Тамара Котевска
Тамара Котевска (родена на 9 август 1993 година во Прилеп) — македонска режисерка, најпозната по својот документарен филм „Медена земја“ од 2019 година.
Тамара Котевска | |
---|---|
Роден(а) | 9 август 1993 Прилеп, Македонија |
Националност | Македонка |
Алма матер | УКИМ |
Занимање | кинематограф |
Познат(а) по | Медена земја (2019) |
Животопис
уредиКотевска е родена во Прилеп. Добила стипендија за едногодишен престој во 3-та година од средното образование во САД, во Тенеси[1]. Дипломирала на Факултет за драмски уметности на Св. Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје, со акцент во документарниот филм[2].
Кариера
уредиЗаедно со Љубомир Стефанов, Котевска поминала три години снимајќи го документарниот филм за дивиот женски пчелар Хатиџе[3][4]. Филмот првично требало да биде краток документарен филм за регионот на реката Брегалница, кога наишле на пчелар[5][6]. Котевска и Стефанов претходно работеле заедно на друг документарен филм, Езеро од јаболка (2017)[7] . Медена земја освоил три награди на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2019 година[8] и добил две номинации на 92-то издание на Оскар: Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм. Тоа е втор македонски филм кој добил номинација за Оскар по „Пред дождот“ (1994)[9][10].
Наводи
уреди- ↑ „Tamara Kotevska | MIDPOINT - A Training and Networking Platform for Film and TV Development“. Midpoint-center.eu. Архивирано од изворникот на 2020-01-13. Посетено на 13 January 2020.
- ↑ „Interview: Tamara Kotevska and Ljubomir Stefanov on Making the Most Out of an Environmentally Sticky Situation in "Honeyland"“. The Moveable Fest. 26 July 2019. Посетено на 13 January 2020.
- ↑ „'Living and Working with Each Other for Those Three Years in Almost Unbearable Life Conditions': Directors Ljubo Stefanov and Tamara Kotevska | Honeyland“. Filmmaker Magazine. 28 January 2019. Посетено на 13 January 2020.
- ↑ Mullen, Pat (1 August 2019). „Buzz-Worthy: Tamara Kotevska and Ljubomir Stefanov Talk 'Honeyland' – Point of View Magazine“. Point of View Magazine (англиски). Посетено на 13 January 2020.
- ↑ Drury, Sharareh; Coates, Tyler (27 December 2019). „Oscars: How 'Honeyland' and 'For Sama' Portray Battles on Different Fronts“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 13 January 2020.
- ↑ Scarpa, Vittoria (10 May 2019). „Ljubomir Stefanov, Tamara Kotevska • Directors of Honeyland“. Cineuropa (англиски). Посетено на 13 January 2020.
- ↑ Eagan, Daniel (22 August 2019). „'It's a Choice: To Be a Filmmaker or a Human': Ljubomir Stefanov and Tamara Kotevska on Honeyland“. Filmmaker Magazine. Посетено на 13 January 2020.
- ↑ „2019 Sundance Film Festival Awards Announced“ (англиски). Sundance Institute. 3 February 2019. Посетено на 13 January 2020.
- ↑ „Oscar nominations 2020: 'Joker' leads with 11; Greta Gerwig snubbed for best director; complete list of nominees“. The Washington Post. 13 January 2020. Посетено на 13 January 2020.
- ↑ „„Медена земја" со две номинации за „Оскар"“. Република. 13 January 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 13 January 2020.
Надворешни врски
уреди- Тамара Котевска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)