<< март >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31
2024

29 март — 88-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (89-и во престапна година). Остануваат 277 денови до крајот на годината.

Настани:

1867  Британската Влада во северниот дел на Америка го формира доминионот Канада со три покраини: Канада, Нова Шкотска и Њу Бранзвик. Со Вестминстерскиот статут од 1913 година Канада и формално стана независна држава на британскиот Комонвелт.
1945  Со истоварувањето на специјални диверзантски трупи на американската морнарица почна борбата за Окинава, крстосница на Исток, бидејќи е еднакво оддалечена од Јапонија, Кина и Формоза. Во крвавите борби американските десантни единици загубија околу 50.000 луѓе, а јапонските околу110.000 луѓе.
1967  Франција ја пушти во море првата атомска подморница.
1973  Последниот контигент американски трупи го напушти Виетнам и со тоа заврши директното воено учество на САД во долгогодишната Виетнамска војна.

Родени:

1790  Џон Тајлер — претседател на САД.
1885  Деже Костолањи — унгарски писател.
1870  Павлос Мелас — грчки офицер.
1899  Лаврентиј Берија — советски политичар.
1900  Јиржи Волкер — чешки писател.
1936  Станислав Говорухин — руски филмски режисер, сценарист и глумец.
1939  Теренс Хил — италијански глумец.
1940  Аструд Жилбертобразилска пејачка на босанова.
1943  Вангелис — грчки композитор на електронска музика.
1944  Разме Кумбароски — македонски поет, романсиер и преведувач.
1946  Роберт Шилер — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1949  Мајкл Брекер — американски џез-музичар.
1952  Теофило Стивенсон — кубански боксер.
1954  Ахмед Демир Доган — бугарски политичар.
1957  Борис Комнениќ — српски глумец.
1959  Пери Фарел — американски рок-музичар.
1960  Стивен Стрит — англиски музички продуцент.
1961  Мајкл Винтерботом — британски филмски режисер.
1965  Красимир Каракачанов — бугарски политичар.
1966  Красимир Балаков — бугарски фудбалер.
1973  Марк Овермарс — холандски фудбалер.
1980  Пабло Уртасун — шпански велосипедист.
1981  Јуси Веиканен — фински велосипедист.
1990  Фабио Фелине — италијански велосипедист.
1993  Торган Азар — белгиски фудбалер.
1998  Давор Здравковски — македонски фудбалер.

Починале:

1058  Стефан IX — римски папа.
1772  Емануел Сведенборг — шведски научник.
1888  Шарл Валентин Алкан — француски композитор.
2008  Рајко Митиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.