Скопски аквадукт

римски аквадукт во Скопје, Македонија

Скопски аквадуктаквадукт и археолошко наоѓалиште кое се наоѓа кај Визбегово, во непосредна близина на градот Скопје.

Скопски аквадукт
Носископски аквадукт
МестоВизбегово, кај Скопје, Македонија
Особености
Материјалтула, камен
Вкуп. должина386 м
Висина16,5 м
Историја
Завршенвремето на Јустинијан I (527 – 565) или
Отоманското Царство (XVI век)
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found
Поглед од блиску на скопскиот аквадукт
Разгледница со аквадуктот од времето на Кралството Југославија

Историја

уреди

Датумот на неговата изградба до скоро не бил познат. Се сметало дека тој датира од времето на античкиот период на Римското Царство или средновековниот период на Империјата.[1], во времето на Јустинијан I, од 527554 г., па поради тоа овој аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Според овие мислења тој бил поврзан со градот Скупи. Се смета дека преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до "топџиската касарна", Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли-ан и Сија-беговата џамија. Водата преку аквадуктот се пренесувала со цевки кои оделе од запад кон исток.[2]

Во 1669 г. патописецот д-р Браун запишал дека „аквадуктот е прекрасен стар објект, кој на ова место му носи голема почит“.[2] Многу историчари го цитирале Прокопиј (познатиот хроничар на владеењето на Јустинијан). Според Прокопиј водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 г. Се верува и дека поради сличноста со техниката на градење на аквадуктот со Куршумли ан во Скопје, тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во текот на XV век, кога градот Скопје започнал интензивно да се зголемува заедно со новите исламски градби: амами и џамии, за чија градба и функционирање биле потребни големи количества чиста вода.

 
Сводовите (лаковите) на аквадуктот

За стариот скопски водовод - аквадукт во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година пишувал и македонскиот револуционер Ѓорче Петров. Имено, тој запишал дека водоводот започнувал од самото подножје на Скопска Црна Гора на 2 ½ часа растојание од Скопје и над самото село Глуво каде што во земјата имло ископана една немногу широка дупка[3]. Стените на дупката биле направени со ѕид, а од горе стоела железна решетка за да не влегуваат нечистотии во неа[3]. Таа скромна дупка била почетокот на прочуениот скопски водовод. На самиот брег на Бањанка и на неколку чекори од почетокот на водоводот има чешма со бујна, студена вода убава за пиење. Некојси паша (веројатно прочуениот Хамзи-паша) посакал да ја внесе и таа вода во водоводот, но околните селани, особено бањанци и чучерци, се дигинале против пашата и не допуштиле да се случи тоа, зашто таа чешма им служи за напојување на добитокот[3]. Понатаму, Ѓорче Петров го дава следниот опис на протегањето, изгледот и градбата на водоводот-аквадукт. Надолу под селото Бразда водоводот среќава еден рид, кој ја пресекува реката Бањанка[3]. По долината на реката водоводот ја пресекува височината и врви надолу дури да стигне наспроти Скопје. Долината на Крива Река (долното течение на Бањанка) е значително пониска од калето, зашто нејзиниот лев брег над градот се издигнува во вид на рид. За да може да се искачи врвот на тоа возвишение откај с.Оризари браздата минува по еден мост потпрен на диреци[3]. Тоа се споменуваните сводови (арки) на водоводот од патописците. Тој мост (аквадукт) има 62 столбови од кои секој е висок 6 метри, долг 5 метри, а широк 4 метри[3]. Историското значење не му било познато, но во тоа време водоводот - аквадукт бил без секакво значење поради што бил занемарен[3].

Аквадуктот за последен пат бил обновен по Скопскиот земјотрес во 1963 г., кога биле поправени три лака и два столба кои паднале од јачината на земјтресот.[4]

Опис

уреди

Во текот на својата историја, голем број на патници, истоичари и писари кои пишувале за аквадуктот сепак не се согласувале околу бројот на неговите лакови: според некои тврдења нивниот број бил 200, па 60, а бројот од 55 лакови е забележан и во „Енциклопедија на ликовните уметности“ објавена во Загреб во 1960 г. Според податоци од 1514 г., кога се смета дека бил изграден аквадуктот, тој содржел 55 лакови кои се потпираат на масивни столбови со квадратна основа, 42 отвори за олеснување на ѕидната маса а вкупната негова должина изнесувала 386 метри. Според описот на Ѓорче Петров од 1896 година, мостот на аквадуктот имал 62 столбови од кои секој висок 6 метри, долг 5 метри, а широк 4 метри[3]

Аквадуктот денес

уреди

Аквадуктот денес претставува една од позначајните знаменитости на градот Скопје. Во 2007 г., концерт кај аквадуктот одржале музичката група „Синтезис“.[5]

Панорама на скопскиот аквадукт

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. http://culturemap.mk/map/168/[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-06-14. Посетено на 2010-01-05.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.506-507
  4. http://volanskopje.blogspot.com/2007/05/blog-post_4488.html
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-08-10. Посетено на 2010-01-05.

Надворешни врски

уреди

42°01.411′N 021°25.124′E / 42.023517° СГШ; 21.418733° ИГД / 42.023517; 21.418733