Спиро Ристовски
Спиро Ристовски (6 јули 1981 во Скопје) — македонски политичар и правник, министер за образование и наука во периодот 2013–2014 и министер за труд и социјална политика во периодот 2011–2013.
Спиро Ристовски | |
---|---|
![]() | |
Министер за образование и наука | |
На должноста 29 мај 2013 – 19 јуни 2014 | |
Премиер | Никола Груевски |
Претходник | Панче Кралев |
Наследник | Абдилаќим Адеми |
Министер за труд и социјална политика | |
На должноста 28 јули 2011 – 28 мај 2013 | |
Премиер | Никола Груевски |
Претходник | Џељаљ Бајрами |
Наследник | Диме Спасов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 6 јули 1981 Скопје, СР Македонија |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-ДПМНЕ |
Установа | Правен факултет |
Професија | правник |
Вероисповед | православен христијанин |
ЖивотописУреди
Спиро Ристовски е роден е на 6 јули 1981 година во Скопје. По професија е дипломиран правник, а високо образование стекнал на факултетот за правни студии „Јустинијан Први“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Ристовски работел како правник во приватниот сектор, а во 2007 и 2008 бил заменик-директор на агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Ристовски бил министер за образование и наука во периодот 2013–2014 и министер за труд и социјална политика во периодот 2011–2013.[1] На 10 јули 2014 година бил назначен за заменик министер за образование и наука[2], и оваа функција ја извршувал до 31 мај 2017 година.
На 20 февруари 2019 година бил уапсен под обвинение дека бил еден од организаторите за Упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година[3].
НаводиУреди
- ↑ „Панче Кралев заминува, на негово место Спиро Ристовски“. Сител. 28 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-08. Посетено на 30 мај 2013.
- ↑ „www.mon.gov.mk“. Архивирано од изворникот на 2017-06-01. Посетено на 2017-06-01.
- ↑ „Притвор за Јанакиески и Ристовски“. Телма. 20 февруари 2019. Посетено на 20 февруари 2019.
Надворешни врскиУреди
- Профил на Ристовски на мрежното место на Владата на РМ Архивирано на 11 јануари 2013 г.
- Профил на Ристовски на мрежното место на ВМРО ДПМНЕ Архивирано на 19 јануари 2013 г.
- Неговата Фејсбук страница
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Џељаљ Бајрами |
Министер за труд и социјална политика 28 јули 2011 - 28 мај 2013 |
Наследник Диме Спасов |
Претходник Панче Кралев |
Министер за образование и наука 29 мај 2013 - 19 јуни 2014 |
Наследник Абдилаќим Адеми |