26 септември
датум
26 септември — 269-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (270-и во престапна година). Остануваат 96 денови до крајот на годината.
Настани:
1371 | Се одиграла Битката на Марица во која загинале Волкашин и Углеша Мрњавчеви, а синот на Волкашин, Крале Марко станал крал на Прилепското Кралство и турски вазал. |
1580 | Англискиот мореполовец Френсис Дрејк го завршил своето патување околу светот. |
1604 | По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволиле да се печати делото „Дон Кихот“ на големиот шпански писател Мигел де Сервантес. |
1815 | Русија, Австрија и Прусија ја создале „Светиот сојз“ со цел да ги задушат револуционерните движења во Европа. |
1960 | Првата политичка дебата меѓу Ричард Никсон и Џон Фицџералд Кенеди која била пренесувана на ТВ. |
1962 | Прогласена Арапската Република Јемен. |
1993 | Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“. |
1993 | Во селото Довезенце, Кумановско, е осветена новоизградената црква „Св. Ѓорѓи“. |
Родени:
Починале:
1371 | Јован Углеша — крал. |
1868 | Август Фердинанд Мебиус — германски математичар, творец на Мебиусовата лента. |
1937 | Беси Смит — американска блуз-пејачка. |
1945 | Бела Барток — унгарски композитор, пијанист и етномузиколог |
1973 | Ана Мањани — италијанска глумица |
1988 | Бранко Зебец — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
1990 | Алберто Моравија — италијански писател и критичар. |
1993 | Нина Берберова — руска писателка. |
2003 | Роберт Палмер — англиски музичар. |
2008 | Пол Њуман — американски филмски глумец и режисер. |
2010 | Димитар Зози — македонски глумец. |
2024 | Џон Ештон — американски глумец. |