09.2021. Посетено на 10 септември 2021. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „ДОБИТНИК НА СПЕЦИЈАЛНАТА НАГРАДА ЗЛАТНА КАМЕРА 300 E МИЛЧО МАНЧЕВСКИ“. Манаки. 30 септември 2017. Посетено на 12 септември 2018.[мртва врска]
- ↑ „КЛАУДИЈА КАРДИНАЛЕ ЛАУРЕАТ НА СПЕЦИЈАЛНАTA ЗЛАТНА КАМЕРА 300 ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС ВО СВЕТСКАТА ФИЛМСКА УМЕТНОСТ“. Манаки. 24 август 2018. Посетено на 12 септември 2018.[мртва врска]
- ↑ 9,0 9,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-10-08. Посетено на 2016-09-18.
- ↑ https://www.fakulteti.mk/news/17-10-01/ungarecot_marsel_rev_e_dobitnik_na_zlatnata_kamera_300_na_filmskiot_festivalot_brakja_manaki
- ↑ https://www.manaki.com.mk/mk/2018/12/06/%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b0-300-%d0%bd%d0%b0-39-%d0%b8%d1%84%d1%84%d0%ba/[мртва врска]
Забелешки
уреди- Податоци од официјалното мрежно место на фестивалот.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на Фестивалот Архивирано на 29 септември 2015 г. (македонски) (англиски)