Кшиштоф Пјонтек

Кшиштоф Пјонтек (роден на 1 јуни 1995 во Џержоњов) - полски фудбалер, напаѓач на Херта Берлин и на полската репрезентација.

Кшиштоф Пјонтек
Лични податоци
Роден на 1 јули 1995 (1995-07-01) (25 г.)
Роден во Џержоњов, Полска
Држава  Полска
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Херта Херта Берлин
Број 7
Младинска кариера
Лехија Џержонов Лехија Џержонов
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2013 Лехија Џержонов Лехија Џержонов 6 (0)
2013-2016 Заглебје Лубин Заглебје Лубин 72 (15)
2016-2018 Краковија Краковија 63 (32)
2018-2019 Џенова Џенова 19 (13)
2019-2020 Милан Милан 36 (13)
2020- Херта Херта Берлин 12 (4)
Репрезентација
2015-2016 Полска Полска 3 (1)
2015-2017 Полска Полска 15 (2)
2018- Полска Полска 6 (4)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 13 јуни 2020.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 10 јуни 2019

Технички карактреристикиУреди

Централен напаѓач, кој исто така може да игра и како втор напаѓач или како десно крило.[1]

Клупска кариераУреди

Почетоци, Лехија Џержоњов, Заглебје Лубин и КраковијаУреди

Роден во Џержоњов, Пјонтек ја започнал својата кариера во екипата на Лехија Џержоњов во која напредувал низ младинските категории, а на 17-годишна возраст го направил своето деби во третата дивизија.[2] Во 2013 година бил купен од Заглебје Лубин. Во 2014 година, по една сезона во вториот тим, тој бил промовиран во првиот тим. Дебитирал во полската Екстракласа (највисоката лига во државата) на 18 мај 2014 година против Краковија.[3]

На 28 август 2016 година, тој бил купен за 500.000 злоти од Краковија, со која потпишал четиригодишен договор. Дебитирал за новиот клуб на 8 септември 2016 против Лехија Гдањск, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 71-вата минута. Вкупно, тој постигнал 32 гола во 63 натпревари во Екстракласа во текот на две сезони (вкупно 65), и бил трет најдобар стрелец во лигата во сезоната 2017-2018 со дваесет и еден постигнат гол.[4]

ЏеноваУреди

На 8 јуни 2018, Пјонтек потпишал четиригодишен договор со италијанската Џенова, а сумата на трансферот изнесувала околу 4 милиони евра.[5] На 11 август 2018 година, тој го направил своето деби во официјален натпревар во дресот на Џенова, постигнувајќи 4 гола за 37 минути во натпреварот од Купот на Италија во кој грифоните го победиле Лече со 4-0;[6] со што станал првиот играч на Џенова кој постигнал четири гола во ова натпреварување.

МиланУреди

На 23 јануари 2019 година, Милан објавил дека потпишал сп Пјонтек договор до 30 јуни 2023 година[7], со надомест од 35 милиони евра. Тој го избрал дресот со број 19[8] .

Пјонтек го имал своето деби за Милан на 26 јануари против ФК Наполи, заменувајќи го Патрик Кутроне[9]. Три дена подоцна против истите противници, исто така, на Сан Сиро, ги постигнал двата гола во победата од 2:0 во четвртфиналето на Купот на Италија[10]. Пјонтек бил прогласен како најдобар играч на тимот во натпреварот и најдобар фудбалер од навивачите[11]. На 3 февруари 2019 година, Пјонтек го постигнал својот прв лигашки гол против ФК Рома, кој завршил со резултат од 1-1[12] . Крајот на сезоната, Пјонтек ја завршил со вкупно 9 погодоци.

НаводиУреди

  1. „Fantacalcio 2018/19! Alla scoperta di…. Krzysztof Piatek“. newsfantacalcio.it. 24 јули 2018.
  2. Łukasz Olkowicz (22 јануари 2018). przegladsportowy.pl (уред.). „Prześwietlenie Krzysztofa Piątka. Lewy, zapach kawy i trzy obiady“ (полски).
  3. „Zagłębie Lubin 1 - 2 Cracovia“. 90minut. Посетено на 22 February 2016.
  4. „UFFICIALE: Genoa, preso Krzysztof Piątek dal KS Cracovia“. SpazioCalcio.it. 8 јуни 2018.
  5. „Krzysztof Piątek w Genoa CFC“. cracovia.pl (полски). Посетено на 8 јуни 2018.
  6. „Coppa Italia, Piatek ne fa quattro e il Genoa travolge il Lecce. Il Benevento fa fuori l'Udinese“. Repubblica.it. 11 август 2018. Посетено на 11 август 2018.
  7. Milan, A. C. „Official statement: Krzysztof Piątek“. AC Milan. Посетено на 24 January 2019.
  8. „Leonardo: "He wanted the number 9 jersey but we think it has to be earned so we decided to give him the number 19 jersey instead. #WelcomePiatek“. Twitter. 24 January 2019. Посетено на 24 January 2019.
  9. „Gattuso: 'No Piatek-Cutrone pairing'. Football Italia. 26 January 2019. Посетено на 29 January 2019.
  10. „AC Milan 2–0 Napoli“. BBC Sport. 29 January 2019. Посетено на 29 January 2019.
  11. „AC Milan on Twitter: A big round of applause for Krzysztof Piątek for his first @emirates MVP with the Rossoneri!“. Twitter. 30 January 2019. Посетено на 17 February 2019.
  12. Mackenzie, Alasdair; Sarkar, Pritha (3 February 2019). „Zaniolo strikes again as Roma draw with Milan“. The New York Times. Reuters. Посетено на 9 February 2019.

Надворешни врскиУреди