<< февруари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29
2024

11 февруари — 42-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 323 денови до крајот на годината (324 во престапна).

Настани:

660 п.н.е.  Според преданијата, царот Џиму ја основал Јапонија. Денес е Ден на државноста на Јапонија.
55  Синот и престолонаследник на царот Клавдиј, Тибериј Клавдиј Цезар Британик, умрел под мистериозни околности во Рим. Неговата смрт го отворила патот на Нерон кон престолот.
1531  Хенри VIII станал поглавар на Англиканската црква.
1919  Фридрих Еберт е избран за прв претседател на Германија.
1929  Со потпишувањето на Латеранскиот договор меѓу папата Пиј XI и Италија, основана е ватиканската држава. Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
1945  Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за „ослободена Европа“ и се договорија за основање „општа меѓународна организација за мир и безбедност“ во светот - Обединетите нации.
1990  Нелсон Мандела е ослободен од затворот Виктор Верстер околу Кејптаун, Јужна Африка, каде што поминал 27 години како политички затвореник.
1997  Спејс шатлот „Дискавери“ е лансиран во мисија за поправка на „Хабл“.

Родени:

1800  Вилијам Фокс Талбот — англиски пионер во фотографијата.
1847  Томас Алва Едисон — американски техничар и пронаоѓач.
1902  Арне Јакобсен — дански архитект.
1935  Џин Винсент — американски рокенрол музичар.
1936  Берт Рејнолдс — американски глумец.
1944  Лордан Зафрановиќ — хрватски режисер.
1953  Александар Генис — руско-американски писател.
1954  Злата Петковиќ — српска глумица.
1959  Милко Симовски — македонски фудбалер.
1962  Шерил Кроу — американска поп-рок музичарка.
1964  Семир Туце — босански и југословенски фудбалер.
1967  Чиро Ферара — италијански фудбалер.
1969  Џенифер Анистон — американска глумица.
1974  Себастјен Ино — француски велосипедист.
1981  Хуан Хосе Кобо — шпански велосипедист.
1981  Ариц Адуриз — шпански фудбалер.
1983  Рафаел ван дер Варт — холандски фудбалер.
1984  Марко Маркато — италијански велосипедист.
1991  Никола Миротиќ — црногорско-шпански кошаркар.
1994  Роман Зобнин — руски фудбалер.
1996  Лукас Тореира — уругвајски фудбалер.
1996  Јонатан Та — германски фудбалер.
1996  Данил Медведев — руски тенисер.
2001  Брајан Хил — шпански фудбалер.

Починале:

1650  Рене Декарт — француски филозоф, математичар и физичар.
1935  Германос Каравангелис — грчко духовно лице.
1948  Сергеј Ејзенштејн — советски режисер.
1953  Урош Предиќ — српски сликар.
1963  Силвија Плат — американска поетеса.
1974  Владимир Смирнов — руски и советски математичар.
1985  Хенри Хатавеј — американски филмски режисер.
1993  Десанка Максимовиќ — српска поетеса.
2000  Роже Вадим — француски филмски режисер.
2012  Витни Хјустон — американска поп-пејачка.